УЕФА бара Милан да биде исфрлен од европските турнири - Канал 5

УЕФА бара Милан да биде исфрлен од европските турнири

Ревизорите во Органот за финансиско контролирање при УЕФА побарале вадење на Милан од европските клубски турнири поради нарушување на правата на финансискиот ферплеј, објави „Њујорк тајмс“. 

УЕФА бара Милан да биде исфрлен од европските турнири

Проблемите на Милан доаѓаат од продажбата на клубот пред една година од страна на поранешниот сопственик Силвио Берлускони на кинескиот бизнисмен Ли Јунхон, кој го купува клубот за 860 милиони долари.

Според ревизорите, на Ли му било потребно дополнително финансирање од американскиот бизнисмен Пол Сингер и мора да го врати заемот до октомври.

Покрај тоа, раководството на „росонерите“ потроши 270 милиони долари за нови играчи, што значително ги надминува приходите на клубот, а тоа е забрането од финансискиот правилник на УЕФА.

Ако клубот биде казнет, ​​решение кое се очекува во наредните две недели, тој може не само да биде изваден од турнирите во оваа сезона, но и да добие трансфер забрана, како и тешка казна.

Минатата сезона Милан заврши на седмото место во Серија А и има право да ја претставува Италија во Лигата на Европа. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...

Силниот земјотрес што во синоќа ја погоди Панама предизвика голема материјална штета, а на социјалните мрежи се шират драматични снимки од оштетени и урнати згради.

Драматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...

Особена загриженост предизвикуваат сцените од градот Пенономе, оддалечен повеќе од сто километри од епицентарот, каде што се оштетени цркви, хотели и други објекти.

Земјотресот беше почувствуван и во соседните држави, додека надлежните служби продолжуваат да ги проценуваат последиците. Според првичните податоци од Институтот за геонауки при Универзитетот во Панама, земјотресот имал магнитуда од 7, а жариштето било на длабочина од десет километри, на околу 39 километри западно од Тоноси.

Сепак, подоцнежните анализи на меѓународните сеизмолошки институции укажаа на посилно тресење на тлото.

Американскиот геолошки институт (USGS), во еден од своите прелиминарни извештаи, ја процени магнитудата на 7,7 и предупреди на можноста од човечки жртви и голема материјална штета.

Бројни видеа што набрзо се појавија на интернет сведочат за силината на земјотресот. Жителите опишуваат како зградите силно се нишале, предмети паѓале од мебелот, а многумина во страв истрчале надвор од своите домови.

Според информациите објавени од CNN, потврдена е автентичноста на снимките од Пенономе на кои се гледаат тешко оштетени згради.

Меѓу нив е и црква чија камбанарија делумно се урнала, додека оштетен е и дел од надворешната фасада на друга зграда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реконструирана улица „9“ во н.м Илинден

Општина Илинден целосно ја реконструираше улица „9“ во населеното место Илинден, капитален инфраструктурен проект од суштинско значење за подобрување на сообраќајната поврзаност, безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.

Целосно реконструирана улица „9“ во н.м Илинден

Со реконструкцијата на улицата во должина од околу 1.200 метри и широчина од 6 метри, со изградбата на тротоари од двете страни, како и со уредување на водоводната и канализационата мрежа и останатата подземна инсталација, се заокружува еден капитален инфраструктурен зафат со кој се унапредуваат условите за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.

Улица „9“ претставува важна сообраќајна артерија која поврзува повеќе населени места и патни правци. Нејзината важност е дополнително нагласена и со фактот што долж неа се наоѓаат објекти од јавен интерес кои секојдневно ги користат голем број граѓани, меѓу кои зградата на Општина Илинден, ООУ „Гоце Делчев“ и Домот на култура „Илинден“.

„Реализацијата на овој проект е дел од континуираните активности на Општина Илинден за реконструкција, модернизација и унапредување на локалната инфраструктура. Преку вложувањата во улиците и патната мрежа, Општината создава подобри услови за секојдневно движење, полесна пристапност до јавните објекти и поефикасно поврзување на населените места.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти насочени кон развој на локалната инфраструктура, унапредување на комуналните услови и создавање современа, безбедна и квалитетна средина за живеење за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Воз излета од шините кај Риека, вагоните паднале во провалија

Товарен воз на компанијата „Трансагент“ излета од шините утрово, на 10 октомври, на влезот во станицата Меја во близина на Риека, при што 11 вагони паднаа во провалија.

Видео: Воз излета од шините кај Риека, вагоните паднале во провалија

Во несреќата нема повредени лица, но станицата претрпела голема материјална штета и е целосно затворена за сообраќај. Несреќата се случи во неделата во 9:25 часот.

Од „Хрватски железници“ соопштија дека возот превезувал жито и се движел кон Риека.

Дефект на сопирачките Според досегашните информации, машиновозачот пред излетувањето го известил диспечерот дека сопирачките откажале и дека не може да го запре возот. Кратко потоа, возот излета од шините на влезот во станицата Меја.

Единаесет вагони завршија во клисурата, додека локомотивата и два вагона останаа на станицата. Никој не беше повреден во несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер