Јаневска: Трета година по ред навремена набавка и испорака на учебници, сите ученици на 1 септември ќе имаат наставни помагала
2Јаневска: Трета година по ред навремена набавка и испорака на учебници, сите ученици на 1 септември ќе имаат наставни помагала
3Детското игралиште „Патрик“ беше мета на вандализам – Општина Аеродром нема да дозволи уништување на јавното добро
РакометУбедлива победа за ракометарките на ЖРК Вардар во Лигата на шампионитеРакометарките на ЖРК Вардар ја остварија првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако синоќа во СЦ „Јане Сандански“ го победија германскиот тим Лајпциг со 41:24 (19:14).Во текот на целиот натпревар „вардарки“ беа сигурни и имаа контрола над играта и резултатот. Натпреварот почна во знакот на голманката Амадин Лејно, која беше најзаслужна за почетното водство од 7:1. Гостите од Германија во финишот на првиот дел намалија на четири голови (17:13), но тоа беше се уште успеаја да направат. Во вториот дел македонскиот шампион ја казнуваше секоја грешка на противникот и во финишот на дуелот ја имаа највисоката разлика (38:21). Оваа разлика од 17 голови остана и на крајот на дуелот. Во редовите на ЖРК Вардар најефикасна беше Јованка Радичевиќ со 6 голови, а по 5 голови постигнаа: Сања Дамњановиќ, Тамара Мавсар (сите од 7 метри), Андреа Пенезиќ, Татјана Хмирова и Сара Ристовска. Голманките на македонскиот шампион имаа по 12 одбрани: Лејно во првиот дел, а Пешоа во вториот дел. ЖРК Вардар следниот натпревар го играат на 29 октомври на гости кај руската екипа Астраханочка. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаБожиновска: Енергетиката бара партнерство, градиме стабилен, предвидлив и фер енергетски системБожиновска потенцираше дека изложбата е приказна за патот што го помина македонската енергетика во изминатите две децении.„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, нашата определба е да градиме стабилен, предвидлив и фер систем – систем кој ќе ги штити интересите на граѓаните, но истовремено ќе биде поттик за нови инвестиции, иновации и развој“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешното отворање на изложбата во Националната галерија на Македонија „Чифте амам“, којашто ЕВН Македонија ја организираше по повод 20-годишниот јубилеј од своето постоење. Честитајќи го јубилејот на ЕВН Македонија, министерката Божиновска потенцираше дека изложбата е приказна за патот што го помина македонската енергетика во изминатите две децении. „Во изминатите дваесет години, ЕВН Македонија остави значаен белег во развојот на електродистрибутивниот систем, во неговата модернизација, дигитализација и унапредување. Тоа е процес кој не се мери само преку бројки и инвестиции, туку и преку подобриот квалитет на услугите и поголемата сигурност за граѓаните“, рече министерката Божиновска, порачувајќи изложбата да биде инспирација за сè што допрва треба да создадеме. Министерката потенцира дека енергетиката не е само инфраструктура, туку дел од секојдневниот живот на граѓаните и еден од темелите врз кои се гради современото општество. „Живееме во време кога енергетиката се менува побрзо од кога било. Зелената транзиција, новите технологии, паметните мрежи и обновливите извори на енергија се предизвици, но и можности што треба заеднички да ги искористиме. Затоа, искуството од изминатите дваесет години не треба да го гледаме само како повод за гордост, туку и како основа за иднината“, порача министерката Божиновска. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: Трета година по ред навремена набавка и испорака на учебници, сите ученици на 1 септември ќе имаат наставни помагалаТрета година по ред, Владата и Министерството за образование и наука обезбедуваат навремена набавка и испорака на учебници за сите ученици. Оваа година процесот е започнат уште порано во споредба со минатите две години, а неспоредлив е со претходните седум на поранешната Влада кога, верувам ќе се сетите дека во одредени години немаше воопшто печатени учебници. Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром, каде заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и директорот на Педагошката служба во МОН, Роберт Аџипетров ги претставија новите печатени учебници и заедно со градоначалникот Дејан Митески извршија увид во реконструктивни активности на училишниот објект. „Ценам дека конечно имаме стабилен систем за набавка и испорака на учебници и ова прашање кое го наследивме нерешено, е веќе апсолвирано. Одзеде време, но моравме да го надминеме како и секој друг проблем кој го затекнавме. Како Влада и министерство продолжуваме да се занимаваме со други аспекти на образованието во насока на подигнување на квалитетот на воспитно – образовниот процес“, рече Јаневска. Министерката посочи дека годинава беа организирани обуки за училишните служби за правилно пополнување на електронската апликација за порачување на учебници и училиштата одлично го завршија својот дел. Целосно нови комплети на учебници од прво до трето одделение во тираж од околу 250 илјади примероци, беа набавени и испорачани уште во текот на месец април. При набавка на истите во период од две години заштедени се околу 45 милиони денари, како резултат на постигнати пониски цени при печатењето. „Во следните неколку денови ќе започне и испораката на учебниците од четврто и погорните одделенија во основно и средно образование. Нарачките се направени, учебниците се печатат по сите предмети, вклучително и оние по сите странски јазици кои ги немаше години наназад, а од лани ги има. Исклучок ќе бидат учебниците за деветто одделение и за трета година средно, бидејќи во овие одделенија согласно етапниот план за реформирање на образовниот систем, предвидено е следната година да се изработуваат нови наставни програми и аналогно на тоа и нови учебници“, рече Јаневска. Директорот на Педагошката служба, Аџипетров информираше дека оваа година службите имаат најголем поврат на средства по основ на оштетени или изгубени учебници, што значи профункционира механизмот за подигнување на одговорноста. Сите печатени учебници се достапни и во електронски формат на платформата e-ucebnici.mon.gov.mk. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаДетското игралиште „Патрик“ беше мета на вандализам – Општина Аеродром нема да дозволи уништување на јавното доброПо синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица.Станува збор за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром – простор создаден за игра, дружење и безгрижно детство. За жал, токму ова место вчера беше мета на несовесно и недозволиво однесување, при што е причинета штета која според првичните проценки изнесува повеќе илјади евра. Веднаш по добиените информации, градоначалникот Митески заедно со екипите на Општина Аеродром излезе на терен. Од безбедносни причини игралиштето е привремено затворено, а во најкус можен рок ќе се изврши санација на штетите и замена на оштетените реквизити со нови. Случајот е пријавен во полиција и поднесени се соодветни пријави против сторителите. Ваквото однесување не смее да остане неказнето, затоа што станува збор за свесно уништување на имот што им припаѓа на сите граѓани. Посебна благодарност до нашиот сограѓанин Никола Поповиќ, кој со својата брза и одговорна реакција помогна да се спречи понатамошното дивеење и нанесување уште поголема штета. Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат вандализам, уништување на јавен имот или какво било несовесно однесување, веднаш да ги известат општинските служби и полицијата. Само заедно можеме да ги заштитиме местата што ги користат нашите деца и сите жители. Мора да ставиме крај на ваквите појави. Јавното добро не е ничие приватно игралиште за уништување. Тоа е создадено со средства на граѓаните и е обврска на сите нас да го чуваме и почитуваме. За жал, вакви случаи не се случуваат само во Аеродром, туку и во многу други општини и населени места. Затоа е потребна поголема општествена одговорност, повеќе грижа и јасна осуда на секој обид за уништување на заедничкиот простор. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter