Ученици од шесто одделение бојкотира настава во Кичево поради префрлен „проблематичен“ ученик - Канал 5

Ученици од шесто одделение бојкотира настава во Кичево поради префрлен „проблематичен“ ученик

Ученици од шесто одделение во Основното училиште „Владимир Полежиноски“ во Кичево веќе три дена ја бојкотираат настава поради префрлување на, како што тврдат родителите, проблематичен ученик во нивниот клас. 

Ученици од шесто одделение бојкотира настава во Кичево поради префрлен „проблематичен“ ученик

21 ученик од шесто одделение во кичевското училиште Владимир Полежиноски три дена ја бојкотираат наставата поради проблематичен ученик кој бил префрлен во нивниот клас. Родителите на учениците во писмен допис до Канал 5 ТВ тврдат дека ученикот бил префрлен против нивната волја и дека бил како што велат, агресивен и се однесувал девијантно. Иако тврдат дека се обратиле до сите надлежни институции, досега не биле преземени никакви мерки со што би се вратиле нивните деца на настава, а најавуваат и дека ќе продолжат со бојкотот се додека не се премести ученикот.

„Причината за нашиот бојкот е одлуката на директорот Горан Каранфилоски да премести ученик во нашиот клас за кој стравуваме дека е ризик за безбедноста на сите во класот. По сите сознанија кои ги имаме од родители кај кои претходно учел, станува збор за доста агресивно и девијантно однесување. Нема да отстапиме по ниедна цена од нашето барање таа одлука да се поништи се додека не добиеме писмен одговор. Родителите се согласни децата да започнат со настава доколку се испочитува заклучокот кој е донесен во четвртокот кај градоначалникот во присуство на инспекторатот, но за истото требаше да бидеме известени. До овој момент немаме повратен одговор дека има договор помеѓу директорот, инспекторатот и градоначалникот.“ –велат родителите за Канал 5 ТВ.

Директорот на училиштето Горан Каранфилоски не сакаше да даде официјална изјава но во краток телефонски разговор за КАНАЛ 5 уверува дека се преземени сите потребни мерки. Според него, ова е привремено решение додека се изнајде трајно, а дотогаш, вели, не може да се направи ништо, бидејќи ниту едно дете не смее да биде оставено без настава. Тој тврди дека за случајот е известен и градоначалникот Александар Јовановски, кој, пак, за Канал 5 ТВ вели дека засега постигнале договор со родителите за враќање на децата на настава привремено, а ПАРАЛЕЛНО се бара И трајно решение ЗА СЛУЧАЈОТ.

„Во договор со родителите, Државниот Просветен Инспектор и директорот на ОУ д-р Владимир Полежиноски изнајдовме парцијално решение и се договоривме да нема бојкот и да се изнајде трајно решение на задоволство на сите. Се надеваМ дека сите засегнати страни ќе останат кооперативни се до конечно разрешување на проблемот.“

Иако градоначалникот Јовановски тврди дека имало договор со родителите за преиин на бојкотот, тие велат дека се додека не бидат извесени писмео дека се постапува по случајот, нема да ги пуштаат нивните децат во училиште, па дури најавуваат и можност за нивно преместување во други училишта.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Натпреварот во  американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. 

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона.

Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи.

По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра.

Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка.

По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт.

„Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Џаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“.

Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“.

Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски.

Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби.

Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицата

Денес, во касарната „Илинден“ во Скопје, припадниците на Баталјонот за почести со воена свеченост го одбележаа 11 Ноември – Денот на единицата.

Баталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицата

На денешната свеченост присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик- министерот за одбрана Адмир Шабани, заменик-началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, командантот на Првата механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, команданти на единиците во составот на Армијата, претставници од Сојузот на борците, како и голем број поранешни припадници на Баталјонот за почести.

По тој повод пред присутните се обратија началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на Баталјонот за почести потполковник Игор Милчов.

Началникот на Генералштабот на Армијата во своето обраќање истакна дека Баталјонот има одговорна мисија која директно ги претставува угледот и авторитетот на Армијата, институционалниот и националниот идентитет на татковината. Потсетувајќи на историските корени од Првата македонско-косовска ударна бригада и Првата гардиска бригада, началникот порача дека традицијата се одржува преку личен пример и врвен професионализам.

„Вашата мисија не остава простор за импровизација, ниту дозволува компромис со квалитетот. Во вашата служба нема мала или голема задача – беспрекорноста мора да биде ваш секојдневен професионален стандард“, нагласи началникот на Генералштабот.

Упатувајќи признание до припадниците на Баталјонот за почести, за нивната улога во афирмацијата на Армијата и државата, им го честиташе празникот и им порача гардиските вредности – чест, храброст и посветеност, заедно со мотото „Lux Aeterna“ (Вечна Светлина), да продолжат да бидат нивен водич во службата.

Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Игор Милчов, се осврна на реализираните задачи во изминатиот период, меѓу кои официјалните пречекувања со највисоки воени почести, церемониите за смена на државното знаме, билатералните соработки и другите протоколарни активности. Воедно го истакна придонесот на Воениот оркестар, чиј професионализам и посветеност доаѓаат до израз преку бројните протоколарни и меѓународни ангажмани, како и традиционалниот предновогодишен концерт. Притоа, во својот говор изрази благодарност за континуираната поддршка од претпоставената команда, како и за придонесот на сите припадници во градењето цврст колектив, заснован на гардиските вредности .

На денешната свеченост беа доделени стимулативни мерки на припадниците од баталјонот, кои во изминатиот период особено се истакнале во извршувањето на своите задачи. По повод заминувањето во пензија на наредник Горанчо Атанасовски му беше доделена Плакета во знак на благодарност за долгогодишната служба во Армијата.

Во пресрет на празникот беше реализирана хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст, а беше спроведена и акција за доброволно дарување крв.

Баталјонот за почести го прославува Денот на единицата како носител на традициите на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада, формирана на 11 ноември 1943 година во селото Сливово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер