Убиство или несреќен случај – последни моменти од животот на познатата манекенка (ВИДЕО) - Канал 5

Убиство или несреќен случај – последни моменти од животот на познатата манекенка (ВИДЕО)

Мистериозната смрт на 18 – годишната Американска манекенка Ивана Смит е пред решавање.

Убиство или несреќен случај – последни моменти од животот на познатата манекенка (ВИДЕО)
Во јавноста се појавија снимки од безбедносните камери во котелот во Куала Лумпур , каде манекенката била на забава.
Според полициската верзија , Ивана паднала од 20 кат на зградата и загинала .
Но , според снимките се гледа дека од хотелот на раце ја изнесува маж , за кого е утврдено дека е американски трговец со криптовалути , Александар Амад Џонсон , заедно со неговата сопруга . Според полицискиот извештај , два часа подоцна паднала од балконот на покривот на соседната зграда .

Нејзиното голо тело било најдено дури попладнето по десетина часа од наводното самоубиство . Семејството ангажирало и приватен детектив , кој утврдил дека околу телото на девојката немало траги од крв , што значи дека претходно била убиена .

Облеката на манекенката не била најдена , а на нејзините раце имало траги на насилство што значи дека со некого се борела пред смртта .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во Кавадарци

Затворениот базен во Кавадарци постепено ги добива сите потребни системи за да биде целосно функционален.

Јанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во Кавадарци

Поставени се топлотните пумпи, а во тек е опремувањето со се што е потребно за еден современ затворен базен – од системите за греење и одржување на температурата, до останатата техничка опрема.

Чекор по чекор, објектот се подготвува за својата намена – спорт, рекреација и пливање во текот на целата година, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

34 издание на „Турнир на медиуми“

„34 години нè поврзуваше фудбалот. Денес ги поврзуваме луѓето“.

34 издание на „Турнир на медиуми“

Во Скопје од 7 до 9 октомври се одржува 34. Меѓународна спортско-медиумска ревија „Турнир на медиуми“, која и годинава ги обединува новинарите, спортистите, тренерите, медиумските работници и јавните личности од Македонија и регионот.

На манифестацијата учествуваат гости од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а централниот ден е 8 октомври, кога програмата ќе понуди три содржински целини – знаење, спорт и дружење.

Во 11:00 часот во Свечената сала на Ректоратот на УКИМ ќе се одржи панел-дискусијата „Спортот во ерата на вештачката интелигенција: етика, здравје и извонредност“, на која ќе се говори за примената на AI во спортската анализа, тренингот, здравјето и донесувањето одлуки, но и за улогата на човечката проценка, етиката и фер-плејот. Панелисти се проф. д-р Орце Симов, проф. д-р Влатко Неделковски, проф. д-р Маре Србиновска и тренерот Горазд Михајлов, со видеообраќање на академик проф. д-р Изет Раѓо од Сараево.

Од 13:30 часот на игралиштето на ФК Аеродром во Реонски центар Ново Лисиче следува ревијалниот спортски дел, со фудбал, пенали, гол-на-гол и други забавни натпреварувачки формати, во мешани екипи составени од новинари, спортисти, ветерани, жени и јавни личности.

Манифестацијата ќе заврши со заедничко дружење на сите учесници, со што повторно ќе се потврди нејзината основна идеја – поврзување на луѓето преку спортот, медиумите, науката, културата и јавниот живот.

По 34 години, „Турнирот на медиуми“ продолжува да ја гради традицијата, но и да ја проширува својата мисија.

„Фудбалот беше причината да се сретнеме, но луѓето беа причината повторно да се видиме. 34 години нè поврзуваше фудбалот. Денес ги поврзуваме луѓето.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола на возила за јавен превоз – за пет часа констатирани 92 неправилности

На 06.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила .

Акциска контрола на возила за јавен превоз – за пет часа констатирани 92 неправилности

На 06.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При спроведените контроли контролирани се вкупно 405 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што кај 92 возила се констатирани неправилности.

Во рамки на контролите, на технички преглед биле упатени 170 возила, додека 34 се исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Во текот на контролите поднесени се и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, а едно возило е одземено согласно член 300-б.

Констатирани се и 239 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност и сигурност при јавниот превоз на патници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер