Училишен час на „#ПетокЗаМлади @ФИТР" за промоција на изум за интерактивна табла - Канал 5

Училишен час на „#ПетокЗаМлади @ФИТР" за промоција на изум за интерактивна табла

Интерактивната табла е посебно осмислен уред со специфичен софтвер кој овозможува интерактивна работа за време на наставата. 

Училишен час на „#ПетокЗаМлади @ФИТР" за промоција на изум за интерактивна табла

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) како дел од предвидените активности за поддршка на креативното и критичкото размислување кај младите – „#Петок за млади @ФИТР" денеска е домаќин на Димитрија Ангелков, професор од средното стручно училиште „Киро Спанџов" од Кавадарци, иноватор и основач на „Интерактивна Иднина".

Тој пред деветтоодделенците од основното училиште „Петар Поп Арсов" и средношколците од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин" ќе го претстави сопствениот изум – интерактивна работна табла, проект што беше поддржан од Фондот во рамки на четвртиот јавен повик за старт ап компании кој ФИТР го спроведе во соработка со Светска банка.

Интерактивната табла е посебно осмислен уред со специфичен софтвер кој овозможува интерактивна работа за време на наставата. Употребата на овој уред овозможува учениците и професорите да бидат подеднакво активно вклучени во изучувањето на самата материја. Предноста на овој изум се состои во палетата можности што софтверот ги нуди, од интерактивни игри со педагошка цел до директно интервенирање на самата табла, моментално печатење на сработеното и слично.

По работилницата, која ќе претставува еден вид симулација на училишен час, учениците, преку заемна интеракција ќе треба да одговорат и изнајдат решение на зададена задача.

Целта на иницијативата „#Петок за млади @ФИТР" е да се поттикне размената на практични искуства меѓу учениците во насока на изнаоѓање иновативни решенија и креирање сопствени проекти надвор од училишните рамки преку интеракција и активно учење.

На настанот ќе се обрати директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетници

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.

Уапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица.

Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна.

Парот пронајден ранет во спалната соба

Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба.

Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела.

Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови.

Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство

Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје.

На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција.

Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите.

Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

Со оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер