Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
Други спортовиУФЦ легенда му го отсекла увото на познат каскадер, причината била бизарна (ВИДЕО)Познатиот каскадер од емисијата „Џекас“ Стив-О доживеал откачена несреќа кога легендата на УФЦ, Џон Џонс, случајно му отсече дел од увото при обид да му направи „уво на борач“.Стив-О е огромен обожавател на ММА и често може да се види во првиот ред на настаните на УФЦ. Како професионален каскадер, тој е толку фасциниран од спортот што сакал да има карактеристичното „карфиолово уво“ што го добиваат многу борци во текот на нивните кариери, но без да поминат интензивни тренинзи. Кога се поврзал со Џон Џонс во 2020 година, тој верувал дека шампионот е идеалната личност што ќе му помогне да го добие тој „борбен“ изглед. Сепак, работите набрзо тргнале наопаку. Во јуни 2022 година, Стив-О изјавил за подкастот на Даниел Кормиер како тој и Џонс се обидуваат да ја постигнат оваа необична цел. „Бевме во куќата на Џон, а тој ми го стави увото меѓу теговите со лакт“, се сеќава Стив-О. Иако мислеле дека „увото од карфиол“ е постигнато, неколку дена подоцна се покажало дека тоа нема ефект. После тоа, Стив-О се обидел со друг метод. Џонс му го ставил увото на металната шипка од машината за вежбање и почнал да трга со чекан, користејќи го шампионскиот појас како основа. За жал, наместо посакуваниот резултат, овој експеримент довел до сериозна повреда. „Ударот со чеканот предизвика цело парче од увото да ми се откине, крв да блика насекаде“, раскажува Стив-О. Завладеала паника, а за да ја санира ситуацијата, Џонс морал да земе ножици и да му отсече дел од увото. Колку и да звучи неверојатно, Стив-О гордо споделил фотографии и видеа од инцидентот на своите социјални мрежи, додека по инцидентот престанал да се слуша со Џонс. Многумина веруваат дека ова може да се должи на фактот дека борецот на УФЦ бил згрозен од целиот настан или затоа што се подготвувал за своето деби во тешка категорија. Џон Џонс, еден од најголемите борци на сите времиња, поминал три години надвор од ММА за да се подготви за преселба во тешка категорија. Неговото враќање беше триумфално, бидејќи брзо го победи Сирло Ган на UFC 285 во март 2023 година и стана шампион во две тежини. Неговата прва одбрана на титулата беше закажана за UFC 295 против Стипе Миочиќ, но повредата го одложи мечот. Сега борбата е презакажана за UFC 309, која ќе се одржи на 16 ноември во Медисон Сквер Гарден. Победникот најверојатно ќе се бори за обединување на титулата против Том Аспинал, актуелниот привремен шампион во тешка категорија. Иако има шпекулации дека ова би можело да биде последна борба или за Џонс или за Миочиќ, претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, верува дека Џонс ќе остане во игра за да се бори против Англичанецот Аспинал. Без разлика на исходот, Џон Џонс засекогаш ќе остане запаметен како еден од најголемите ММА борци во историјата на спортот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Македонија19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавуваПрвото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. „Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал. „Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка. Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето? „Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена. Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook