Во текот на изминатото деноноќие 15 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
1Во текот на изминатото деноноќие 15 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
РакометУбедлив пораз на македонските ракометари на гостувањето во ДанскаПодмладената ракометната репрезентација на Македонија на гостувањето во Олборг претрпе убедлив пораз од светскиот шампион Данска со 37-21во натпревар од четвртиот круг од квалификациите за европското првенство идната година.Без најискусните Кире Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски нашиот национален тим немаше шанси на дуелот против силните Данци кој на домашен терен бараа реванш за поразот од пред три дена во Скопје. Во редовите на црвено жолтите попладнево на мечот во Олборг најефикасен е Филип Кузмановски со 5 гола, по три постигнаа Велковски и Пешевски. Кај Данска прв стрелец е Гидсел со 7 погодоци. По денешниот меч двете селекции имаат по 6 бода и имаат по уште два меча за одигрување. Во вториот дуел од нашата група Швајцарија триумфираше над Финска на домашен терен со 32-30. Во последните два натправри од квалификациите, Македонија на крајот на април најпрво ке и гостува на Финска, а само неколку дена подоцна ке ја пречека Швајцарија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 15 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана, едно лице возело без возачка дозвола и под дејство на алкохол и едно лице возело под дејство на алкохол со активна забрана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРасчистено разбојништво од почетокот на јули во скопскоОд слобода се лишени две лица и поднесена е кривична пријаваПо преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје - ЕВР Гази Баба на 08.08.2026 во 10:20 часот на ул.„Јани Лукровски“ ги лишија од слобода Џ.А.(26) и А.А.(26), двајцата од с.Брест, скопско, поради сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичниот зкаоник. Тие се сомничат дека на 04.07.2026 во 20:45 часот во населба Илинден во Скопје физички и со дрвен предмет го нападнале Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, по што со закана со пиштол му одзеле пари. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава и изведени пред судија за претходна постапка кој им определи мерки за претпазливост.Тагови: разбојништво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваОрбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, летниот одмор деновиве го минува во Гуча, србија, каде што се одржува 65-тиот собир на трубачи.Присутните биле изненадени од ненајавениот гостин, кој го опишуваат како обичен, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во скара и пиво. Српските медиуми објавија и видео на кое се гледа дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиците, без видливо обезбедување. 📸Hungary's former PM Viktor Orbán was spotted yesterday at Serbia’s Guča Trumpet Festival with Slovak-Hungarian oligarch Oszkár Világi, MOL deputy CEO and ex-Slovnaft chief, and Daniel Taraczky, the Serbia-born architect behind Orbán’s controversial Hatvanpuszta mansion. pic.twitter.com/g4LPOp18XE — Szabolcs Panyi (@panyiszabolcs) August 9, 2026 Орбан беше премиер 16 години, пред да ги загуби изборите во април годинава од Петар Маѓар. Világi and Orbán also had lunch together on Friday: https://t.co/m6RbehleSX pic.twitter.com/HGOMuzScP6 — Szabolcs Panyi (@panyiszabolcs) August 9, 2026 ‼️ Azoknak, akik még mindig nem értik, mi a probléma azzal, hogy a MOL egyik vezető jogásza lett a hulladékgazdálkodásért felelős helyettes államtitkár: tessék megnézni a mai hírt. Orbán Viktor egy szerbiai fesztiválon a MOL vezérigazgató-helyettesével, Világi Oszkárral, valamint… pic.twitter.com/Gm4PDG0r3l — DetteSz 💬 (@DetteSzilagyi) August 9, 2026 Тагови: Виктор Орбан Гуча Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook