СветУбиен вооружен маж кој се обидел да влезе на имотот на Трамп, Мар-а-Лаго во ФлоридаАгентите на Тајната служба на САД застрелале и убиле вооружен маж кој се обидел нелегално да влезе во безбедниот периметар на имотот на американскиот претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида.Инцидентот се случил во Вест Палм Бич, каде што се наоѓа имотот на Трамп, а напаѓачот бил на возраст од околу 20 години, соопшти Тајната служба. Иако Трамп често ги поминува викендите во своето одморалиште во Флорида, тој денеска е во Белата куќа. Првата дама Меланија е исто така во Вашингтон. Властите сè уште не го објавиле името на човекот кој е застрелан. Според Тајната служба, тој бил „виден во близина на северниот влез на Мар-а-Лаго и се чинело дека носел пушка и канистер со бензин“. Тој бил застрелан од агенти на Тајната служба и локален полицаец. Американските медиуми потсетуваат дека ова не е првата закана по животот на Трамп. Тој беше ранет во обид за атентат за време на настан од кампањата во Батлер, Пенсилванија, на 13 јули 2024 година. На 15 септември 2024 година, пак, маж со пушка беше уапсен откако стоел во близина на голф теренот на Трамп во Вест Палм Бич додека претседателот играл. Белата куќа засега не го коментира денешниот инцидент.Тагови: Доналд Трамп Мар-а-Лаго Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter