Учителите да ги учат, родителите да се дружат со своите деца - Канал 5

Учителите да ги учат, родителите да се дружат со своите деца

 Во ова време-невреме, се чини, сите сме на тестот на себепреиспитувањето. Какви сме, што правиме, каде се движиме? 

Учителите да ги учат, родителите да се дружат со своите деца

Во секојдневното исчекување на вестите и бројките колку заразени, колку излекувани, дали имаме некој близок во опкружувањето заразен од коронавирусот и како ќе преживееме? Млади, стари, родители или не? Грижата моментално се префрла на старите, но и на децата. Децата дома, децата воведени во интернет-наставата. Сите едноставно велат: улогата на родителите е пресудна.

Според Ана Ѓоргиоска, педијатар, раководител на детското одделение при прилепската болница, препораките што им се даваат на возрасните не отстапуваат и исти се и за децата. Да се редуцираат гледањето телевизија и вклучувањето на компјутерот. Да се биде со децата.

– Принудени сме сите да бидеме речиси во една просторија – родителите и децата. Ситуацијата налага притисокот од сето ова да биде поголем кај возрасните. Затоа, препорачливо е возрасните пред децата да не делуваат многу вознемирено и пред нив да не ги искажуваат нервозата и притисокот што го чувствуваат од ситуацијата, зашто сето се пренесува на децата. Не мора телевизорот постојано да биде вклучен или децата да бидат постојано пред компјутер и да читаат како и што се случува целосно во светот. Во една порелаксирана и не толку нервозна атмосфера, разбирливо за децата да им се објасни дека, да, постои таков вирус што предизвикува инфекција, слична со другите вирусни заболувања. Да им се објасни како да се однесуваат во однос на дружењето со другите деца, вели д-р Ѓорѓиоска.

Таа вели дека може да престојуваат надвор, во дворовите, на пример, извесен временски интервал од околу половина час, но не да бидат во групи со други деца.

– Да не се во контакт со другите деца, ако кашлаат и киваат како да се заштитат, со рака над устата или со подлактицата, да не се бакнуваат и да не се во близок контакт, да бидат на оддалеченост од 1,5 метар или два, нагласува Горѓиоска.

Кога се веќе дома децата, многу е битно да се врати, да се оствари онаа социјална врска помеѓу родителите и децата. Да им се посвети внимание.

– Родителите не треба да бидат учители, да ги заменуваат учителите, туку да го вратат оној контакт со децата, во смисла на квалитетно и осмислено поминато време. На пример, заедно да играат друштвени игри, да осмислат некој натпревар дома, или чистење и средување на просторијата од детето, редење на облеката, некои едноставни работи што би биле интересни и би го исполниле времето на детето. На пример, родител дури побара психолошка помош за детето кое константно слушало за болни од ковид-19 и почнало да не спие и да има ноќни мори, објаснува Ѓорѓиоска.

За исхраната важат препораките што ги добиваат возрасните: храна богата со витамини, зеленчук, витамини, Ц и Д и пробиотици за да се стимулира имунолошкиот систем.

Во детското одделение во овој период бројот на пациенти е намален, родителите се јавуваат на телефон за совети и препораки.

– Битно е да не одат веднаш на лекар, туку прво по телефон да се консултираат со матичните лекари. Прво да се слушнат лекарските совети, а потоа, ако е потребно, матичниот лекар ќе ги упати кај нас, во детското одделение. Тоа е поретко, родителите се уплашени и, нормално, стравот од непознатото сите нè прави да бидеме такви. Родителите ја имаат одговорноста да го најдат начинот сите да се справиме, мислам тие и децата, со оваа ситуација. Имаат обврска да им го исполнат квалитетно времето на децата и да се врати тој социјален контакт што, за жал, е нарушен, смета педијатарот Ана Ѓорѓиоска.

Во прилепските училишта, основни и средни, кои опфаќаат преку 10 300 ученици, околу 90 отсто се остварува онлајн учењето. Посебна одговорност е за одделенските раководители.

Наташа Мирческа, одделенски раководител на учениците од четврто одделение во прилепското основно училиште „Кочо Рацин", совршено три часа дневно комуницира со 22-та ученици од одделението. Работат во поладневните часови секој работен ден зашто родителите, кои треба да имаат надзор, преку денот се работно ангажирани. Преку видеокомуникацијата со учениците се осознаваат математичките операции на собирање, одземање, множење и делење, се осознава дека со голема буква почнува реченицата и другите граматички „финеси" во македонскиот јазик. А се знае и по биологија. Деветгодишниот Андреј Чатлески сака да објаснува колку коски има во човековото тело и како сето тоа функционира. Неговата мајка Тања, која има и второодделенец, вели добро се снаоѓаат и смета дека наставникот ги заслужува сите пофалби.

– Додека јас и сопругот во текот на денот ги вршиме работните обврски, со децата работиме попладнето и бескрајно многу го ценам ангажманот на наставниот раководител Наташа Мирческа. Многу добро функционираме, вели Тања Чатлеска.

Напорно, но и огромно е задоволството од работата со децата и вака, во вонредни услови, вели учителката Мирческа. Смета дека во домовите се внесува позитивна енергија.

– И ние, учителите, сме на линијата на одбраната. Комуницираме со учениците, го пренесуваме знаењето и се трудиме да внесеме позитивна енергија во домот. Се надевам дека тоа го остваруваме. Тоа е огромно задоволство, смета Мирческа.

И додека не се знае крајот од домашната изолација, учителите и родителите имаат своја задача со децата. Учителите да ги научат, а родителите да ја обноват заборавената комуникација со своите деца. Да играат, да се смеат и да им го исполнат, квалитетно, времето на децата. Таа врска, според педијатрите и психолозите, е најбитна./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели

Со децении, кинеските производители на автомобили купуваат европска технологија и учат од западните компании, но сега ситуацијата е целосно обратна. 

Шокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ сериозно разгледува план за опремување на дури 75 проценти од своите идни модели за европскиот пазар со електронска архитектура развиена во Кина.

Предлогот е лично поддржан од шефот на брендот Томас Шефер, а проектот би ги вклучил повеќето нови модели под брендовите „Фолксваген“, „Шкода“ и „Купра“, вклучувајќи ги и идните електрични „Голф“, „Пасат“ и „Шкода Ењак“.

Во овој случај, не станува збор за промена на класичната механичка платформа, суспензија или мотор, туку за електронскиот мозок и нервен систем на возилото што ги поврзува сите компјутери, сензори, мултимедијални екрани и безбедносни системи. Главната причина за овој пресврт се огромните финансиски заштеди.

Технологијата развиена во соработка со кинеската компанија „Икс-пенг“ овозможува намалување на бројот на електронски контролни единици за околу 30 проценти, што драстично го поедноставува производството и би можела да заштеди на концернот помеѓу четири и пет милијарди евра, а во исто време да ги реши годините на проблеми и доцнења во сопствениот софтверски оддел.

Конечната одлука сè уште не е официјално усвоена бидејќи новата архитектура прво мора да претрпи строги прилагодувања на европските закони за безбедност и заштита на лични податоци, што би можело да одземе дел од планираните финансиски придобивки.

Сепак, самиот факт дека најголемиот европски производител сериозно планира да набави кинески електронски решенија за автомобили наменети за европски клиенти е најдобар доказ за тоа колку неповратно се променила распределбата на моќта на светскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Од депонија до огромен мега парк на 86.000 м² во Карпош

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.

Ѓорѓиевски: Од депонија до огромен мега парк на 86.000 м² во Карпош

- Таму каде што со години се трупаше смет, ќе растат дрвја. Таму каде што граѓаните гледаа грда слика, ќе има зеленило, спорт и детска смеа. Сите се сеќаваме на огромната дива депонија во Карпош. На наталоженото ѓубре, на негрижата но и на празните ветувања дека конечно ќе биде исчистена. Денес, зборуваат делата. Работата се одвива со силна динамика, расчистуваме наталожениот смет и оваа површина ја претвораме во огромен мега парк, ново место за одмор, рекреација и дружење. Наскоро, ова место ќе ја добие својата целина. На 86.000 м² ќе има зеленило, дрвја, веќе се поставува урбаната опрема и осветлувањето, спортски терени и фитнес-зони, пешачки зони, како и сопствена хидрантска мрежа. Простор за првите детски чекори, за младите и нивните спортски предизвици, за семејните прошетки и за спокојните мигови на нашите највозрасни сограѓани – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека создавањето нови паркови е меѓу неговите највисоки приоритети, како и дека за само една година се подигнати и уредедени околу 200.000 квадратни метри нови зелени површини низ цело Скопје.

- Ова е површина што им ја враќаме на граѓаните и на природата, со јасна определба Скопје да биде позелен и поубав град за живеење. Продолжуваме со истата решителност. Скопјани заслужуваат да ја гледаат промената во своето маало, на својата улица, пред својот дом. Повеќе зеленило. Повеќе простор за живот. Повеќе причини да се гордееме со нашиот град. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп откри што е најголемата пречка за мир во Украина: Никој не беше построг кон Русија од мене

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти мировниот договор меѓу Украина и Русија е многу блиску и оцени дека Украина на крајот ќе има „малку поинаков облик“.

Трамп откри што е најголемата пречка за мир во Украина: Никој не беше построг кон Русија од мене

Трамп во телевизиската емисија на Си-Би-Ес „60 минути“ изјави дека најголемата пречка за мир, поради што таков договор сè уште не е постигнат, е омразата меѓу украинскиот и рускиот претседател, Володимир Зеленски и Владимир Путин.

„Тоа беше омразата меѓу Зеленски и Путин. Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор. Да бев јас претседател, таа војна никогаш немаше да започне. Немаше да има шанси. Но, сепак започна. Значи, ја наследив таа војна. Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор“, рече Трамп.

На прашањето дали повеќе му верува на Путин или на Зеленски, Трамп рече дека „подобро би сакал да каже“, но дека „се сложува добро и со двајцата“.

„Имаме состанок. Ќе биде во сабота, но ќе биде продолжен до недела, понеделник и вторник. Значи, ќе видите. Тоа е многу важен состанок. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. И единствената причина зошто ќе заврши сум јас. Постои огромна количина омраза меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски“, рече Трамп.

Трамп рече дека на претходните средби со Зеленски „имало големо непочитување покажано кон Русија“.

На прашањето дали Трамп смета дека е „влечен од Путин“ кога станува збор за мировните преговори во Украина, Трамп рече дека „не верува“ дека тоа е случај.

„Не верувам во тоа. Па, никој не бил построг кон Русија од мене. Погледнете ја нашата трговија. Погледнете што им направив во трговијата, со санкции и сè друго. Погледнете што им направив. Јас не ги укинав санкциите за дизелот. Дозволив Русија да испорачува, не нам, туку на светот, илјадници и илјадници барели нафта и дизел што им беа потребни. Не им направив никаква услуга“, рече Трамп.

Тој рече дека ѝ обезбедил на Украина „илјадници“ противтенковски оружја како помош и дека САД, а не Европа, ја снабдуваат Украина со оружје.

„Не, ние сме вие, ние ги снабдуваме со оружје. Но, Европа плаќа за тоа, тоа е разликата. Бајден им даде 350 милијарди долари во готово и оружје. Јас не им дадов ништо. И го оставам на Европа, го продавам по полна цена, а тие ни плаќаат. И не само тоа, тие 350 милијарди долари, се чувствував толку виновен за тоа, бидејќи мислев дека е целосна глупост. Европа ги има парите“, рече Трамп.

Тој рече дека „Европа би платила“ за американско оружје за Украина и претходно, но дека „никој дури и не ги прашал“.

„Значи, ние само испраќавме оружје по оружје, ги снабдувавме. Патем, Украина имаше храброст да го користи тоа оружје. Бидејќи, на крајот на краиштата, потребна е храброст за да се користат, а тие се покажаа како многу сериозна сила. Но, тие го имаа најдоброто оружје во светот. И не добивме ништо за возврат. Јас продавам оружје“, заклучи Трамп.

Трамп рече дека „мисли дека ќе имаме“ слободна и независна Украина откако ќе заврши конфликтот.

„Мислам дека ќе имаме, тоа е готово. Мислам дека ќе се случи и Украина ќе заврши во малку поинаква форма. Погледнете, ова е војна што никогаш не требаше да се случи“, рече Трамп.

На прашањето кој неодамна им го отежна на Украинците користењето на сателитскиот систем Старлинк, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, но чија воена верзија треба да биде контролирана од американската влада, Трамп рече дека „не знае“ и дека тоа не бил тој.

„Не бев јас. Па, знам ова, не можам да ви кажам кој го собори. Можам да ви кажам дека на крајот го врати, па сега го имаат. Не знам, едноставно не знам. Мислам, тој систем е многу добар систем, а можеби бил одбиен. Мислам, дури и не знам. Не ми е докажано дека бил одбиен. Има многу лаги за таа војна. Но, знам едно - штом слушнав за тоа, беше повторно активиран“, рече Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер