Учеството на светскиот економски форум во Давос беше успешно, вели премиерот Мицкоски - Канал 5

Учеството на светскиот економски форум во Давос беше успешно, вели премиерот Мицкоски

Историски успешно. Вака премиерот Мицкоски го оцени учеството на македонската делегација на економскиот форум во Давос.

Учеството на светскиот економски форум во Давос беше успешно, вели премиерот Мицкоски

Нагласувајќи дека неговата улога таму била активна и суштинска, Мицкоски потенцираше дека на форумот учествувал на три различни панели со луѓе од врвот на светскиот бизнис. Кажа дека во Давос имал средби и со шефови на држави и влади, но не откри конкретно со кои. За тоа колку и кои економски проекти и инвестиции договорила македонската делегација на бизнис форумот премиерот побара трпение, а јавноста како што кажа, ќе ги дознае сите еден по еден во следниот период.

-Јас не бев статиста на форумот или по ходници да барам селфи со учесниците на Давос туку бев активен учесник на три панели. Бидејќи беа „четам хаус“, штета што не можеме да ги објавиме моите говори но сите беа проследени со аплауз од страна на присутните. На еден од тие панели до мене беше главниот извршен директор на АС, најгоемата „офф шор“ американска енергетска компанија чии што приходи се мерат во трилиони, илјадници милијарди. Лево од мене беше г-динот Врајт државниот секретар на САД за енергија, до него беше главниот извршен директор на Светската енергетска агенција, изјави Мицкоски.

За критиките од СДСМ и опозицијата дека Владата ја носи земјава во меѓунардна изолација и води антиевропска политика, Мицкоски вели не сака да коментира, но порача дека времето на дипломатија на свиткана кичма завршило.

-Не би коментирал сега тоа што го кажува СДСМ и останатите опозициски партии. Нашата меѓународна активност, дали е изолирана или не, гледаат граѓаните тие се тие коишто кажуваат на избори. Можам да кажам дека времето на дипломатијата на свиткана кичма и снисходливост на црвените дебели килими помина сега е дипломатија која носи реални резултати, дипломатија која што се бори и го чува македонските национални интереси. Инаку да, имав и ќе имам сега на Михенската безбедносна конференција уште такви средби, изјави Мицкоски.

Тет а тет средба со лидерот на ДУИ Ахмети ќе има ама некогаш, одговори премиерот прашан дали и кога би седнал очи во очи со Ахмети, опција што беше спомената по лидерската средба. Овој став на Мицкоски доаѓа откако ДУИ ја откажа првично договорената поддршка за проектот „Сејф сити“ и не гласаше за Законот за прекршоци, ниту за народниот правобранител кој сепак, го доби мнозинството и потребниот Бадентер во Собранието.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе го посети Пјонгјанг на почетокот од следната недела, на покана на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објавија денес севернокорејските државни медиуми.

Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја

Кина, исто така, ја потврди посетата на Си Џинпинг на Пјонгјанг во понеделник и вторник, 8 и 9 јуни, објави Јонхап.

Ова ќе биде прва посета на Си Џинпинг на Северна Кореја по речиси седум години.

Кинескиот претседател последен пат беше во официјална посета на Пјонгјанг на 20 и 21 јуни 2019 година, што беше негова прва државна посета на Северна Кореја откако ја презеде функцијата кон крајот на 2012 година.

Претседателите на двете земји последен пат се сретнаа во септември минатата година, кога Ким Јонг Ун го посети Пекинг по повод 80-годишнината од Денот на победата на Кина, каде што присуствуваше на воена парада.

Ким Јонг Ун го посети Пекинг пет пати откако ја презеде власта по смртта на неговиот татко, Ким Јонг Ил, во декември 2011 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

 Во собранието вчера почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот, но надвладеа мнозинството тој да се носи со мал, а не со голем Бадентер.

Тоа, значи дека предлог – законот треба да се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

На расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците, пратениците на европскиот фронт обвинуваа дека законот се коси со рамковниот договор, додека влен, дека ги штити правата на етничките заедници.. Седницата заврши со гласање на кое беше одлучено за предлог законот да се одржи јавна расправа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Во Тиват денеска се одржува  Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, при што главен акцент ќе биде ставен на процесот на проширување на унијата.

Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

Инаку Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан со самитот ќе претседава Антонио Кошта, кој во изминатиот период ги посети земјите од регионот.

Домаќин на настанот е претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер