УЕФА ја казни Србија , во ФСС не знаат зошто

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Србија со два натпревара пред празни трибини (вториот натпревар условно) поради организациски пропусти на натпреварот против Португалија (2:4).

Од УЕФА сè уште нема стигнато образложение за одлуката, но сигурно е дека само на деца до 14 години ќе им биде дозволен пристап на трибините на натпреварот на домашен терен против Луксембург.

Таков пример веќе е виден на натпревар на Партизан во Лигата на Европа.

Само теоретски шанси има за Србија да влезе директно во Европското првенство. Имаат уште два натпревари до крајот.

Дома им доаѓа Луксембург , а три дена подоцна ќе бидат домаќини на Украина.

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

Уште пет дена за претставување на предизборните програми и политички понуди

Денеска,е последен ден за објавување на резултати од анкети поврзани со учесниците во изборниот процес. 

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8 мај. Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.

На 30 април заврши пријавувањето за гласање на болните и немоќните лица, а до 4 мај на полноќ тоа треба да го сторат и избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор. Тие заедно со лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и пријавените од дијаспората гласаат ден пред изборниот ден, на 7 мај.

Денеска нов обид да се намалат цените на осигурителните полиси

Денеска  во министерството за финасии ќе има нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата. 

Според осигурителните компании цените за осигурување од автомобилска одговорност не се променети од 2008 година, или цели 15 години, период во кој се бележи општ пораст на цените на автомобилите и автомобилските делови. Комисијата за автомобилска одговорност при министерство за финансии, 15 години не дала препорака на владата за корекција на цените на авто осигурувањето. Од групација на осигурувањето при стопанската комора на македонија очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на осигурителниот сектор, да ги земат во предвид сите доставени детални и сеопфатни анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречно сервисирање на штетите. Од агенцијата за супервизија со податоци за Канал 5 брифираат о зошто цените на задолжителната автомобилска одговорност не треба да се зголемат. Според нив, за 2023 година за штети осигурителните компании исплатиле 39,3 милиони евра што претставува само 45%од парите наплатени од осигурениците. Додека наплатата била над 80 милиони евра. Агенцијата за супервизија на осигурување ја охрабрува владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

притисни ентер