Убедлива победа на Унион Олимпија против Левски - Канал 5

Убедлива победа на Унион Олимпија против Левски

Во првиот натпревар од 12. коло на регионалната кошаркарска АБА лига, екипата на Унион Олимпија го победи Левски.

Убедлива победа на Унион Олимпија против Левски
На средбата одиграна попладнево во Љубљана, кошаркарите на Олимпија славеа очекувана победа над последнопласираниот тим во лигата со 89:70, по четвртини 30:17, 25:25, 8:14 и 26:14.

Марко Мариновиќ со 23 и Дино Муриќ со 22 поени беа најефикасни во редовите на Олимпија, за која ова беше осма победа со која сега се проби на третото место на табелата.

Покрај овој меч, денеска во АБА лигата се играат уште три натпревари: Шолнок – Крка, Задар – Партизан и Мега Лекс – Металац.

Утре од 17 часот на програмата се два натпревари. Во Загреб, македонскиот шампион МЗТ Скопје гостува кај Цибона, а во Подгорица, Будуќност ја пречекува Цедевита.

Колото ќе биде заокружено со средбата Црвена звезда – Игокеа, која ќе се игра во понеделник.

Табела: Црвена Звезда 11-0 (победи-порази), Будуќност 10-1, Унион Олимпија 8-4, Цедевита 7-4, Партизан 6-5, Крка 5-6, Мега 5-6, Шолнок 5-6, Цибона 5-6, Задар 4-7, Металац 4-7, МЗТ Скопје 4-7, Игокеа 3-8 и Левски 1-11.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците, соопштија од Минстерството.

-Министерот Сулејмани смета дека трудот, професионалниот ангажман и придонесот на вработените во културата мора да бидат соодветно вреднувани и дека во процесот што следува треба да се изнајде решение со кое нивните права и интереси ќе бидат соодветно заштитени.– стои во соопштението..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Утврден идентитетот на лицето кое постави знаме на полициско возило во Тетово.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме беше поставено албанско знаме на полициско возило, по преземените мерки утврден е идентитетот на лицето.

Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада, а за време на митингот, некои учесници фрлаа петарди, на што полицијата одговори со солзавец.

Според „Еуроњуз“, протестот се совпаѓа со албанскиот празник Ден на ослободувањето.

Ситуацијата на протестот ескалираше откако демонстрантите фрлаа петарди и други предмети пред седиштето на владата, на што полицијата одговори со солзавец.

Протестот се одржа еден ден по демонстрациите на 28 ноември, за време на кои се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, со употреба на солзавец и молотови коктели, додека неколку граѓани беа приведени, а десетици побараа медицинска помош.

Според здравствените служби, вчера 50 лица беа упатени на медицинска помош, вклучувајќи 17 полицајци, 21 демонстрант, шест новинари и шест минувачи.

Полицијата во Тирана уапси 12 лица и отвори кривични постапки против 19 други за насилство за време на протестот одржан претходниот ден во главниот град на Албанија. Протестот, одржан на 114-годишнината од независноста на Албанија, беше организиран поради незадоволството на граѓаните од работата на владата на премиерот Еди Рама и барањата за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер