Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“
2Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“
3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
СветУбиен е новиот лидер на Хамас- само пред 11 дена беше ликвидиран неговиот претходник Израел денеска објави дека го убиле новоназначениот воен лидер на Хамас во Појасот Газа, помалку од две недели по смртта на неговиот претходник.Лидерот Мохамед Одех беше убиен вчера во рација на неколку згради во градот Газа, по месеци надзор, според заедничкото соопштение на израелската војска и безбедносната служба Шин Бет, објави ДПА. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац претходно потврдија дека цел на нападот бил Одех, командантот на военото крило на Хамас. Во соопштението се вели дека Одех учествувал во планирањето и извршувањето на масакрот и земањето заложници на 7 октомври 2023 година. Лекарите во Газа изјавија дека Одех и четворица негови роднини биле убиени во израелските воздушни напади врз градот Газа. Вкупно шест лица биле убиени во тие напади. Израел го уби претходникот на Одех, Из ал-Дин Хадад, во воздушен напад на 16 мај. Израелскиот министер за одбрана Кац, исто така, го опиша Ал-Хадад како еден од главните организатори на нападот на Хамас на 7 октомври. Според израелските власти, Одех ја презел командата над военото крило на Хамас во Појасот Газа кратко по смртта на Ал-Хадад, иако Хамас никогаш јавно не го потврдил неговото назначување. Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас формално е во сила од октомври 2025 година, иако двете страни постојано се обвинуваат меѓусебно за кршење на договорот.Тагови: лидерот Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКремљ потврдува: НАТО предупреден за можен нуклеарен одговорПортпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Русија го предупредила НАТО за можен нуклеарен одговор на каков било обид за блокада на Калининград, истакнувајќи дека тоа е во согласност со руските прописи.„Повеќепати слушнавме изјави од Полска и од други европски земји – прилично скандалозни изјави што ја допираа темата за Калининград. Сосема е природно нашите дипломати да се обидат да ги потсетат вжештените глави во Европа на нашите стратешки документи во врска со ова прашање“, изјави Песков пред новинарите за време на брифинг. Според претходен извештај на литванскиот медиум „LRT.lt“, руската амбасада во Белгија го предупредила НАТО дека „агресивната политика што ја спроведуваат раководството на Алијансата и земјите-членки“ го зголемува ризикот од „директен вооружен конфликт“ со Русија. Исто така, беше наведено дека Москва е подготвена да го употреби својот „целосен арсенал на достапно оружје“ доколку земјите од НАТО се обидат да го „изолираат регионот Калининград“ од остатокот на Русија.Тагови: кремљ НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаВо пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ - Скопје, ги повикуваат сопствениците и љубителите на животни на настан во сабота, на 03 октомври, во паркот „Македонија“ пред Домот на култура „Билјана Беличанец“Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Дневната програма започнува во 11:00 часот, а просторот во паркот ќе претставува интерактивна зона за посетителите и милениците. Присутните ќе можат да добијат стручни совети од ветеринарен лекар за здравствената грижа и исхраната, додека професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња. Во рамките на настанот предвидени се и содржини од пет-шопови, презентации на храна и реквизити. Исто така, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“. Продолжението на програмата следува во вечерните часови, со почеток во 19:00 часот, на истата локација пред киното „Киноверзум“. Таму ќе се одржи кино проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“, настан на кој граѓаните можат да присуствуваат во друштво на своите миленичиња. Општина Кисела ВодаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски на средба со претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ, Ди ЏакомоПоддршка за развојот на одбојката и унапредување на судиските стандарди.Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Судиска комисија на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Артуро Ди Џакомо, кој в сабота во Скопје, ќе биде специјален гостин – предавач на Семинарот за судии и делегати во организација на Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Покрај Ди Џакомо на средбата присуствуваа и генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски, како и претседателот на СО при ОФМ, Влатко Ристовски и членот на ПСО, Јосип Христов. „Европските искуства и знаења се важен придонес за развојот на македонската одбојка и унапредувањето на професионалните стандарди. Континуираната едукација на судиите и делегатите е од големо значење за поквалитетни натпреварувања и усогласување со европските стандарди. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на иницијативите што придонесуваат за развој на одбојката, унапредување на стручниот кадар и размена на знаења и искуства со европските спортски институции“ - истакна министерот Борко Ристовски. Како прв човек на Европската судиска комисија, Артуро Ди Џакомо в сабота, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе одржи предавања за новите официјални правила на одбојката, кои беа тестирани во текот на летото, а ќе започнат да се имплементираат во новата натпреварувачка сезона. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook