ЖивотУченик уби наставник во Невада и се самоуби - детето било малтретирано од врсниците!?Ученик пукал во врсниците и во наставникот по што се самоубил. Две 12 годишни деца се повредени а наставникот е мртов. Трагедијата се случила вчера, на првиот училишен ден во средното училиште по есенскиот одмор.- Не е јасно дали тој нишанел во некого посебно - вели заменик шефот на полицијата Том Милер. - Тој беше многу добро дете. Ако видеше дека некому му е тешко нешто, ќе го насмееше - вели Амаја Њутн, другарка на момчето кое пукало. Полицијата не знае зошто мирното момче, како што го опишуваат, го зело пиштолот на неговите родители и пукало во децата и наставникот. Амаја вели дека видела како неколку пати бил малтретиран од врсници и смета дека тоа може да биде мотивот за пукањето. Наставникот кој загинал, Мајк Ландсбери, бил поранешен маринец. Го преживеал Авганистан но не и средното училиште во кое се вратил да работи - пишува Си Ен Ен. Тој се обидел да му се приближи на детето кое пукало и да го разубеди, но бил смртно погоден. Овој трагичен случај уште еднаш го отвори прашањето за безбедноста на училиштата во САД и употребата на оружјето. Минатата недела средношколец во Тексас се самоуби пред учениците. Во август во северна Каролина средношколец пукаше во врсник и го погоди во вратот. Минатата година во пукањето во основно училиште во Конектикат имаше 26 жртви и се отвори дебата на ниво на целата земја за употребата и поседувањето на оружје и за безбедноста во американските училишта. Мајка на ученик убиен во училиштето во Конектикат лани, по вчерашното пукање во Невада апелира да се преземе конечно нешто, учениците на училиште да бидат безбедни. / извор: Си Ен Ен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаОд денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во ОхридПоради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона. Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌе можат ли младите брачни парови полесно да доаѓаат до стан?Најмалку 20% пониска цена за становите наменети за млади брачни парови до 35 години, но попустот нема да се пресметува според цената што инвеститорот ја бара во моментот, туку според просечната цена на продадените станови во претходната година. Ова дополнително го појасни премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера ги најави новите мерки за полесно решавање на станбеното прашање на младите, меѓу кои и обврската градежните компании да издвојат најмалку 10% од станбената површина во новите објекти за млади брачни двојки. Мицкоски вели дека со законски решенија и подзаконски акти ќе се спречат можните злоупотреби, а најави и горна граница за цените на комерцијално продаваните станови. -Оваа цена која што ќе биде понудена на брачни парови до 35 години ќе биде за 20% минимум, за 20% пониска од цената за катастарската општина просечна во претходната календарска година. И тука ќе нема можност за артифициелно или вештачко зголемување на цената на квадратот. Значи силингот, односно плафонот ни е јасен и врз основа на тој плафон за младите брачни парови, односно брачните парови до 35 години, ќе ја добијат цената за таа катастарска општина.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Освен оваа мерка, Мицкоски најави и ослободување од комуналии за градење на куќа за младите – мерка која според градежниците побрзо и поедноставно би се спровела. Од здружението за градежништво при стопанската комора ја поздравуваат иницијативата на Владата, но сметаат дека треба поширока дискусија и консултации со инвеститорите и бизнис-заедницата. - Овие исклучувања тврдам дека нема да имаат никаква улога ниту импакт врз цената на становите во иднина, затоа што се работи за иницијативи за помош на млади брачни парови, кои што треба заедно со бизнис-заедницата да бидат усогласени во едно решение кое што ќе значи помош. Тоа е субвенција врз база на која младите би добиле станбени единици. - Андреја Серафимовски – претседател на здружение за градежништво при стопанска комора Од опозициската СДСМ пак, во соопштние оценија дека одлуката била дискриминаторска, дополнително, обинуваат дека Владата ги копирала политиките на поранешниот претседател на Србија Вучиќ. Таквата одлука е дискриминаторска и противуставна. Не смее да има старосно ограничување. Што е со немажените и неженетите до 35 години во Македонија? Зошто ваква поделба? Зошто пак кампања по примерот на Вучиќ? – соопштија од СДСМ Иако слична поддршка за младите при купување прв дом во Србија се спроведува од март минатата година, сепак моделот е поразличен. Таму, лицата од 20 до 35 години без разлика на нивниот брачен статус, можат да добијат станбен кредит со минимално учество од 1%, при што државата гарантира дел од кредитот и субвенционира дел од каматата во првите шест години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе областиГрчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на земјава во повеќе области и јавно му честиташе на македонскиот министер Тимчо муцунски.Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на земјава во повеќе области и јавно му честиташе на македонскиот министер Тимчо муцунски, во обраќањето на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ што се одржува во Атина. По него, двајцата министри попладнево имаа и билатерна средба. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28