УЕФА ќе им ги врати парите за влезници на навивачите на Ливерпул по хаосот во Париз - Канал 5

УЕФА ќе им ги врати парите за влезници на навивачите на Ливерпул по хаосот во Париз

УЕФА ќе им ги врати парите на навивачите на Ливерпул кои присуствуваа на минатогодишното финале во Лигата на шампионите во Париз, соопшти европската фудбалска управа, откако во независен извештај се вели дека е одговорна за хаосот пред стадионот.

УЕФА ќе им ги врати парите за влезници на навивачите на Ливерпул по хаосот во Париз

Финалето на 28 мај започна со 36 минути задоцнување откако илјадници навивачи на Ливерпул не успеаја да влезат на Стад де Франс, каде Реал Мадрид на крајот победи со 1:0. Француската полиција е снимена како употребува солзавец врз навивачите, меѓу кои има жени и деца. Иако УЕФА првично ги обвини навивачите на Ливерпул за хаосот, управното тело подоцна се извини по објавувањето на независен извештај.

„Зедовме предвид широк спектар на ставови искажани и јавно и приватно и веруваме дека дојдовме до шема која е сеопфатна и фер. Ги препознаваме негативните искуства на тие навивачи на денот и со оваа шема ќе им ги вратиме парите на навивачите кои купија билети и беа најмногу погодени од тешкотиите при пристапот до стадионот“, изјави генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис.

УЕФА соопшти дека рефундацијата ќе биде достапна за сите навивачи со билети за портите A, B, C, X, Y и Z, каде што се „пријавени најсериозните инциденти“. Навивачите на Ливерпул имаа 19.618 билети за финалето. Билетите за финалето чинат помеѓу 62 фунти (70 евра) и 610 фунти (685 евра).

„Покрај тоа, сите навивачи кои, според податоците од контролата на пристапот, не влегле на стадионот пред 21 часот (првично предвиденото време за старт) или кои воопшто не можеле да влезат на стадионот, ќе имаат право на враќање на парите“, додаде УЕФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер