Ученик спроведен во полиција во Белград: Донел список за отстрел и нож - Канал 5

Ученик спроведен во полиција во Белград: Донел список за отстрел и нож

Седмооделенец од Белград е спроведен во полиција на сослушување поради сомнение дека вчера во школото донел список за отстрел и нож, јавија белградските медиуми.

Ученик спроведен во полиција во Белград: Донел список за отстрел и нож

Детето го испрашува полицијата по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Тој бил ученик во основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград.

ЦУК: Пожарот кај Желино е ставен под контрола

Пожарот што избувна денеска попладне во општина Желино е ставен под контрола, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. 

ЦУК: Пожарот кај Желино е ставен под контрола

Со пожарот се зафатени десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација.

- Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во моментов е ставен под контрола. Благодарност до сите ангажирани служби за професионалноста и брзата реакција!, стои во објавата на веб страницата на ЦУК.

Оттаму целат дека состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање.

Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу попладне во изјава за медимуите рече дека има сомнежи дека човечки фактор е причина за пожарот и оти според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени се запалени гуми од возила.

Во гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино беа вклучени два авиона „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, армиски хеликоптер, полициски камиони марка МАН со цистерна од осум тона и воден топ, два „пинцгауери“, еден „хермелин“, 30 војници и повеќе екипи на Скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите од ТППЕ Тетово.

Како што соопшти претходно АМСМ, поради пожарот од 13:15 часот регионалниот пат Тетово - Скопје на потег од Добарски надвозник до бензинска пумпа „Џезо Петрол“ е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува по автопат Тетово-Скопје-Тетово кај село Групчин и село Желино.

Во текот на денешниот ден, заклучно со 14 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, три се под контрола, а три се изгаснати.

Покрај пожарот во Желино, активни се и пожарите во општините Василево – с. Нивичино, каде гори нискостеблеста шума, Македонски Брод – село Грешница со зафатена мешана шума и ниска вегетација, Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, мешана шума и ниска вегетација. Поради силен ветер повторно е активен пожарот во Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со краци во неколку правци, каде е зафатена мешана нискостеблеста деградирана шума, а пожар има во Општина Сарај до Обиколницата каде гори сува трева.

Ѓорчев: Во Неготино разговаравме за сите теми од лозарство до животниот стандард, Македонија оди напред

Добар ден на сите, поздрав од Неготино каде што навистина имавме добра средба со граѓаните, одиме од населба во населба, од село во село, ја посетуваме цела Македонија.

Ѓорчев: Во Неготино разговаравме за сите теми од лозарство до животниот стандард, Македонија оди напред

ВМРО-ДПМНЕ е на терен, ги објаснуваме владините политики, даваме поддршка на предлозите на премиерот Христијан Мицкоски, и ги слушаме проблемите на граѓаните.

Ја подготвуваме нашата програма за локалните избори, затоа што имаме сериозна, сериозна намера да победиме и во Неготино, и во целата Тиквешија, но и во цела Македонија.

Разговараме за темите поврзани со земјоделието, од тутунот преку лозарството и грозјето, до сите оние други теми поврзани со живеачката, со платите, со животниот стандард, инфраструктурата, растот на пензиите којшто се случува.

Македонија е повторно земја во којашто имаме најголем раст на економијата на Балканот во првиот квартал, така што Македонија има еден позитивен моментум, државата оди напред, ние имаме уште многу многу повеќе да направиме.

Заедно ќе го направиме тоа, заедно во тимови, заедно со луѓето, заедно со народот.

Се најубаво, одиме понатаму, поздрав Македонијо од Неготино, секое добро! , рече Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .

YouTube video

Во Јелоустоун е убиена црна мечка, која научила да зема храна од луѓето- прв таков случај по 5 години

Црна мечка која научила да се храни со луѓе е убиена во Националниот парк Јелоустоун по серија вознемирувачки инциденти кои „претставувале јасна закана за безбедноста на посетителите“, соопштија официјални лица.

Во Јелоустоун е убиена црна мечка, која научила да зема храна од луѓето- прв таков случај по 5 години

Службата за национални паркови во соопштението наведува дека мечката била убиена од страна на персоналот на Националниот парк Јелоустоун по „серија вознемирувачки инциденти во камп во зафрлена природа“ во северниот дел на паркот, објави денес ABC News.

Службениците изјавија дека ова е првата црна мечка убиена во Јелоустоун за пет години, а последниот таков случај бил во јули 2020 година, кога црна мечка била убиена откако повредила кампери и украла човечка храна во камп во зафрлена природа.

„Мечка здроби празен шатор во кампот на 7 јули. Неколку недели подоцна, на 11 јули, мечката се искачи на столб за складирање храна во кампот, ги искина правилно складираните кеси со храна и ја изеде храната на камперите“, соопшти Службата за национални паркови во соопштението.

Во соопштението се вели дека откако мечките ќе почнат да набавуваат човечка храна, „тие можат брзо да станат зависни од храната и може да се однесуваат агресивно или опасно во близина на луѓе, загрозувајќи ги и луѓето и дивиот свет“.

Упатствата на паркот бараат од камперите во оддалечените области да ја закачуваат храната на столб или да ја прицврстуваат во кутија во секое време, освен кога готват или јадат.

притисни ентер