Ученик (14) со нож избодел наставничка пред влез на основно училиште во Франција - Канал 5

Ученик (14) со нож избодел наставничка пред влез на основно училиште во Франција

Сериозно злосторство ја потресе Франција вчера наутро, кога Мелани Г., 31-годишна наставничка во средното училиште „Франсоаз-Долто“ во Ножен (оддел Горна Марна), починала откако била нападната со нож од ученик.

Ученик (14) со нож избодел наставничка пред влез на основно училиште во Франција

Сериозно злосторство ја потресе Франција вчера наутро, кога Мелани Г., 31-годишна наставничка во средното училиште „Франсоаз-Долто“ во Ножен (оддел Горна Марна), починала откако била нападната со нож од ученик за време на рутинска проверка на чантата на влезот во училиштето, објави Мирор.

Нападот се случил додека припадниците на жандармеријата вршеле безбедносна проверка во близина на училиштето.

Ученик на возраст од 14 години, одеднаш извадил нож и смртоносно ја избодел Мелани. Итните служби брзо интервенирале, но младата жена набрзо им подлегнала на повредите.

Според локалните медиуми ICI, Мелани неодамна го прославила својот 31-ви роденден и била мајка на четиригодишно момче. До септември 2024 година работела како фризерка, по што одлучила професионално да се преквалификува и да се посвети на работа со деца. Била вработена како помошник наставник во училиштето каде што го загубила животот.

Градоначалникот на Ножен, Тиери Понс, рекол дека Мелани била „многу љубезна, посветена и пристапна личност“.

„Таа сакаше да се фокусира на работа со млади луѓе, да пренесува знаење и да ги поддржува. Беше многу добро прифатена во училиште“, рече Понсе.

Нејзиното семејство и пријателите се во шок. Еван, 21, посинок на жртвата, ја опишал како „љубезна мајка, прекрасна партнерка и љубезна личност“.

Нејзината другарка од средно училиште, Полин, низ солзи рече: „Мораме да му кажеме на нејзиниот син дека неговата мајка никогаш нема да се врати. Тоа е незамисливо. Се надевам дека правдата ќе биде задоволена - тој беше доволно возрасен за да земе нож и да го одземе животот на млада жена која имаше иднина“.

Напаѓачот, 14-годишен ученик во училиштето, моментално е во притвор. Неговите мотиви сè уште се непознати, бидејќи тој не им дал никакви причини на истражителите.

Министерката за образование Елизабет Борн потврди дека младиот човек претходно бил двапати исклучен од училиште поради нарушување на наставата. Иако претходно немал никакви проблеми со законот, тој бил именуван за „амбасадор против малтретирање“ на училиштето. Истрагата за трагичниот инцидент е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Групната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот.

Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија.

Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска

Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.

Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули.

Пинг-понгарска федерација на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ.

С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите.

На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер