ЖивотУченичка изела парче баклава, паднала во кома и починала- таткото ќе го тужи училиштето во САДТаткото на ученичката која починала откако јадела популарен десерт на час, најави дека ќе го тужи училиштето во Флорида за небрежност што довело до смрт на неговата ќерка.Кејлин Браун (17) од Џексонвил трагично починала, откако ѝ била послужена баклава во средното училиште Атлантик Коуст, иако страдала од алергија на јаткасти плодови. Со оглед на тоа што Кејлин не знаела од што е направена баклавата, ги прашала вработените во училиштето дали во неа има јаткасти плодови и тие и рекле дека не, пренесува Dailymail. Нејзиниот татко Стивен Браун изјавил дека Кејлин тогаш ја изела баклавата, но се покажало дека имало фил од ф'стаци. Не долго потоа, Кајлин почнала да чувствува симптоми на алергиска реакција. Таа информирала училишен работник за нејзината состојба, но ѝ било дозволено да го напушти училиштето наместо да биде упатена кај училишната медицинска сестра за итна евалуација, како што налага нејзиниот план за алергија. Florida high school student, 17, falls into a coma and dies after eating popular dessert in class https://t.co/TMFN6FBCEZ pic.twitter.com/A0STRy3iXV — Daily Mail Online (@MailOnline) January 9, 2025 Кајлин се обидела да ја ублажи реакцијата купувајќи лек од блиската аптека, но набрзо доживеала анафилактичен шок и срцев удар. Три дена подоцна, на 30 април, паднала во кома и починала. Стивен Браун поднесе тужба против училишната област, обвинувајќи ги за невнимание и неуспех да го спроведат договорениот план за управување со алергија. Во тужбата се истакнуваат неколку флагрантни прекршувања на должноста, меѓу кои: несоодветна обука на училишниот персонал за процедурите за алергија на храна; Обезбедување неточни информации за состојките на десертот и дозволување на ученикот да го напушти училиштето без соодветна медицинска евалуација. Овој трагичен случај ги истакнува сериозните пропусти во училиштата во однос на безбедноста на учениците со алергии опасни по живот. Во тужбата таткото барал отштета поголема од 50.000 долари, чиј износ не е наведен. Овие пари се за покривање на трошоците на семејството по смртта на Кејлин Браун, вклучувајќи ги и трошоците за погреб, медицински сметки, губење на приход и страдање на мајката и таткото. Очајниот татко, Стивен Браун, проговори преку „News4JAX“: „Првото прашање што ми падна на ум беше - Зошто го напушти училиштето? Или зошто ѝ беше дозволено да го напушти училиштето ако наставникот знаеше дека има алергиска реакција? Првото нешто што помислив беше, зошто не беше повикан 911? изјави таткото на починатата ученичка. Отворена е веб-страница GoFundMe за да се соберат пари за да му се помогне на семејството да ги покрие медицинските трошоци. Ен Браун, бабата на починатата, рече дека Кејлин била на матурска вечер пред ненадејно да почине. „Кајлин сакаше да стане анестезиолог и ги имаше потребните оценки за тоа и сè друго со што можеше да се занимава“. Родителите решиле да ги донираат органите на својата ќерка. Од четвртокот наутро, биле собрани повеќе од 27.900 долари за помош на семејството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКим Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател. Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“. Таа секој ден ги вози на училиште И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Таа се грижи за јавното експонирање на децата Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализираниУчилиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани. „Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“. Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени. Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство. „Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот. Протести низ Франција Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови. Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000. Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите. Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook