Учителката победи, провокативните слики остануваат - Канал 5

Учителката победи, провокативните слики остануваат

Учителка која што на својот профил на Инстаграм поставува “провокативни“ слики од себеси, победи на суд и сега може да се врати на својата работа како наставничка.

Учителката победи, провокативните слики остануваат
Неколку родители се пожалиле кај директорката на училиштето дека сликите премногу се провокативни и дека таква личност не може да им предава на нивните деца.

Од училиштето учителката доби наредба да ги тргне сликите од својот профил или ќе остане без својата работа. Но учителката ја донела цеата работа на суд и успеала да победи во својата намера. Таа ќе продолжи да работи како наставничка и сликите остануваат на интернет.

Инаку учителката го користи своето слободно време во теретана и често поставува слики на интернет на кои се гледа како таа вежба или пак како се натпреварува во фитнес.

“Јас на своите слики добивам коментари дека сум инспирирала премногу луѓе. Доколку ги ставам своите слики како приватни или пак ги тргнам од својот профил, јас нема да допрам до оние луѓе на кои им треба инспирација за да почнат да вежбаат и да ослабнат, изјави Минди Џенсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“

-Денеска присуствував на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија,на Фејсбук објави Премиерот Христијан Мицкоски .

Премиерот Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“

Заедно со Марта Кос го проследивме обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот во Брисел.

Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив.

За Македонија, европската интеграција е стратешка определба и долгорочен национален интерес. Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење.

„Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере.

Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство.

Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере.

Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта.

Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија.

Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања.

„Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Нов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. 

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари.

За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер