УЕФА ја одби жалбата на Бенфика - Канал 5

УЕФА ја одби жалбата на Бенфика

УЕФА ја одби денеска жалбата на Бенфика против суспензијата што му беше изречена на фудбалерот на португалскиот клуб Џанлука Престијани, кој беше обвинет за расизам за време на првиот натпревар од плејофот во Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

УЕФА ја одби жалбата на Бенфика

„Комитетот за жалби на УЕФА ја отфрли жалбата на Бенфика. Џанлука Престијани останува привремено суспендиран за следниот натпревар во организација на УЕФА“, се наведува во соопштението.

Натпреварот во Лисабон на кој Реал Мадрид победи со 1-0, беше прекинат десет минути откако бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор му се пожали на главниот судија дека аргентинскиот фудбалер Престијани го нарекол „мајмун“. Престијани ги негираше обвинувањата на својот Инстаграм профил.

Одлуката на УЕФА значи дека Престијани ќе го пропушти реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ што се игра вечерва со почеток во 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мозочниот удар не бира возраст

Ниту една годишна возраст не е поштедена од мозочен удар, а најмлади пациенти на Неврологија со ваква состојба се 14 годишни деца, вели проф. д-р Анита Арсовска. 

Мозочниот удар не бира возраст

Само на Клиниката за неврологија секоја година има по околу 5000 нови случаи, а ова е доволно за вклучување на алармот за превенција, вели д-р Арсовска. Навременото препознавање на симптомите и брзата медицинска интервенција кога ќе се забелжи симптом како што е парализа на едната страна на телото, се клучни за намалување на ризикот од смрт и тешки последици. Сепак, во околу 90 проценти мозочниот удар може да се спречи, а треба да се започне со утврдување на факторите на ризик што ги имаме, како што се маснотии во крвта, висок крвен притисок, шеќер, вели д-р Арсовска.

Мозочен удар не може да се превенира преку ноќ, но клучни се медицинските проверки на нашиот организам, но и ако се прават напори во секојдневниот живот да ги промениме навиките, или модифирачките ризик-фактори.

Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје во Македонија годишно околу 3.000 луѓе доживуваат мозочен удар. Кај 30 до 40 проценти од пациентите остануваат трајни последици, меѓу кои парализа, нарушен говор, проблеми со памтењето и физичка инвалидност. По повод светскиот ден на мозочниот удар, на Плоштадот Македонија од 10 часот ќе се спроведуваат бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дејан Јованов и неговиот син предложени за сведоци во предметот на полициските службеници

Дали сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, се стекнал со противправна имотна корист и дали контактирал со дел од полицајците обвинети во друг предмет? 

Дејан Јованов и неговиот син предложени за сведоци во предметот на полициските службеници

Ова ќе треба да се разјасни на некое од следните рочишта откако одбраната на Боби Гидиоски, обвинет во предметот со деветтемина полициски службеници побара од судот да дозволи Дејан Јованов да сведочи.

-Го предлагаме на околности затоа што застапникот на обвинението тврди дека обвинетите му дозволиле на Деко да стекне имотна корист која се изразува во плата која ја земал како вработен за шест месеци, па на таа околоност бараме да биде сослушан, дали тоа му е овозможено од обвинетите. – Бранко Колев – Адвокат

Дел од барањата и на останатите адвокати се однесуваат на прибавување службена документација од МВР и СВР Штип, вклучително и записници, извештаи, телеграми и службени белешки од 2022 и 2023 година. Како и документите кои се однесуваат на таканаречена проблемска информација за состојбите во дискотеката „Пулс“.

-Дел од документите се однесуваат на работењето на МВР, односно СВР Штип, додека останатиот дел се однесува на проблемска информација која што е прикриена од обвинетиот Боби Гидиовски како началник на СВР Штип, а која проблемска информација е доставена за проблемите во дискотеката „Пулс“ кои ОВР Кочани ги имале во Кочани, меѓутоа таа проблемска информација е прикриена од обвинетиот на кој јас сум бранител. – Бранко Колев – Адвокат

Покрај Дејан Јованов – Деко, адвокатот на деветтообвинетиот Александар Максимов предложи да сведочи и неговиот син Михаил Јованов, кој исто така е еден од обвинетите во големиот предмет за пожарот во „Пулс“. По предлозите на одбраната обвинителката Спасенка Андпонова ќе се произнесе на следното рочиште кое е закажано за утре. Според обвинението полициските службеници не ги извршиле целосно потребните проверки, но сепак дале согласности врз основа на кои дискотеката добивала лиценци за работа во 2022 и 2023 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Не славиме туѓи избори, се руши балканскиот криминален октопод

Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ го пресликал моделот на владеење од Вучиќ преку бизнис, политички и медиумски врски.

Филипче: Не славиме туѓи избори, се руши балканскиот криминален октопод

Промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес – конференција, на која им честиташе на српските граѓани за изборниот резултат. Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ го пресликал моделот на владеење од Вучиќ преку бизнис, политички и медиумски врски. Планот на СДСМ сега е постепено да ги демонтира лошите политики на власта, кажа Филипче, но предвремени избори нема да бара.

- Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја, рече Филипче.

Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија прво паднале Филипче и Заев, па потоа Вучиќ.

- Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава. Венко Филипче и Вучиќ се едно те исто, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според политичкиот аналитичар Марко Трошановски големата победа на Студентската листа во Србија и падот на Вучиќ главно се должат на неправдата во општеството, корупцијата и барањето на вистински системски промени. Србија според него сега е пред огромен предизвик, да го ресетира она што го има како наследство од Вучиќ, во однос на високата корупција, узурпирање на институциите, заробени медиуми, судство, а успехот на студентите очекува да ги поттикне младите во регионот.

-Мислам дека ќе има огромно влијание врз развојот на случувањата во Албанија и таму незадоволството е напластено на ист начин како во Србија и сега ескалира со сето тоа што можеме да го сведочиме, но мислам дека и во целиот регион успехот на неискусна политичка општествена сила како што беа студентите и нивен успех да турнат еден многу силен воспоставен политички режим би рекол секако ќе ги мотивира и инспирира многу млади луѓе особено но и многу други сегменти на популацијата доколку нивните политички претставници продолжат да ја злоупотребуваат власта или да ги игнорираат нивните потреби да се бунтуваат на секакви можни форми против истите, така што ќе биде еден поттик за отворање на некаков бран на граѓански незадоволства или протести, онаму кадешто за тоа има плодна почва, изјави Трошановски за Канал 5.

Според Трошановски, главен предизвик за Студентската листа која што е хетерогена групација сега ќе биде дефинирањето на јасна стратегија за клучните државни позиции, како и изборот на нов премиер и состав на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер