УЕФА во четврток ќе решава за жалбата на Легија - Канал 5

УЕФА во четврток ќе решава за жалбата на Легија

Европската фудбалска асоцијација - УЕФА в четврток ќе донесе одлука околу поднесената жалба од страна на Легија за исфрлувањето од баражот за Лигата на шампионите.

УЕФА во четврток ќе решава за жалбата на Легија
Легија беше вкупен победник на двомечот со Селтик, но УЕФА ја казни поради настапот на Бартош Березински кој беше суспендиран, но влезе во игра во последните неколку минути.

Раководството на полскиот тим дури упати и барање до Селтик да не го зазема местото на екипата која според нив заслужи да оди понатаму.

Березински кој минатата сезона против АПОЕЛ во Лимасол доби црвен картон и беше суспендиран три натпревари. Тој ги пропушти средбите на Легија со Сент Патрик во претходното коло и првиот меч против Селтик за во реваншот во Глазгов да влезе во игра во последните неколку минути. Меѓутоа, УЕФА утврди дека Березански воопшто не бил регистриран за претходната рунда, така што не можел да ја издржува казната.

- На заеднички состанок со претставници на УЕФА ги изнесовме ставовите. Одлуката за жалбата ќе биде објавена за два дена. До тогаш од клубот нема да даваме никакви информации. Значи, ќе ја чекаме официјалната одлука на УЕФА па потоа ќе се произнесеме, соопштија од Легија. Доколку УЕФА не ја усвои жалбата на Легија, тогаш полскиот клуб ќе треба да игра бараж за Лига Европа, а Селтик ќе се бори за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер