Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаУчеството на независните на локалните „загарантирно“, но тие и понатаму тврдат дека не се рамноправни со партиитеНезависните граѓански иницијативи продолжуваат со собирање потписи за формирање на политички партии и покрај новиот Правилник на ДИК со кој се овозможува независните да учествуваат на локалните избори со собрани два граѓански потписи. Од Шанса за Центар велат дека новото решение создава ризик од хаос на изборите. Гласачките ливчиња велат дека ќе изгледаат како тетратки но и ќе направат забуна кај гласачите која дополнително ќе се зголеми поради можноста да се појават слични имиња. Исто така, оттаму велат дека пристапот до медиумите и другите ресурси со кои располагаат партиите останува непроменет со што велат дека продолжува нерамноправноста. -Ќе дојде до појава на огромен број кандидати и листи што ќе ги претвори ливчињата во тетратки а ќе предизвика збунетост и конфузија кај гласачите. Ние се плашиме дека ова може да биде искористено и за имитација и забуна кај гласачите. Важно е и дека некои други услови се непроменети а тоа е особено каде на листите се наоѓаат независните кандидати а каде партиите. Партиите како елита ќе ги имаат првите места а се друго што е независно ќе дојде во втор план,- изјави – Јана Белчева – „Шанса за Центар“ . Потписи за партија и понатаму собираат и од Зелен хуман Град од каде воопшто не сакаа да го коментираат новиот Правилник на ДИК. Велат дека не се согласуваат со решение донесено во како што велат, 5 до 12. -Зелен хуман град не само што останува во мисијата за формирање на политичка партија со полна пареа оди напред. Менување на Правилници во недела вечер покажува самиот факт дека ние цело време може да продолжиме на какви било измени од страна на политичките партии што ќе им текне во 5 за 12 ќе им ги направи на независните кандидати. И токму поради ова играње напред назад, 1 посто, 0,5 посто, можело не можело, имало или немало, ние имаме решено дека ќе продолжиме понатаму да ја креираме нашата политичка партија, со цел да ги избегнеме овие сопки коишто може да ни се постават па дури и во 5 минути пред самите избори, да се донесе некој нов Правилник или нов закон којшто ќе ни отежни или скроз оневозможи ние да се појавиме на избирачкото ливче,- изјави – Горјан Јовановски – Зелен хуман град. Независна кандидатура за градоначалник на Битола најави актуелна претседателка на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од иницијативата „Поинаку“. Претходно кандидатура најави и поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска како дел од платформата „Независни заедно“. Ивановска не ја прифати понудата на ЈО да дојде на распит по завршувањето на изборите а во врска со приватната кривична пријава против неа. За Канал 5 потврди дека пред јавен обвинител ќе се појави утре. ДИК вчера на седница со шест гласа „за“ и еден глас „против“ го донесе новиот Правилник во кој се вели дека два граѓански потписи ќе бидат потребни за независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на претстојните локални избори. Претходното упатство беше ставено вон сила а пропадна и обидот во Собранието да се узвојат измени на Изборниот законик. Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинаа во украински напад кај МоскваНајмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.Тагови: напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов круг преговори меѓу Либан и Израел во РимВо Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.Тагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter