МакедонијаУбиствата станаа секојдневие, СДСМ бара одговорност од ТошковскиБезбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие.Вчерашното убиство во Штип дополнително ја вознемири јавноста. Дивеење како на филм, за на крај да слушнеме за убиство на уште еден млад човек. Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол? Чие е возилото со кое бегал и пукал дури и на патарина? Кој го дозволил ова безредие или најточно кажано АНАРХИЈА? Почитувани, Општ хаос се случува по македонските улици. Нема ден, а да нема убиство, тепачка - граѓаните стравуваат за својата безбедност - не е сигурно ниту на улица, ниту во кафе бар, ниту дома. Вчерашното убиство во Штип, во кафе бар, е само последно во низата убиства што се случија изминатава година и тоа јавно пред сведоци. Ова е доказ дека министерот за внатрешни работи Тошковски ја губи контролата врз безбедноста на државата. Тошковски не само што нема капацитет да се справи со криминалот и да ја гарантира безбедноста на граѓаните - туку и дозволува негово слободно ширење на улиците, па дури во полициските станици. За 10 месеци Македонија се претвори во Див Запад. Серија убиства се случија само во Скопје - убиство во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари. Разбојништвото и кражбите станаа секојдневие. Криминалнците се пресметуваат по улици, се фрлаат бомби во дворови на граѓани. Луѓето се плашат да излезат од дома, додека премиерот Мицкоски дели благодарници за наводна „успешност“ на министерот Тошковски. За што, за неспособноста да се заштити еден единствен граѓанин во сопствената држава? Вака ли изгледа визијата на ДПМНЕ за „Сигурна Македонија“? Живееме во држава во која како на филм се фрлаат бомби по дворови, децата растат со звук на сирени и куршуми. Ова е реалноста - а не лажните ПР кампањи на ВМРО ДПМНЕ и на Мицкоски за тоа колку добро се живее во нашата државата. Македонија е далеку од Скандинавија, како што сака да прикаже премиерот Мицкоски. Македонија се соочува со безбедносна криза. Министре Тошковски, уште убиства е потребно да се случат за да ви пропаботи совеста и да превземете одговорност. СДСМ бара целосно расветлување за убиство во Штип и одговорност за секој друг нерешен случај. Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ СДСМ: Цените постојано растат, власта нема решение Цените во маркетите продолжуваат да се искачуваат до нереално високи нивоа, а зголемувањата достигнаа и до 60%. Овие астрономски цени не се само рекорди, туку и показател за неуспехот на актуелната влада во управувањето со економијата, дури и во најтешките периоди како што беше енергетската криза. Како што предупредувавме, мерката за замрзнување на маржите се покажа како краткорочна и неефикасна. СДСМ веќе од почетокот ги истакна нашите сомнежи дека оваа мерка нема да донесе долгорочни резултати, што се потврди со зголемените цени. Овие растечки цени се резултат на погрешните владини политики и неспособноста на Владата на ДПМНЕ да ги менаџира цените на основните производи. Секоја мерка што ја презела оваа влада до сега се соочува со неуспех. Ниту т.н. есенска и новогодишна кошничка, не успеа да го подобри животниот стандард на граѓаните. Напротив, растот на цените не престана! Владата не ја прифати нашата иницијатива за пакет од седум закони и решенија. Со нашата иницијатива, само со укинувањето на ДДВ на храната, реално ќе се намалеа цените на повеќе од 250 производи, што ќе значеше значително олеснување за граѓаните. За жал, помина цела година и овој неуспех на владата доведе до огромна штета за стандардот на граѓаните кои се во тешка ситуација и едвај врзуваат крај со крај. Власта треба да се соочи со реалноста и да ја смени својата неефикасна политика, за да ги заштити интересите на граѓаните и да се спречи понатамошно зголемување на цените, потенцираше портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во одговорот за новинарско прашање на денешната прес-конференција. Тагови: Панче Тошковски СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаКонституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинариИскра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook