3ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
МакедонијаУчество на министерот Муцунски на Состанокот на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕУчество на министерот Муцунски на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржа во рамки на бугарското претседавање со оваа најстара и најзначајна политичка иницијатива за регионална соработка во Југоисточна Европа. Состанокот е посветен на одбележувањето на три децении од формирањето на ПСЈИЕ и се одржа под темата „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“. Во фокусот на дискусиите беа европската перспектива на регионот, унапредувањето на регионалната соработка, зајакнувањето на безбедноста и отпорноста, како и поттикнувањето на економскиот развој и конкурентноста во услови на сложени геополитички и безбедносни предизвици. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека ПСЈИЕ останува еден од најзначајните механизми за политички дијалог и соработка во регионот. „ПСЈИЕ останува една од највредните автентични рамки за регионална соработка. Тоа е платформа создадена од регионот, водена од регионот и одржана од уверувањето дека заедничките предизвици бараат заеднички одговори“, истакна Муцунски. Осврнувајќи се на актуелните геополитички и безбедносни предизвици, тој нагласи дека во услови на војна во Европа, хибридни закани, дезинформации, енергетска несигурност и сајбер ризици, европската интеграција и регионалната соработка добиваат уште поголемо стратешко значење. „Денес, проширувањето веќе не е само технички пристапен процес. Тоа е стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан“, порача Муцунски. Во продолжение на своето обраќање, министерот ја потврди целосната посветеност на државата кон членството во Европската Унија, нагласувајќи дека европската интеграција претставува национален проект насочен кон посилни институции, подобри можности за граѓаните и посигурна иднина за младите. Притоа, тој нагласи дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од доследното почитување на преземените обврски, предвидливоста на процесот и принципот на заслуги. „Мора да бидеме искрени: кредибилитетот на проширувањето зависи од испораката. Заслугите мора да имаат значење. Обврските мора да се почитуваат. Правилата на процесот мора да бидат предвидливи. На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати, а не на постојано одложување“, истакна Муцунски. Осврнувајќи се на значењето на регионалната поврзаност и економската интеграција, министерот посочи дека Република Северна Македонија останува посветена на развојот на транспортната, енергетската и дигиталната инфраструктура, како и на понатамошното зајакнување на регионалната поврзаност преку Коридорите 8 и 10, кои имаат стратешко значење за регионот и за европската интеграција. Во тој контекст, тој ја нагласи важноста на инвестициите во човечкиот капитал како предуслов за долгорочен развој и конкурентност. „Човечкиот капитал е нашиот најголем ресурс. Без инвестирање во луѓето, ниту еден инфраструктурен проект и ниту една економска реформа не можат да го достигнат својот целосен потенцијал“, посочи Муцунски. Министерот ја нагласи и важната улога на Советот за регионална соработка во унапредувањето на економската интеграција, поврзаноста и одржливиот развој во регионот. „Треба да ја препознаеме важната улога на ПСЈИЕ во овој процес, како и вредниот придонес на Советот за регионална соработка во унапредувањето на поврзаноста, економската интеграција, безбедносната соработка и одржливиот развој“, истакна Муцунски. На крајот од обраќањето, министерот порача дека иднината на Југоисточна Европа е неразделно поврзана со иднината на Европа и дека регионот има потенцијал да биде активен придонесувач кон европската безбедност и просперитет. „Со поддршка од нашите европски партнери и преку нашата сопствена посветеност на реформи и соработка, Југоисточна Европа може да не биде периферија на Европа, туку интегрален придонесувач кон европската безбедност, просперитет и иден развој“, порача Муцунски. Високите претставници на земјите членки на ПСЈИЕ за време на состанокот ја потврдија важноста на регионалната соработка како клучен предуслов за стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа, при што посебен акцент беше ставен на продлабочувањето на економската интеграција, подобрувањето на транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност, како и на унапредувањето на Заедничкиот регионален пазар како чекор кон постепена интеграција во Единствениот пазар на Европската Унија. Во рамките на состанокот беше усвоена Заедничка декларација со која се реафирмира поддршката за европската интеграција на регионот, добрососедските односи, демократските вредности и заедничките напори за градење поотпорен, поконкурентен и поодржлив регион. Процесот за соработка на Југоисточна Европа, основан во 1996 година токму во Софија, останува автентична регионална платформа за политички дијалог и соработка, која во изминатите три децении даде значаен придонес во зајакнувањето на довербата, стабилноста, поврзаноста и европската перспектива на регионот.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter