Убиени двајца пожарникари во Ајдахо - Канал 5

Убиени двајца пожарникари во Ајдахо

 Двајца пожарникари беа убиени со огнено оружје додека се бореа со шумски пожар во северно Ајдахо, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Кутенај. Пронајдено е тело на друг маж, а полицијата верува дека станува збор за напаѓачот. 

Убиени двајца пожарникари во Ајдахо

Огнено оружје е пронајдено до телото.

Полициските службеници разменија оган со осомничениот, но не беше јасно дали напаѓачот бил застрелан и убиен или извршил самоубиство. Мотивот за пукањето е непознат, а шерифот Ричард Норис не даде никакви детали за осомничениот, велејќи дека полицајците сè уште работат на идентификување на човекот.

Властите веруваат дека напаѓачот намерно го подметнал пожарот како дел од заседа.

Службениците на округот Кутенај рекоа дека во овој момент нема да ги објават идентитетите на двајцата пожарникари. „На нивните семејства ќе им биде потребна поддршка“, рече Норис. Тој истакна дека трет пожарникар од противпожарната служба „се бори за својот живот“.

Секретарката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, била известена за пукањето, објави Еј-Би-Си Њуз. Пожарникарите биле повикани на местото на пожарот околу 13:12 часот по локално време, рече Норис, а биле повикани на местото на настанот околу 40 минути подоцна.

Видео снимките од местото на настанот покажаа чад како се издига од густо пошумената планинска падина, како и екипи за итни интервенции и повеќе амбулантни возила.

-Ова директен напад врз нашите храбри пожарникари, напиша гувернерот на Ајдахо, Бред Литл, на Твитер, повикувајќи ги жителите на Ајдахо да се молат за нив и нивните семејства додека се достапни повеќе информации.

Литл не даде дополнителни детали за тоа дали има други жртви или како се одвивал инцидентот.

-Додека ситуацијата продолжува да се развива, ве молам да останете надвор од областа за да им дозволите на полицајците да си ја работат својата работа, продолжи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона и Челзи во трка за дефанзивец од Јувентус

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ја одреди цената за својот разноврсен дефанзивец Андреа Камбијасо, за кого интерес покажуваат богатите европски великани Барселона и Челзи.

Барселона и Челзи во трка за дефанзивец од Јувентус

Според италијанските медиуми, клубот од Торино нема намера да го пушти за помалку од 30 милиони евра.

Според „Скај Спорт Италија“, Барселона во последните денови активно се распрашува за можноста за доведување на Камбијасо.

Во исто време, „Калчомеркато.ком“ пишува дека Јувентус е подготвен да ги слушне понудите, но дека нема да го продадат 26-годишниот италијански репрезентативец за помалку од 30 милиони евра.

Камбијасо претходно беше поврзуван со Комо и Интер, но Јувентус во моментов не е во напредни преговори со ниту еден од заинтересираните клубови.

Камбијасо, кој може да ги покрива двете бековски позиции, има договор со Јувентус до јуни 2029 година. Поранешниот играч на Џенова и Болоња имаше успешна сезона во Јуве , во која одигра 47 натпревари за „бјанконерите“ во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка

Социјалдемократскиот сојуз денеска го одржува 32-иот конгрес, на кој партијата ги дефинира идните политички насоки и приоритети на партијата.. 

СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка

Во фокусот е усвојувањето на нова идеолошка платформа и програмска рамка.

Конгресот во Скопје го следи Јана Јосифоска.

Јана, што се очекува да произлезе од собирот на социјалдемократите како финален документ?

Во видеото погледнете го целиот извештај

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пецовски: Производите од медицински канабис повеќе не се табу тема за граѓаните

Се зголемува интересот за производи базирани на медицински канабис. темата која пред десет години беше табу тема, денес е нашироко позната меѓу граѓаните, вели во интервјуто за Канал 5, Душан Пецовски, генерален директор на „РЕПЛЕК“. 

Пецовски: Производите од медицински канабис повеќе не се табу тема за граѓаните

Посебно е важно што РЕПЛЕК отвори „КА“ -информативен центар каде што граѓаните може да добијат и бесплатни стручни совети за употребата на производи со медицински канабис.. Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со него.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер