3МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
МакедонијаУчебниците кои доцнеа речиси цело полугодие се полни со грешкиБугарија на Македонија ѝ е западен сосед, а Албанија е источно од нас.Монт Еверест е висок 29.035 метри, а не над 8.000 метри. Мртвото море е повеќе од 1.400 метри под морското ниво, а не само 400 метри....Ова се низата грешки во долгоочекуваните учебници по Историја и општество за петто одделение чиј издавач е Министерството за образование и наука, а автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, со тим рецензенти Беса Хавзиу-Исмаили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска. Откако во текот на минатата недела во дел од училиштата конечно пристигнаа учебници за прво, второ, четврто и петто одделение, родители преку социјалните мрежи реагираа на лесно воочливи неточни содржини во книгите, а од Министерството за образование и наука велат оти ќе се утврдува како се случило да има нелогичности и пропусти во учебникот. Министерството за образование и наука и Педагошката служба започнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за 5-то одделение, во кој се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, не смееја да се дозволат. Преку Националната комисија, МОН веќе побара информации за работата на сите чинители во постапката за одобрување на конкретниот учебник и по добивањето на извештајот, министерот за образование и наука ќе даде конкретен предлог за понатамошно постапување.- Министерство за образование и наука. Во соопштението на Министерството не е прецизирано дали ќе се „чешлаат“ и другите учебници кои се направени по новата програма, а засега оттаму само апелираат до сите автори и рецензенти, но и до Бирото за развој на образование и членовите на Националната комисија за учебници да ја подигнат личната одговорност и посветеност. Канал 5 побара став од Националната комисија која е најодговорна за одобрување на учебниците, но на прашањата меѓу кои е и, кој поточно ги одобрил ваквите грешки за печатење, до почетокот на вестите, одговори не добивме. Инаку, наместо учебници, на почетокот на годината основците од прво, второ, четврто и петто одделение добија материјали за учење за првото тромесечие, односно по еден учебник за сите предмети. Кога ги поминаа лекциите надлежните ветуваа дека до крај на полугодието ќе стигнат и учебниците. Министерот за образование Јетон Шаќири се правдаше дека за годинава во буџетот не биле планирани пари за ова, а рече дека ќе сноси одговорност ако доцнат учебниците наредната година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досегаЛетото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си. Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година. Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени. Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба. Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни. Извор: Б92Тагови: Велика Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст. УХМРТагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработенитеМинистерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување. По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи. МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter