Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка
1Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка
3Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотУбиена е најголемата змија на светот, научниците ја откриле пред 5 недели: Ова е кривично дело Ловци ја убиле анакондата по име „Ана Јулија“, која научниците ја откриле во прашумите на Амазон во февруари.Змијата била долга осум метри и тешка 200 килограми, а нејзиното тело било пронајдено на 24 март како лебди во реката Формосо на југот на Бразил. За потсетување, северната зелена анаконда (Eunectes akaima) е дебела како автомобилска гума и има огромна глава. Во времето на нејзиното откритие се верувало дека е „најголемата змија на светот“ и научниците ја обожавале, пренесува The Sun. Режисерот на филмот за дивиот свет, Кристијан Димитрис, потврди дека мртвата змија е истата анаконда снимена во амазонската прашума. „Ги споредив шарите на нејзиното лице, кои се како отпечатоци од прсти. Таа мора да е најпознатата анаконда во светот и целосно симболична за регионот“, рече тој. Холандскиот биолог професор Фрик Вонк, кој е снимен како плива покрај Ана Јулија, изјави дека бил тажен и лут откако ја слушнал веста. „Со многу болка во срцето, би сакал да знаете дека големата анаконда со која пливав е пронајдена мртва во реката. Слушнав од различни извори дека е убиена од огнено оружје, иако нема официјална потврда за причината за смртта. Колку треба да бидеш болен, за да го направиш тоа со толку убаво и уникатно животно“, рече тој. Професорот наведува дека, според достапните информации, анакондата била здрава и во најдобрите години од својот живот, па можела да роди многу потомци. Тој го опиша нејзиното убиство како „огромен удар за биолошката разновидност“. И покрај застрашувачката големина и способноста да проголта цел маж, Вонк се присетил на едно посебно искуство: "Пливав покрај неа најмалку еден час. Не беше вознемирувана од моето присуство. Се надевам дека сторителите ќе бидат пронајдени и кривично гонети бидејќи ваквото однесување мора најстрого да се казни. Колку што знам, полициската истрага е во тек“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаПретседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. СловачкаСловачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.„На покана на словачката амбасадорка Н.Е. г-а Ивета Хрицова и полковник Иван Улични, присуствував на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Република Словачка. Денот на Уставот е потсетник на правно-политичките темели на современата словачка држава, а Денот на вооружените сили симболизира модерна и храбра армија, подготвена да ја брани татковината. Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ. Длабоко верувам во европската иднина на македонско-словачките односи.“- стои во објавата на претседателката Гордана Сиљановска ДавковаТагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметењеПаркот на Франкофонија синоќа беше претесен за сите што дојдоа заедно да прослават 50 години Општина Центар. Многу музика, насмеани лица, публика од сите генерации и македонски песни што се пееја во еден глас ја одбележаа четвртата година на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона приредија вистинска музичка вечер за паметење, со публика која пееше заедно со нив од почеток до крај. За расположението и смеата се погрижи Сашко Коцев, кој со својот препознатлив хумор и непосредност ѝ даде посебен печат на целата вечер. Градоначалникот Горан Герасимовски од сцената им се обрати на присутните и им се заблагодари што во толку голем број дојдоа заедно да го одбележат јубилејот на Општината. „Вечерва не сум овде пред вас само како градоначалник. Тука сум како еден од вас – како сосед, како пријател, како човек кој го сака Центар. Вечерва славиме половина век Центар, половина век генерации кои растеле тука, создавале семејства, пријателства и спомени и го правеле Центар тоа што е денес. Ви благодарам што сте тука и што овој јубилеј го славиме заедно“, порача Герасимовски. „Нешто што ќе остане“ веќе четврта година е настан посветен на македонската музика и домашните изведувачи. Герасимовски нагласи дека токму тоа е идејата која Општина Центар сака да ја продолжи и во иднина. „Имаме одлични македонски музичари и уметници и тие заслужуваат сцена, публика и поддршка. Сакавме овој настан да биде наш – со наша музика, наши изведувачи и наша публика. Тоа го правевме досега и тоа ќе продолжиме да го правиме“, истакна Герасимовски. А синоќешната слика од Паркот на Франкофонија најдобро покажа зошто – илјадници луѓе, различни генерации, македонска музика и една заедничка причина за славење – 50 години Центар. Вечер што ќе се памети и уште едно „Нешто што ќе остане“. Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаВелјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра.Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери. Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб. Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови? Почитувани граѓани, Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување. Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот. Не сме исти. Разликата е евидентна. Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Александар Велјановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter