Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?
1Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?
330 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураУчесници на „Малиот битолски монмартр“ во библиотеката во Бабино Стотина ученици од над 15 земји од светот и нивните ликовни педагози, учесници на 34. „Мал битолски монмартр“ денеска ќе претстојуваат во културна визита на библиотеката „Ал - Би“ во демирхисарското село Бабино.Младите амабасадори на мирот ќе имаат можност да се запознаат со високите уметнички и научни вредности на библиотеката, со раскошниот природен мозаик и стилските и естетски посебности на руралната архитектура во овој дел на Македонија. Во чест на учесниците на ликовниот караван ќе биде организирана изложба со книги од областа на ликовната уметност, а ќе имаат можносt и да го проследат поетскиот настап на реномирани поети од Демир Хисар и Битола. Во рамки на посетата, покрај поставената плоча на Малиот битолски монмарт, во куќата на книгата ќе биде откриена и плоча на Ротари клубот од Битола во знак за техничката поддршка на библиотеката. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаМанасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија? СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија.Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. Имено, докторот кој ја констатира дијагнозата на Ива Михаилова е доктор Иван Барбов, кој беше поставен за директор на Клиниката за неврологија во 2017 година, од страна на Зоран Заев и Венко Филипче. Токму докторот Иван Барбов изготвил извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, туку дека ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија. Истиот Иван Барбов е познат во јавноста како осуден криминалец во судскиот случај „Метастаза“, каде што бил еден од обвинетите за посредувње во издавањето на инвалидски пензии. Според информациите кои тогаш ги објавија и медиумите и ВМРО-ДПМНЕ, Барбов и останатите наплаќале од 1.500 до 4.000 евра за барател, со цел нелегално издавање на инвалидски пензии. Групата на Барбов за двете години додека дејствувале според податоците кои во јавноста излегоа преку медиумите, заработиле 165.000 евра, но и го оштетиле Фондот за здравство за 53.000 евра, за што Иван Барбов е и правосилно осуден. Очекуваме одговори од Филипче и Заев, дали е точно дека имаат ургирано кај својот криминален другар и доктор Барбов, да направи таква дијагноза за Ива Михаилова, во која докторот укажува дека таква метода за лекување нема во Македонија, туку има во Бугарија, затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто Филипче и Заев си играат со довербата на јавноста? Очекуваме постапка по допрен глас и истрага на овој случај во кој се сомневаме дека имаат вмешано прсти Филипче и Заев, преку својот доктор Барбов, а зад целата оваа операција стои токму Бугарија и Румен Радев, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар ВидиновскиЗдружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) испрати допис до Министерството за внатрешни работи (МВР), изразувајќи загриженост поради повторувачките закани и притисоци кон новинарот и уредник на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски. Најновите реакции на социјалните мрежи, проследени со закани, лични дисквалификации и омаловажувачки квалификации, се дополнителен показател за трендот на јавни напади кон новинарот. ЗНМ оценува дека повторувањето на ваквите појави создава непријателска атмосфера кон новинарите и може да поттикне дополнителни негативни реакции, вклучително и содржини со елементи на говор на омраза. Критиката на новинарската работа е легитимен дел од јавната дебата, но личните навреди и обидите за дискредитација не смеат да станат прифатлива практика во јавната комуникација. Во дописот до МВР упатен до контакт точката одговорна за пријави од ваков карактер, ЗНМ бара надлежните институции да посветат соодветно внимание на приложените содржини, имајќи ја предвид повторливоста на нападите кон Видиновски. ЗНМ потсетува дека заштитата на новинарите и условите за непречено вршење на нивната професионална работа се предуслов за слободно и независно информирање, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши 30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани, два дена откако таа побегна во Бугарија .30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани, два дена откако таа побегна во Бугарија иако против неа и натаму беа на сила мерки за претпазливост, а и беше одземена и патната исправа. Ова значи дека Михаилова веднаш откако ќе биде обезбедена ќе заврши во ефективен притвор, а во меѓувреме, за неа ќе биде распишана и меѓународна и централна птоерница. „Основниот суд Кочани, постапувајќи по службена должност, а по претходно добиено известување од ОВР Кочани, за кое веднаш го известил ОЈО Кочани, и определи мерка притвор од 30 дена на обвинетата Ива Михаилова, сметано од датумот и часот на лишување од слобода. Врз основа на решението, издадена е наредба до МВР ОВР Кочани, со барање, доколку истата се крие или е во бегство, да биде распишана меѓународна и централна потерница. Наредбата е доставена и примена од страна на ОВР Кочани.“ Од МВР пак ниту денеска нема одговор како Михаилова побегнала, ниту пак дали е во тек внатрешна истрага на МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова. – Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму...Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија. За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна опо нејзиното пристигнување во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена здравствена состојба состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола не е евидентирано дека ниту таа, ниту нејзиниот адвокат ја напуштиле земјава и влегле во Бугарија. Преку заедничкиот контакт-центар меѓу двете земји пак, било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез на овие две лица. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook