1Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни
СветУбиени уште двајца виско рангирани ирански генералиДвајца високо рангирани генерали на иранските вооружени сили, заменици-началници на Генералштабот, се убиени во израелските напади врз Техеран, објави иранската државна телевизија.Не се сопштени детали за убиството на генералите, но новинската агенција Тасним објави видео на кое се гледа пожар на меѓународниот аеродром Мехрабад во Техеран, каде што има хангари за воени авиони, а кои биле цели на израелските напади. Иранските медиуми објавија и дека во нападите на Израел врз Техеран била погодена станбена зграда, при што загинале 60 лица, меѓу кои и 20 деца. Во меѓувреме, Иран потврди и дека нуклеарниот објект Фордоу претрпел ограничена штета од нападите, но оти нема опасност од радијација.Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБалетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуниНа 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов. Во насловната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари – Франциско Хименез Руиз, а во улогата на Родолф Буланже – Балаж Лочеи. Во останатите улоги настапуваат Дмитро Чеботар, Ендру Кук и Ангела Богатинова, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Госпоѓа Бовари“ претставува балетска интерпретација на едно од најзначајните дела на светската книжевност. Преку внимателно избрана музика, впечатлива кореографија и визуелно раскошна сценска поставка, претставата ја следи емотивната и психолошка драма на Ема Бовари – жена растргната меѓу сопствените соништа, страсти и ограничувањата на средината во која живее. Со современ сценски пристап и силна уметничка експресија, оваа постановка нуди длабоко и возбудливо театарско искуство за публиката.Тагови: Госпоѓа Бовари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтингМицкоски самиот се фали колку многу му пораснал рејтингот.Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите затоа расте и рејтингот на Мицкоски? Или можеби рејтингот на Мицкоски пораснал затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најмала минимална плата во регионот? Или затоа што натовари нови 2,5 милијарди евра нови долгови на грбот на народот а странските инвестиции паднаа за 60%? Можеби заради скарените субвенции за земјоделите? Дали рејтингот на Мицкоски расте затоа што не исполни ниту едно изборно ветување? Толку ли многу се благодарни граѓаните? Или рејтингот на Мицкоски расте поради најавата дека треба да чекаме децении за членство во ЕУ додека министрите во неговата влада се со бугарски пасоши? Дали поради криминалот и корупцијата и милионите украдени од криминални тендери? Рече дека нема да има предвремени избори, сега вели дека ќе има. Постојат двајца Мицковски. Едниот го менува името, другиот молчи. Едниот ќе го укинува Преспанскиот договор, другиот го фали НАТО. Едниот би одел на избори, другиот не сака. На кој од овие двајца да му се верува? М? И во Унгарија „анкетите“ контролирани од Орбан покажуваа дека тој води и дека Маџар ќе загуби, но на изборите се покажа дека тие се лажни анкети и класична манипулација. Така и кај нас со лажните анкети на Мицкоски платени 400.000 евра со пари на граѓаните. Една работа покжауваат анкетите во Македонија: Мицкоски и ВРМО многу лажат! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Неми слики – жива музика“ – уникатен концерт во Дебар на Пламенка Трајковска – гудачки квартетНа 10 јуни (среда), со почеток во 19.00 часот, во Центарот за култура – Дебар ќе се одржи мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“ единствен музички проект посветен на уметноста на немиот филм.Пред публиката ќе настапи Пламенка Трајковска – гудачки квартет, кој во живо ќе изведува музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. Концертот претставува ретка можност публиката да го доживее спојот на филмската и музичката уметност, на начин што потсетува на традицијата од почетокот на 20 век, кога музиката изведена во живо била неразделен дел од секоја филмска проекција. Настанот е во организација на Центарот за култура – Дебар, и е поддржан од Министерството за култура и туризам. Автор на проектот е Пламенка Трајковска – виолинистка, композитор, членка на Филхармонијата и основач на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“. Во својата долгогодишна кариера таа реализира бројни оригинални концертни и мултимедијални проекти, насочени кон доближување на класичната музика до пошироката публика преку современи и иновативни концертни концепти. Во составот на гудачкиот квартет настапуваат: Пламенка Трајковска – виолина, Милена Гиевска Андоновска – виолина, Љубица Бошкоска – виола и Александра Јаневска – виолончело На програмата се најпознатите музички теми поврзани со ерата на немиот филм, регтајм композиции, како и авторска музика за нем филм од Пламенка Трајковска, специјално компонирана и аранжирана за гудачки квартет. Немиот филм претставува едно од најзначајните културни наследства од почетокот на минатиот век, а музиката во него има суштинска драматуршка улога. Изведбата на оригинална и адаптирана музика во живо, во синхронизација со филмската проекција, претставува голем уметнички предизвики истовремено создава ново и автентично концертно искуство. Проектот „Неми слики – жива музика“ ја афирмира класичната музика во современ контекст и отвора нови можности за нејзино приближување до различни генерации публика, обединувајќи ги филмската уметност, музичката традиција и современата концертна интерпретација.Тагови: Пламенка Трајковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16