УЕФА: Лигата на шампионите со нов систем и нова химна - Канал 5

УЕФА: Лигата на шампионите со нов систем и нова химна

Големи промени во најелитното, најбогатото и најценетото фудбалско нарпреварување во Европа, Лигата на шампионите.   Шампионската лига покрај нов формат добива и нова химна/

УЕФА: Лигата на шампионите со нов систем и нова химна

Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да ја промени официјалната химна на најеминентното фудбалско натпреварување на Стариот континент Лигата на шампионите покрај форматот на самото натпреварување.

Лигата на шампионите доживеа огромни промени.

По 33 години веќе нема да гледаме натпревари по групи, туку 36-те најдобри европски клубови ќе се натпреваруваат во лигашки систем.

Но, тоа не е се. Неочекувано УЕФА одлучи да ги изненади и шокира навивачите со промена и на официјалната химна на најпрестижното европско натпреварување.

Навистина, промените не се големи, но сепак предизвикаа огромна бура. Текстот на химната, отпеан на англиски, француски и германски - официјалните јазици на УЕФА, остана непроменет.

Акордите и легендарната мелодија се сменети и додадени се некои ефекти. Љубителите на фудбалот новата химна имаа можност да ја слушнат на првите натпревари од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите.

YouTube video

Социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари за УЕФА.

„Ја сменија химната на Лигата на шампионите. Фудбалот официјално е мртов. Почивај во мир“, напиша еден навивач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша БаронКоен ќе игра во театарска претстава на Квентин Тарантино

Англискиот актер Саша Барон Коен, најпознат по улогата на Борат, ќе глуми во нова претстава за Вест Енд, напишана и режирана од холивудскиот режисер Квентин Тарантино, за која билетите се пуштени во продажба денес.

Саша БаронКоен ќе игра во театарска претстава на Квентин Тарантино

„Попинџеј Кавалер“, сместен во Европа во 1830-тите, беше најавен претходно оваа година и е првата театарска претстава напишана од Тарантино, објавува „Гардијан“.

„Кога ќе ве повика најдобриот режисер во светот, не поставувате прашања“, рече Барон Коен, додавајќи дека е воодушевен што соработува со Тарантино.

Најпознат по своите филмски класици „Pulp Fiction“ и „Reservoir Dogs“, Тарантино рече дека со нетрпение очекува „да му пружи на Вест Енд одлична вечер“.

Премиерата на претставата е закажана во март следната година, но билетите се пуштени во продажба денес, а претставата претходно беше најавена како „комедија на измама и маскирање инспирирана од големите авантуристички епови на сцената и екранот“. Барон Коен, 54, е познат по своите комични ликови што ги создава сам, вклучувајќи го озлогласениот лажен гангстер Али Г, казахстанскиот новинар Борат Сагдиев и австрискиот моден дизајнер Бруно Гехард. Тој е добитник на две награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) и три Златни глобуси, а исто така е номиниран за три Оскари и шест Еми награди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж во Италија бил 27 часа затрупан под карпи- во акцијата учествувале 60 спасувачи (ВИДЕО)

Драма во познатите пештери Урзулеи на италијанскиот остров Сардинија. 

Маж во Италија бил 27 часа затрупан под карпи- во акцијата учествувале 60 спасувачи (ВИДЕО)

Пештерски истражувач беше закопан во недела попладне по уривање на карпи и земја. Членовите на Националниот корпус за планинско и спелеолошко спасување (CNSAS) се сомневаа дека човекот е под огромни, повеќетонски парчиња карпа и чакал, објавува Bild.de.

По часови неизвесност, пристигнаа охрабрувачки вести - 31-годишниот Италијанец е жив и е успешно спасен. Фотографиите и видеата го покажуваат моментот кога повредениот човек е извлечен на површината во понеделник вечерта, по повеќе од 27 часа поминати заробен под земја.

Човек заробен на длабочина од 10 метри

Според информациите од спасувачките екипи, човекот ја истражувал пештерата кога се случило лизгање на земјиштето, а карпите и камењата го покриле преминот и го заробиле на длабочина од околу 10 метри.

Неговиот партнер ги известил спасувачките служби околу 14:30 часот. Потоа започнала драматична трка со времето за да го однесат човекот на безбедно.

Во операцијата учествуваа околу 60 спасувачи

На местото на несреќата беа распоредени специјализирани спелеолошки спасувачи, лекари и експерти за отстранување на урнатини од цела Италија. Вкупно околу 60 лица учествуваа во координираната операција, заедно со воздушни спасувачи и пожарникари.

Првично, не беше можно да се воспостави контакт со закопаниот човек, а преминот до пештерата Горопеду беше блокиран.

Спасувачите прво мораа да отстранат камења и урнатини за да стигнат до него. Работата траеше цела ноќ и продолжи до понеделник вечерта. Во многу ограничен простор, екипите рачно го расчистија преминот широк само 1,5 метри и со иста висина. Во исто време, мораа да го обезбедат отворот со дрвени штици за да спречат понатамошно уривање.

По повеќе од 27 часа напорна работа, тие успеаја да го ослободат човекот.

Според порталот „SardegnaLive“ и неколку италијански новински агенции, пештерскиот истражувач бил свесен во моментот на спасувањето, но не можел да се движи. Откако бил извлечен на површината, лекарите ја стабилизирале неговата состојба, а потоа бил префрлен во болница со хеликоптер на брза помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дресот на Џордан од финалето на НБА лигата во 1998 е продаден за 14 милиони долари

Дресот што го носел и потпишал поранешниот американски кошаркар Мајкл Џордан за време на финалето на НБА во 1998 година е продаден во приватна трансакција за 14 милиони долари.

Дресот на Џордан од финалето на НБА лигата во 1998 е продаден за 14 милиони долари

Дресот што го носел и потпишал поранешниот американски кошаркар Мајкл Џордан за време на финалето на НБА во 1998 година е продаден во приватна трансакција за 14 милиони долари, соопшти аукциската куќа „Хант“, што ја прави највисоката цена платена досега за кошаркарски сувенир.

Купувачот на црвениот дрес, кој Џордан го носеше во вториот натпревар од финалето против Јута Џез на 5 јуни 1998 година, е инвеститорот во недвижности од Мајами, Рон Фирман, објавува АП.

Последниот шампионски трофеј на Џордан

Чикаго Булс ја победија Јута во тој натпревар и го израмнија резултатот на 1-1, а потоа ја освоија титулата во шест натпревари. Тоа беше шестиот и последен шампионски трофеј на Џордан во неговата кариера.

Сезоната 1997/1998 беше тема на документарната серија „Последниот танц“, објавена во 2020 година, која ја следеше последната шампионска сезона на Џордан со Чикаго.

Претседателот на аукциската куќа, Дејвид Хант, изјави дека важноста на Џордан на пазарот на спортски колекционерски предмети достигна ниво карактеристично за познати уметнички дела.

Продажната цена од 14 милиони долари е втората највисока сума платена за дрес што го носел спортист. Рекордот го држи дресот на бејзбол играчот Бејб Рут, продаден во 2024 година за 24,12 милиони долари.

Рут го носеше овој дрес кога го постигна познатиот хоум ран во Светската серија во 1932 година против Чикаго Кабс.

Сменуваше сопственик само еднаш

Дресовите што ги носеше Џордан во финалната серија во 1998 година веќе достигнаа мултимилионски износи. Дресот од првиот натпревар беше продаден во 2022 година за околу 10,1 милион долари, додека дресот од третиот натпревар минатиот месец достигна цена од околу 12,3 милиони долари.

Фирман рече дека Џордан е исклучително талентиран кошаркар кој е почитуван низ целиот свет и дека е многу возбуден поради купувањето.

Аукциската куќа во соопштението наведува дека дресот првично бил купен од Чикаго Булс во 2003 година и дека оттогаш сменил сопственик само еднаш.

Други предмети поврзани со последната сезона на Џордан во Чикаго се исто така од голем интерес за колекционерите.

Патиките што ги носеше во вториот натпревар од финалето против Јута беа продадени на аукција на „Сотби“ во 2023 година за 2,2 милиони долари, што во тоа време постави рекорд за најскап пар продадени патики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер