МакедонијаУчебната година почнува на 1 октомври , усвоени протоколите за физичка настава во училиштатаНа седницата Владата го задолжи МОН да го промени календарот за почеток на учебната година на 1 октомври, задолжителен ПЦР тест за државјаните на Косово кои транзитираат низ земјата.Владата на денешната 82-ра седница го усвои Протоколот за постапување на основните училишта во Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта во Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година. Владата денеска донесе одлука за формирање на работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата. Оваа работна група ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на КОВИД-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното. Во рамките на заклучоците по оваа точка, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1-ви септември да започне на 1-ви октомври 2020 година. На оваа своја седница Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто поминуваат низ Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. На денешната седница Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на вирусот. Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за август 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 01.09.2020 година за да се обезбеди достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец август преку банкомати и во трговските мрежи од 02.09.2020 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуствоОд Јавното обвинителство информираат дека судењето на обвинетата Ива Михаилова за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици ќе продолжи на деветти ноември. Ива Михаилова избега во Бугарија пред две недели, тамошните власти потврдија дека нема да ја екстрадираат во Македонија..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко РистовДенеска, во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева. Според обвинението, Ристов се гони за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари бидејќи во текот на истрагата судијата не докажал дека легално ги стекнал парите. На 17 април јавното обвинителство соопшти дека биле преземени повеќе дејства и претреси, при што на 18 јануари годинава во домот на родителите на судијата во Неготино биле пронајдени вкупно 350.000 евра за чие потекло тој немал доказ и не ги пријавил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДве кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената. Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter