Учениците во Грција се враќаат во училишните клупи со превентивни мерки за заштита од Ковид-19 - Канал 5

Учениците во Грција се враќаат во училишните клупи со превентивни мерки за заштита од Ковид-19

Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на заразени со Ковид-19.

Учениците во Грција се враќаат во училишните клупи со превентивни мерки за заштита од Ковид-19

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните празници, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, но со препораки и упатства од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) поради зголемениот број заразени со Ковид-19 и грип во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на заразени со Ковид-19, но и болни од грип, па затоа од ЕОДИ во петокот објавија упатства за наставниците, учениците и останатиот персонал, со цел да се намали опасноста од ширење на респираторни инфекции во училиштата.

Од Националната организација за јавно здравје апелираат до учениците и наставниците да се придржуваат до основните мерки како што се редовно миење раце, добро проветрување на училниците, одржување растојание, кашлање и кивање во лактот или во марамче итн.

Посочуваат дека доколку некој од учениците има симптоми на респираторна инфекција (болки во грлото, кашлица, течење на носот) или има позитивен резултат од Ковид тест или тест за грип се препорачува да остане дома и да ги ограничи контактите со други луѓе.

Согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје објавен во четвртокот, во периодот од 25 до 31 декември, „значително е зголемена позитивноста кај сите тестирани примероци во однос на претходната седмица“, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно.

Хоспитализирани биле 1.818 лица, за 44 отсто повеќе од просекот во изминатите четири седмици, зголемен е бројот и на пациентите приклучени на апарати, а намалување има на бројот на починати од Ковид-19, вкупно 57, наспроти 62 лица минатата седмица. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

IN MEMORIAM: Почина Бранко Радовановиќ, легендарниот македонски воен репортер и уредник

Известуваше од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција.

IN MEMORIAM: Почина Бранко Радовановиќ, легендарниот македонски воен репортер и уредник

Замина Бранко Радовановиќ, легенда на македонското новинарство кој ја напушти сцената, оставајќи зад себе спомени, професионална трага и многу приказни што ќе продолжат да се раскажуваат.

Радовановиќ беше име препознатливо во македонскиот медиумски простор

Роден е на 16.06.1947 во Битола

Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград

Добитник е на признанието Крсте Мисирков

Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за Млад Борец и како студент и по дипломирањето работејќи за Вечерне Новости и како надворешен соработник во Нова Македонија;

Од 1977 до 1980 бил новинар во весникот на МЗТ и уредник во Стопански Весник;

Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција;

Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ;

Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ;

Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција;

Г. Радовановиќ ги напиша текстот и сценариото на документарната програма “Вчера беше денес”, што беше емитувана на МТВ.

Во 1994 година го доби признанието Кристе Мисирков.

Бранислав Бранко Радовановиќ беше член

на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)

Хајли Бибер повторно привлече внимание со модно издание во кое одлучи да ги прескокне панталоните. 

Хајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)

Таа објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во проѕирни светкави хулахопки, црна танга и црн топ со отворени рамена. Фотографиите се дел од новата кампања за брендот Calzedonia.

Манекенката ги сподели фотографиите на 28 октомври, а во описот на објавата ја означи Calzedonia и додаде емотикон во форма на црно срце. Со ова издание, таа покажа малку посмела страна од својот стил, само десет дена откако се појави на црвениот тепих во сосема поинаква комбинација.

Имено, на гала вечерата на Музејот на Филмската академија на 17 октомври, таа носеше нежно розов фустан од Шанел, кој го надополни со бисерни обетки и темен лак за нокти. Ја остави косата пуштена, со разделба во центарот, а целото издание беше значително поромантично од нејзината најнова кампања.

„Сакам мојот стил да го одразува тоа како се чувствувам“

Во интервју за Vogue Australia во февруари оваа година, Хајли зборуваше за својот пристап кон модата и откри што ја води при изборот на облека. „Се водам од тоа како се чувствувам и од мојот сопствен инстинкт. Секогаш сакам мојот стил да ме одразува мене и моето расположение“, рече таа.

Таа исто така објасни дека наоѓа инспирација во секојдневните работи, од патувања и фотографии до филмови и телевизиски серии. Таа е особено блиска до модата од деведесеттите. „Се чувствувам многу поврзана со стилот на деведесеттите затоа што изгледаше толку неоптоварен, и тоа навистина ми се допаѓа. Мислам дека дури и најобичните фармерки и маица можат да бидат многу секси“, истакна таа.

Таа е свесна за своето влијание врз модата

Во априлското интервју за списанието Interview, таа размислуваше и за своето влијание врз уличната мода, односно за фактот дека многу девојки наоѓаат инспирација за облекување токму во своите комбинации. „Гледам дека имам влијание во одредени кругови, но никогаш не би погледнала девојка и не би помислила: „Знам дека ја инспирирав“, рече таа.

Сепак, таа призна дека е среќна кога гледа девојки како се обидуваат да ги рекреираат нејзините модни комбинации на социјалните мрежи. „Гледам девојки како пишуваат: „Еј, се обидувам да го рекреирам овој изглед на Хајли Бибер“. Тоа навистина многу ми ласка, а во исто време ме прави скромна“, заклучи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе одлука за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија (ЕУФОР) „Алтеа“ во Босна и Херцеговина за уште една година.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Ова им овозможува на меѓународните сили да продолжат да дејствуваат во БиХ, со задача да одржуваат безбедна средина и стабилност во земјата, објавува RTRS.

Мандатот на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ е продолжен за дополнителни 12 месеци, а одлуката е донесена со гласање на членовите на Советот за безбедност на ООН.

Ве потсетуваме дека во несреќата на италијанскиот воен хеликоптер во близина на Брчко, што се случи за време на ангажманот во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, загинаа четири припадници на италијанските сили, додека 11 други лица беа повредени.

Мисијата ЕУФОР „Алтеа“ беше воспоставена во БиХ во 2004 година, по завршувањето на мисијата на НАТО, со задача да одржува безбедна средина и да го спроведува воениот дел од Дејтонскиот мировен договор.

Ова е меѓународна воена мисија на Европската Унија што дејствува низ цела Босна и Херцеговина.

Според податоците од 2026 година, мисијата има околу 1.500 војници од 25 земји, а нејзиното седиште е во кампот Бутмир во близина на Сараево.

Од првичните приближно 7.000 членови, колку што имаше по нејзиното основање, бројот на војници се намалуваше со текот на годините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер