Убави вести од Шпанија, излекувани од коронавирус сите 25 заболени од ФК Валенсија

Сите фудбалери и членови на стручниот штаб на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија, кои беа заразени со Ковид -19 , а биле дури 25 лица се излекувани, пренесува „Марка“.

Според шпанскиот весник по денешното тестирање сите резултати на 25 заболени претставници на Валенсија биле негативни.

Пред само две недели, дури 35 % од вработените во овој клуб, 10 фудбалери 9 и 15 членови на стручниот штаб биле позитивни на коронавирус. Меѓу заразените беа и фудбалските ѕвезди Гаја, Мангала и Гарај.

Идентитетот на останатите заразени беше чуван во тајност.

Се верува дека фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Валеснија со коронавирус се заразеле за време на двомечот од Лигата на шампионите против италијанската Аталанта, дуели одиграни на крајот на февруари и почетокот на март.

притисни ентер