УЕФА воведува нови правила за трансферите по стотиците милиони потрошени од Челзи

Со купувањето на Михајло Мудрик од Шахтјор за 70 милиони евра плус 30 милиони евра бонус, Челзи сезонава потроши неверојатни 460 милиони евра на нови играчи.

Тоа може да порасне на 580 доколку до крајот на јануарскиот рок го купи Енцо Фернандез од Бенфика, за што повторно се зборуваше.

Челзи му даде на Мудрик договор на осум и пол години, што му овозможи да ги оддолжи ратите за исплата на неговиот трансфер за целото времетраење на договорот. Така, во финансиските извештаи Челзи ќе го прикаже трансферот на Мудрик како трошок од десет милиони евра годишно, што ќе му помогне да го задоволи финансискиот фер-плеј.

Но, УЕФА реши да ја промени таа практика, па англиските медиуми пишуваат дека чадорот на европската фудбалска организација ќе воведе лимит од максимум пет години, колку долго може да траат исплатите на обештетувањето за трансферите. Клубовите ќе можат да продолжат да им даваат долгорочни договори на играчите, но трансферот ќе треба да се плати во рок од пет години.

УЕФА ова правило ќе го воведе на лето и тоа нема да биде ретроактивно, што значи дека нема да важи за претходно договорените трансфери, па на Челзи сепак ќе му биде дозволено да му плаќа на Мудрик за сите осум и пол години.

Челзи ја воведе истата практика и за другите трансфери оваа сезона. Беноа Бадијашиле и Дејвид Датро Фофана потпишаа договори на шест и пол години, Нони Мадуке на седум и пол, Весли Фофана на седум, Марк Кукурела на шест и Рахим Стерлинг на пет години. Во тој период ќе се исплаќаат и нивните трансфери.

На овој начин Челзи сакаше да направи баланс во финансиските извештаи за да го задоволи финансискиот фер-плеј според кој клубовите не смеат да потрошат повеќе од пет милиони евра од заработеното во период од три години. Таа граница може да се зголеми и до 30 милиони, но само доколку сопственикот на клубот го покрие целосно.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер