ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне со секоја следна анкета, народот не го поддржува, па се впушти во романса со Бугарија
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне со секоја следна анкета, народот не го поддржува, па се впушти во романса со Бугарија
РакометУбедлив пораз на ракометарките на првиот бараж дуел со Романија за пласман на СПЖенската ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Романија со 33-22, на гостувањето во Букурешт во првиот натпревар од баражот за пласман на Светскиот шампионат.Романките уште во првото полувреме создадоа предност од 8 гола што нашата селекција успеа некако до полувремето да ја намали на 4. Во вториот дел домашната селекција го засили ритамот, го искористи квалитетот и искуството и дојде до триумф што со едната нога ги води на мундијалот што кон крајот на одината ке се одржи во Шпанија. Реваншот во скопје ке се игра в среда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаТвојот талент заслужува можност: Македонија2025 го отвора повикот за стипендии за средношколциФондацијата МК2025 го отвора повикот за стипендии „Таленти денес – лидери утре“ за учебната 2026/2027 година и ги повикува сите амбициозни средношколци од Македонија да аплицираат и да станат дел од новата генерација млади таленти.Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот чекор во своето образование, личен развој и идни професионални цели. Преку Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“, и оваа година ќе бидат избрани 10 стипендисти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 МКД, исплатени во 10 еднакви месечни износи во текот на учебната година, односно во месеците во кои се одвива настава - од септември 2026 до јуни 2027 година. Но, оваа програма е многу повеќе од финансиска стипендија. Таа е можност за менторство, обуки, практични искуства, поврзување со успешни професионалци и учество во активности на Фондацијата МК2025 и Македонија2025. Целта е да им се помогне на младите таленти да продолжат да учат, да се развиваат и посигурно да чекорат кон своите цели. Кој може да аплицира? Право на аплицирање имаат: ● средношколци од прва до трета година на редовна настава во државни средни училишта; ● ученици со просечен успех над 4.70; ● добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природните и општествените науки, компјутерското програмирање и други области; ● кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен годишен бруто приход во семејството до 925.000 МКД. Корисниците на стипендија за 2025/2026 година потребно е повторно да аплицираат на отворениот повик, доколку ги исполнуваат критериумите. „Со оваа програма не поддржуваме само одлични ученици - поддржуваме млади луѓе со визија, труд и потенцијал. Веруваме дека вистинската поддршка, дадена во вистински момент, може да биде пресвртница во нивниот образовен и личен развој. ‘Таленти денес – лидери утре’ е повеќе од стипендија - тоа е вложување во иднината на Македонија“, посочија од Македонија2025. Досегашните стипендисти се најдобар доказ дека ваквата поддршка може да направи значајна разлика. Нивните приказни зборуваат за труд, истрајност, нови можности и верба во сопствениот потенцијал. Осознајте ги импресиите на поранешните и сегашните стипендисти тука: https://macedonia2025.com/support-fund-for-talented-students-talents-today-leaders-tomorrow/ Повеќе информации за програмата, начинот на аплицирање и потребната документација се достапни на следниот линк: https://macedonia2025.com/en/news/fondacija-mk2025-otvoren-povik-za-stipendiranje-na-deset-10-srednoshkolci-talenti-denes-lideri-utre Апликациите се поднесуваат електронски преку E-scholarships платформата на Македонија2025. За валидни ќе се сметаат само апликациите поднесени преку платформата. Крајниот рок за доставување на апликациите е 15 август 2026 година, до 23:59 часот. Досега, преку програмата „Таленти денес – лидери утре“ се доделени 50 стипендии. Сега е редот на новата генерација. Не пропуштајте ја оваа можност - аплицирајте, развивајте се и станете дел од заедницата на млади таленти и идни лидери!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаОпштина Аеродром ќе биде домаќин на најголемиот 3х3 турнир во светот – „red bull half court“Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3x3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје.На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини. Настанот ќе се одржи на целосно обновениот терен во паркот „Авионче“, кој доби нов и модерен изглед, дополнително збогатувајќи го едно од најпосетените спортски катчиња во Општина Аеродром. Покрај возбудливите натпревари, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во настапот на светски познатиот Grabo Dunks, четирикратен FIBA шампион во забивање, кој ќе приреди атрактивно шоу за сите љубители на кошарката. Со одлична спортска програма, музика и богата атмосфера, Red Bull Half Court уште еднаш ќе го претвори Аеродром во центар на баскетот и на спортските возбудувања. Општина Аеродром ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од овој уникатен настан и да уживаат во незаборавен кошаркарски викенд во паркот „Авионче“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиТрет ден од Светската универзијада во Бразилија: Два нови тимски медали за МакедонијаМакедонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите натпревари.Машкиот кумите тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во борбата за златниот медал против Шпанија, македонските каратисти повторно покажаа висок квалитет и огромно срце, но овојпат мораа да се задоволат со сребрениот медал, што претставува еден од најголемите тимски успеси на македонското универзитетско карате. Успешен ден имаа и девојките во кумите тимска конкуренција. Со сигурни и убедливи победи против Австралија и Чиле, тие стигнаа до полуфиналната фаза и борба за медал. По поразот од силната репрезентација на Шпанија, македонските каратистки го освоија бронзениот медал и уште еднаш потврдија дека припаѓаат на самиот светски врв во универзитетското карате. Со освоеното сребро кај мажите и бронзата кај жените, Македонија продолжува да испишува нови страници во својата карате историја на Светската универзијада во Бразилија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook