УЕФА го одложи дуелот од квалификациите за Лига шампиони меѓу АЕК - Динамо Загреб - Канал 5

УЕФА го одложи дуелот од квалификациите за Лига шампиони меѓу АЕК - Динамо Загреб

Поради хаосот предизвикан од навивачите на Динамо Загреб одложен е квалификацискиот дмеч од Лигата на шампионите меѓу АЕК и - Динамо Загреб кој требаше да се игра во Атина.

УЕФА го одложи дуелот од квалификациите за Лига шампиони меѓу  АЕК - Динамо Загреб

Натпреварот меѓу АЕК и Динамо Загреб нема да се игра во предвидениот термин! Тоа е итна одлука на УЕФА.

Причината се грозоморните инциденти на хрватските навивачи во Атина во кои загина еден навивач на Аек.

- Се уште го чекаме официјалното соопштение од УЕФА по овој повод, пишуваат грчките медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските.

Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија.

Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот.

Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија.

Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување.

Почитувани граѓани,

Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија.

Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид

Легендарниот германски фудбалер, 36 годишниот Тони Крос се подготвува за ново поглавје во својата кариера.

Тони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид

По завршувањето на фудбалската кариера, поранешниот ас на Реал Мадрид сака да се испроба во тренерската улога, а враќањето на „Сантијаго Бернабеу“ е една од можните опции.

Според шпанскиот весник „АС“, Крос ја известил Шпанската фудбалска федерација за својата намера да се вклучи во специјализирана тренерска програма за поранешни професионални фудбалери во сезоната 2027/2028.

Иако неговото играчко искуство му овозможува одредени тренерски ангажмани во Шпанија, Германецот сака да се стекне со УЕФА А-лиценца и постепено да се подготвува за работа во професионалниот фудбал.

Во моментов тој е ангажиран во развојот на млади фудбалери во својата фудбалска академија во близина на Мадрид, но неговите амбиции полека се насочуваат кон сениорскиот фудбал.

Реал Мадрид веќе ја разгледуваше можноста Крос да ја продолжи соработката со клубот преку некоја од улогите во тренинг-центарот „Валдебебас“.

Сепак, тогаш не беше пронајдено соодветно решение, бидејќи ниту клубот, ниту поранешниот играч од средниот ред не сакаа да ја форсираат соработката само поради неговото име и статусот на легенда.

Односите меѓу Крос и раководството на Реал останаа одлични, па неговото враќање во мадридскиот клуб во иднина не би претставувало изненадување.

Германецот ја заврши својата играчка кариера во 2024 година, по Европското првенство, оставајќи зад себе импресивна колекција на трофеи. Тој освои вкупно шест титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и Баерн, а во 2014 година стана светски првак со германската репрезентација.

Заедно со Лука Модриќ и Касемиро, тој го сочинуваше еден од најдоминантните средни редови во историјата на европскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме проследено со обилни врнежи го зафати југозападниот дел на Словенија, при што поројни поплави ги поплавија станбените, земјоделските, училишните и другите објекти, а излеаните водотеци ги поплавија патиштата.

Невреме проследено со обилни врнежи во Словенија

Невреме го зафати подрачјето меѓу регионот Крас и ридестиот предел Идрија-Церкно. Според извештајот на оперативниот центар за итни случаи, пожарникарите испумпувале вода од објекти, спасувале луѓе заглавени во возила, ги штителе загрозените локации со вреќи со песок и расчистувале наноси од одрони.

Патиштата во општините Комен и Ајдовшчина станале непроодни поради одрони од камења и свлечишта, пренесува Срна.

Најголем број инциденти – 38 – се регистрирани на подрачјето што го покрива Регионалниот оперативен центар во Нова Горица, а по него следи подрачјето на Регионалниот оперативен центар во Постојна, каде што се случиле 17 инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер