Ученикот кој беше избоден со нож во училиште во Ченто е на респиратор - Канал 5

Ученикот кој беше избоден со нож во училиште во Ченто е на респиратор

Ученикот кој беше изборен со нож во училиште во Ченто е во стабилна здравствена состојба. Извршена му е операција и во моментот е на респиратор.. 

Ученикот кој беше избоден со нож во училиште во Ченто е на респиратор

Деветто одделенецот кој пред два дена беше избоден со нож во ОУ „22 Ноември“ во населбата Ченто е во стабилна состојба, но се уште на респиратор, информираат од КАРИЛ за Канал 5. Детето и натаму се наоѓа на интензивна нега и на механичка подршка, по извршениот оперативен зафат, бидејки при убодот во стомакот бил зафатен и црниот дроб. Директорот на ТОАРИЛУЦ Игор Мерџаноски вели дека лекарите утре постепено ќе се обидат да го исклучат од апаратите за дишење, како прв чекор за негово закрепнување..

„Моментално состојбата е стабилна, детето е се уште на респиратор..Во текот на денешниот ден се надевам утре од сабајле ќе пробаме да го будиме и да го дисконектираме од апаратот за дишење. “

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека ќе иницира измени во Законот за основно образование, со кои би се предвидела одговорност и за родителите чии деца вршат насилство во училиштата. Според неа, агресивното однесување и носењето студено оружје не потекнуваат од училиштата, туку од дома, па затоа упати апел до родителите за поголема внимателност и вклученост. Јаневска останува и на ставот дека потребно е наместо учениците, дежурствата во училиштата да ги спроведуваат наставниците, а ним повремено да ги придружуваат и стручните служби – педагозите и психилозите.

„Ќе ги замолам пратениците да побараат измена и дополнување во Законот за основно, да вметнеме казна за родителот чие дете е сторител на насилие во училиштето. Во моментов разговараме со нив за да се формулира таа измена и дополнување. Целата држава може што и да може да измисли и да направи, се извинувам на речникот, но го потенцирам тоа така, ако не се вклучат родителите ние не можеме да постигнеме успех.. “

Инцидентот се случи во понеделникот попладнето, кога поранешен ученик од училиштето, сега средношколец, влегол во училиштето кажувајки дека е дојден да си ја земе помалата сестра, но потоа извадил нож и го прободел деветто одделенецот..15 годишниот напаѓач е лишен од слобода, а од МВР велат дека соодветно постапуваат и ги истражуваат мотивите за индицентот. Според неофицијалните информации, причината за насилството е комуникацијата помеѓу сега повредениот ученик и сестрата на напаѓачот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анкета: Речиси 70 проценти од Украинците очекуваат смена на Зеленски по војната

Скоро 67 проценти од Украинците очекуваат претседателот Володимир Зеленски да биде сменет по завршувањето на војната, според анкета на Меѓународниот институт за социологија од Киев (KIIS) објавена денес. 

Анкета: Речиси 70 проценти од Украинците очекуваат смена на Зеленски  по војната

Оваа бројка претставува значително зголемување во споредба со 23 проценти во 2023 година, а доаѓа во време кога Зеленски влегува во седмата година од својот претседателски мандат, пишува „Киев Индепендент“.

Анкетата го одразува и поширокото јавно барање за промени во другите гранки на власта, иако повеќе анкети постојано покажуваат дека повеќето Украинци се противат на одржувањето избори додека не завршат непријателствата.

Испитаниците беа прашани дали веруваат дека Украина треба да ја обнови и замени централната влада - вклучувајќи го претседателот, владата и парламентот - по војната, со цел да се обнови земјата.

Анкетата, исто така, покажа дека уделот на Украинците кои сметаат дека мешањето на претседателот во работата на парламентот и владата е оправдано, се намалил на 52 проценти во споредба со 2022 година. Поддршката за повоено обновување на парламентот се зголемила на 83 проценти од претходните 69 проценти, додека 74 проценти од испитаниците поддржуваат промени во владата, наспроти 47 проценти забележани во 2023 година.

Бројот на Украинци кои очекуваат барем одредено ниво на промени во централната влада се зголеми на 88 проценти, во споредба со 73 проценти во 2023 година. Студијата покажува дека дури и меѓу оние кои целосно му веруваат на Зеленски, 33 проценти очекуваат тој да биде отстранет по војната. Тој процент се зголемува на 68 проценти меѓу оние кои најмногу му веруваат и 97 проценти меѓу оние кои воопшто не му веруваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои златниот медал и се закити со титулата светски училишен шампион, а женската кадетска селекција освои сребрен медал и стана светски вицешампион.

Честитајќи им за извонредниот успех, претседателката им се заблагодари за витешката битка, личната и тимска победа, како и достојното претставување на државата на светската ракометна сцена.

Таа смета дека освоените медали се резултат на истрајната работа, темелната посветеност и исклучителниот талент, како и награда за манифестираната способност за рамноправен натпревар со најдобрите училишни селекции во светот, што ги прави најдобри македонски спортски амбасадори.

Сиљановска-Давкова потенцираше дека ракометот има посебно место во македонската спортска историја, во којашто и самите се вградија.

Исто така, претседателката потсети дека македонскиот ракомет изнедри генерации врвни спортисти, кои инспирира низа генерации.

Осврнувајќи се на значењето на спортот во развојот на физичкото и менталното здравје на младите, таа заклучи дека ракометот е повеќе од игра, тој е животна филозофија во којашто се спојуваат дисциплината и страста, умот, вештината и храброста, личниот напор и колективниот дух.

Според неа, преку спортот младите учат како индивидуалниот придонес да го насочат кон врвната заедничка цел, преку доверба, солидарност и свест за општо добро.

Младите ракометари и ракометарки во извонредното достигање препознаваат потврда и признание за трудот, но и силна мотивација за стремеж кон освојување нови ракометни спортски врвови.

Посакувајќи им успешна иднина, Сиљановска-Давкова им посака да го задржат и негуваат шампионскиот дух.

На средбата присуствуваа и претставници на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, предводени од претседателката Елена Мицковска, која на претседателката Сиљановска-Давкова ѝ врачи Благодарница за посебен придонес во развојот и афирмацијата на училишниот спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Норвешката принцеза со трансплантација доби нови бели дробови

Норвешката принцеза Мете-Марит успешно претрпе трансплантација на бели дробови и се опоравува од процедурата, објави канцеларијата на кралското семејство. 

Норвешката принцеза со трансплантација доби нови бели дробови

На 52-годишната сопруга на норвешкиот престолонаследник Хаакон ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза во 2018 година, хронична болест која предизвикува лузни на белите дробови и доведува до намален внес на кислород.

Универзитетската болница во Осло на 5 јуни потврди дека Мете-Марит е ставена на листа на чекање за трансплантација на бели дробови по значително влошување на нејзиното здравје, поради што, според проценките, ѝ останала само една година живот без операција.

„Како и сите новотрансплантирани пациенти, принцезата ќе остане во болница уште неколку недели“, изјави професорката Аре Холм од Универзитетската болница во Осло во соопштение доставено од палатата.

Престолонаследникот Хакон во декември изјави дека семејството забележало промена во состојбата на Мете-Марит и дека таа се соочува со сè потешкотии во дишењето.

Премиерот Јонас Гар Сторе ја пофали принцезата за отвореното зборување за нејзината состојба, велејќи дека тоа би можело да им помогне на другите кои страдаат од слични заболувања. Мете-Марит имала 25 години, обична жена и немажена самохрана мајка кога го запознала Хакон на музички фестивал во 1999 година. Тоа беше почеток на неочекувана кралска романса што започна со медиумска фанфара и на крајот го привлече вниманието на јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер