Убиен Борис Немцов, еден од најгласните критичари на Путин/Обновен - Канал 5

Убиен Борис Немцов, еден од најгласните критичари на Путин/Обновен

Речиси сите светски западни лидери го осудија вчерашното убиство Борис Немцов, еден од лидерите на руската опозиција и најголеми критичари на Владимир Путин. Опозицијата тврди дека Кремљ стои зад ликвидацијата на Немцов како одговор да го замолчи. За Путин, станува збор за нарачано убиство, чија цел е да се дестабилизира Русија.

Убиен Борис Немцов, еден од најгласните критичари на Путин/Обновен
Со четири куршуми во грбот синоќа е убиен Борис Немцов, еден од најпознатите опозициски лидери и најголеми критичари на Владимир Путин во последниве две децении. 55-годишниот лидер, бил изрешетан додека со познатата украинска манекенка Ана Дурицкаја се враќал од вечера и минувал низ мостот кој води кон Кремљ и Црвениот плоштад.

- Г-ин Немцов околу 23.40 часот се шетал по Големиот камен мост со своја познаничка од Украина. Од зад грб му се приближил автомобил, од каде што е отворен оган врз него. Напаѓачите побегнале и се уште се во бегство, изјави Елене Алексеева, портпарол на руското мвр
Ликвидацијата на Немцов ја осудија речиси сите светски западни лидери.. Со неговата смрт, Русија го загуби најголемиот борец за човековите права, рече Обама, приклучувајќи им се на Меркел и на Оланд во апелите за итна истрага и пронаоѓање на убијците. За руската опозиција нема дилеми. Тој е жртва на Путин, потсетувајќи на неговото последно интервју на кое Немцов изјави оти стравува дека ќе виде ликвидиран од рускиот претседател. Неговото убиство се случува во пресрет на утрешниот голем антивладин протест, кој требаше да биде предводен токму од Немцов. Сега опозицијата планира протестот да го преиначи во марш на жалоста.

-Ова не е провокација, оваа е одмазда. Лидер на опозиција е ликвидиран пред ѕидините на Кремљ. Има само една вистина – убиен е затоа што ја зборуваше вистината и овој атентат мора да ја направи опозицијата уште пообединета, Михаил Касјанов, лидер на опозицијата.
- Тој беше одличен политичар, кој како ретко кој друг, го потресе владејачкиот систем. Ова нема мирно да го прифатиме, изјави член на руската опозиција
Путин изрази жалење за убиството и нареди итна истрага. Неговиот портпарол ги отфрли обвинувањата дека Кремљ стои зад ликвидацијата, посочувајќи дека Немцов никогаш не бил закана за Москва и оти се работи за политичка провокација.

-Во моментов истрагата води кон неколку верзии, меѓу кои и обид да се дестабилизира политичката ситуација во Русија. Сметаме дека Немцов може да е жртва на состојбата поврзана со украинската криза или радикалниот екстремизам, изјави Владимир Маркин портпарол Рускиот истражен комитет.

Немцов е основач на опозициското движење Солидарност, пратеник во повеќе собраниски состави и вицепремиер за време на владеењето на Елцин. Жестоко го критикуваше Путин за негова директна инволвираност во украинската војна , а го обвинуваше и за трошење милијарди долари буџетски пари за луксуз.. Тврдеше дека годишно само за одржување на јахтите и авионите троши по две милијарди долари годишно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер