Учесниците на „Мал Битолски Монмартр“ во посета на Бигорски

Бигорски манастир беше средиште на еден несекојдневен културно-уметнички настан – детската ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“.

Бигорски манастир беше средиште на еден несекојдневен културно-уметнички настан – детската ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“, организиран од претседателката на оваа меѓународна детска ликовна колонија, Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Славчо Неделковски.

- Стотина млади ликовни уметници од 22 земји во светот, кои со своите штафелаи, четки и палети и пред сè, со својот уметнички талент и младешки творечки дух, вчера го красеа манастирското двориште, пренесувајќи ги на сликарско платно архитектонските и природните убавини на манастирот, секој преку својата лична естетска перцепција, информираа од манастирот.

Додаваат дека најнапред младите уметници биле гостољубиво пречекани и примени од епископот Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот, кој со топли татковски зборови им се обратил на официјалниот прием.

- Почитувани ликовни уметници, од сè срце ви посакувам добредојде на сите, а на организаторите на овој убав настан со висока естетка вредност им благодарам што го избраа нашиот манастир, за овие уметнички души да бидат заедно со нас и со своето присуство и творештво да го почестат ова свето место со илјадагодишна историја. Како битолчанец, добро знам што е Малиот Битолски Монмартр и секогаш сум се радувал што во тој убав наш град, кој е гордост на Македонија, доаѓале деца од целиот свет, за да ја сликаат впечатливата архитектура на Битола, рече тој.

Пред младите уметници се потсетил дека пред неколку години имал прилика да го посети градот Париз и да прошета по тие улички и плоштатки околу големиот храм на Спасителот Христос, на Брдото на Мачениците, што всушност и означува топонимот Монмартр, од француското Mont des Martyrs.

- Ме воодушеви таа таинствена поврзаност на уметноста со врховниот Уметник, односно со Бог Создателот. Навистина Бог е љубов и убавина, а целта на уметноста е токму убавината. Ние христијаните во Светото Писмо читаме дека кога Бог го творел светот, при секој ден од создавањето, потврдувал дека створеното е добро, убаво. И виде Бог дека е добро. Од Светите Отци на Црквата, во основното изложување на верата христијанска, во Символот на верата, Бог е наречен Ποιητής: поет, творец, уметник. И несомнено, Бог е најголемиот уметник, кој го остави својот потпис во природата. И како што на секоја уметничка слика има потпис од авторот, така и Бог се потпишал во Својата природа. На тој начин, преку Неговите творби, тие совршени уметнички дела, од кои најчудесни сме самите ние луѓето, ние секојдневно учиме и комуницираме со Уметникот над уметниците. Ви благодарам уште еднаш и многу се радувам што сте тука. Ви посакувам убав престој и плодно творештво, посакал владиката Партениј.

Организаторите на настанот срдечно му се заблагодариле на епископ г. Партениј, за дадениот благослов и за великодушното гостољубие и по тој повод, од името на сите учесници, му подариле икона од Светиот Партениј Лампсакиски, насликана од ликовниот учител Томислав Стерјов.

- Во продолжение, младите уметнички души веднаш се фатија за четките со рацете, за на свој начин да ја доживеат и пренесат убавината на Бигорското светилиште. На крајот од денот на учесниците им беа доделени пофалници, а како најдобри цртежи беа избрани два од делегацијата на Кина и по еден од делегациите на Израел и Турција. Во знак на благодарност за искажаната поддршка и соработка, „Малиот Битолски Монмартр“ му додели на нашиот Старец Диплома за придонес во сликарската уметност, посочуваат од Бигорскиот манастир.

Вештачката интелигенција би можела да доведе до изумирање на човештвото?

Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година.

Вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото, предупредија експерти, вклучително и директорите на истражувачките лаборатории за вештачка интелигенција „ОпенАИ“ (OpenAI) и „Гугл дипмајнд“ (Google Deepmind), додека десетици други ја поддржаа изјавата објавена на веб-страницата на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција.

Во изјавата се наведува дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет заедно со другите општествени ризици како што се пандемиите и нуклеарната војна. Додека друуги експерти тврдат дека стравовите се претерани.

Таа изјава беше поддржана од извршните директори на производителот на „ЧетГПТ ОпенАИ“, Сем Алтман, на „Гугл Дипмајнд“, Демис Хашабис и на „Антропик“ (Antropic), Дарио Амодеи.

Додека за професорот од Њујоршкиот универзитет Ијан ЛеКун, кој заедно со Хинтон Бенџо важат за „кумови на вештачката интелигенција“, таквите апокалиптични предупредувања се претерани.

Многу други експерти на сличен начин веруваат дека стравувањата дека вештачката интелигенција ќе го уништи човештвото се нереални и го одвлекуваат вниманието од прашања како што е пристрасноста во системите, кои веќе се проблем.

Компјутерски научник од Универзитетот Принстон, Арвинд Нарајанан претходно изјави дека сценаријата за катастрофа слични на научна фантастика се нереални.

- Сегашната вештачка интелигенција не е ниту блиску до доволно способна да ги материјализира овие ризици. Како резултат на тоа, се свртува внимаието од краткорочните штети од вештачката интелигенција, посочи Нарајанан.

Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година, кога експерти, вклучително и директорот на Тесла, Илон Маск, потпишаа отворено писмо со кое повикува на запирање на развојот на следната генерација на технологија за вештачка интелигенција.

Во писмото се прашува дали треба да „развиваме нечовечки умови, кои на крајот би можеле да нè надмудрат и да не заменат“.

Вознемирувачко видео: Девојка убиена во Индија. Таткото: Луѓето снимаа наместо да и помогнат

Девојка (16) во неделата беше брутално избодена и претепана до смрт на прометна улица во главниот град на Индија, Њу Делхи, што предизвика нов бес поради безбедноста на жените во земјата и насилството извршено од мажи.

На снимката од инцидентот, кој трае повеќе од една минута и е снимен со безбедносна камера, се гледаат повеќе луѓе како одат во близина додека напаѓачот постојано ја удира жртвата. Прикажан е само еден маж кој се обидува да го тргне напаѓачот од жртвата пред брзо да се повлече.

Видеото може да биде вознемирувачко за некои читатели!

Телото на жртвата е пронајдено во неделата вечерта во областа Шахбад Даири во северниот дел на населбата Рохини, каде што се случил инцидентот, пишува Си-Ен-Ен. Вчера попладне индиската полиција соопшти дека уапсила маж осомничен за убиство.

Станува збор за механичар кој бил приведен во Буландшахр, во соседната држава Утар Прадеш, изјави за новинарите Рави Кумар Синг, заменик началник на полицијата.

"Ја видов ќерка ми како лежи на земја со лицето на земја. Нејзините органи излегоа, а главата и беше смачкана. Лежеше безживотно. Немаше смисла да ја однесам во болница", рекол таткото на девојчето во интервјуто за Си-Ен-Ен.

"Лут сум што никој не и помогна на ќерка ми. Да и помогнаа, денес ќе беше жива. Слушнав и дека случајните минувачи биле зафатени со снимањето на инцидентот. Дури и да врескаа, тоа ќе и помогнеше на ќерка ми", заклучил таткото.

Како изгледа најмоќниот „Brabus“ во историјата?

Чини како Ферари или Ламборџини.

Најновиот „Brabus“ е базиран на „Mercedes-AMG GT 63 S E Performance“, најмоќниот модел во гамата на германскиот производител.

Во „Brabus“, пак, тој модел ја добива ознаката „930“, што јасно навестува дека се работи за автомобил кој навлегува на територијата на хипер спортските автомобили.

„Стандардниот“ „4.0 V8“ сега добива две нови турбини, а „Brabus“ го додаде својот „PowerXtra“ модул со нова контролна електроника.

Епилогот е зголемување на максималната моќност од 842 на дури 930 КС! Уште поимпресивен е фактот што на возачот му се нуди максимален вртежен момент од 1550 Nm.

Официјалните податоци велат дека „Brabus 930“ до 100 км/ч достигнува за 2,8 секунди, додека максималната брзина е 316 км/ч.

Купувачот ќе добие и дополнителна аеродинамична галантерија, како и титаниумски издувен систем „Brabus“, со режим на работа „coming home“ за да не се разбуди соседството на пат кон дома.

Поставен на тркала од 21 инчи напред и 22 инчи назад, со гуми „Continental SportContact 7“, „Brabus 930“ има и надградена внатрешност во споредба со стандардниот модел на „Mercedes-AMG“.

Секако, постојат бројни опции за персонализација, но имајте на ум дека во „Brabus“ нема евтини додатоци. Доволно е да се каже дека почетната цена на овој модел е 323.435,45 евра.

притисни ентер