Убавата Индијка на плажа во Мајами - ќе ја видиме и во „Baywatch“!

34 годишната Пријанка Чопра вчерашниот ден го помина со пријатели на плажа во Мајами. Изгледа се навикна на овој амбиент, по снимањето на новиот филм за Чуварите на плажата!

Поранешната светска убавица се криеше од сонцето, покриена со кафтан, но се сврте кон камерите за на своите фанови да им ја подари нејзината впечатлива, славна насмевка!

Keeping company: The Quantico actress was flanked by a group of female friends, similarly covered up in their beach ensembles

Убавицата од Индија отиде во Мајами за светската премиера на новиот филм „Baywatch“ базиран на познатата серија од деведесеттите.

Digging a hole: Priyanka was spotted sitting on the sand, chatting with friends, as one of them buried the seemingly oblivious star's left foot in the sand


Таа во филмот ја игра „лошата“ Викторија Лидс, девојка која ја користи плажата да шверцува дрога.

Related image





Младите невработени до 29 години во Велес можат аплицираат за мерката практиканство

Младите невработени до 29 години, пријавени во Агенцијата за вработување во Велес можат аплицираат за мерката практиканство.

Невработени млади лица до 29 години со завршено средно образование и евидентирани во Агенцијата за вработување Велес кои немаат работно искуство можат да аплицираат на активната мерка за практиканство, а за што три месеци ќе добиваат финансиска поддршка од 11 илјади денари. Јавниот повик трае до утре 17 мај до 14 часот.

Оваа мерка обезбедува во период од три месеци стекнување на практични работни знаења и вештини кај работодавачите со цел извршување на потребните работни задачи на одредени работни места. Од Центарот за врабитување Велес потенцираат дека местата се ограничени, затоа сите заинтересирани невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници. Пријава за учество во мерката може да се поднесе секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. Исто така може да се аплицира и електронски преку https://e-rabota.av.gov.mk .

Од Агенција за вработување појаснуваат дека секој кандидат којшто ќе биде избран и вклучен во мерката практиканство ќе добива финансиска поддршка во износ од 11 илјади денари месечно за периодот додека ја извршува практичната обука. Исто така вклучено е и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. Правата и обврските помеѓу АВРСМ и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.

Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра

Годинешниот претставник на Хрватска на „Евровизија“ - Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, денеска изјави дека не ја прифаќа владината парична награда од 50.000 евра.

Годинешниот претставник на Хрватска на „Евровизија“ - Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, денеска изјави дека не ја прифаќа владината парична награда од 50.000 евра, бидејќи има многу поединци и организации на кои им требаат тие пари повеќе.

Бејби Лазања во објава на Инстаграм ѝ се заблагодари на Владата на Хрватска за паричната награда и од техничкиот премиер Андреј Пленковиќ... Но, побара да донираат по 25.000 евра на Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“ и Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација во Загреб.

Пленковиќ претходно на владината седница најави дека Владата ќе го награди хрватскиот претставник на „Евросонг“ со 50.000 евра, за „огромна промоција на Хрватска“ и за освоеното второ место.

Лајка: Вдоми повозрасно куче!!

Тие сѐ уште имаат многу љубов и верност за давање.

Чинот на вдомување на повозрасно куче е уникатно искуство на чиста љубов, хуманост и добрина што ќе го имате во животот. Тоа е единствена можност целосно да го отворите своето срце и да му посакате добредојде на животно кое животот можеби и не го галел претходно; прекрасен придружник кој ќе стори се да се вклопи во вашиот живот, лојален и бескрајно благодарен член на вашето семејство.

Постои идеално возрасно куче за секого, куче кое веднаш би се вклопило во различни ситуации - без разлика дали се работи за семејство со деца или самец кој работи, пензиониран пар или студент. Без разлика на контекстот, сè што сака едно повозрасно куче е да биде видено, сакано, издвоено и препознаено токму тоа како лојален придружник и другар, дел од семејството.

Возрасните животни се лесни за адаптирање, нема да поминете низ долги фази на адаптација за стекнување навики, ниту ќе останете без омилените обувки, зошто му растат заби на вашето кутре. [😊] Знаат што значи не, знаат да одат на поводник; можете веднаш да креирате заеднички авантури, да патувате со автомобил, да планирате одмор.

Прекрасни се и инспиративни приказните на вдомени постари кучиња. Бидете и вие пример со некоја таква приказна, со некој од прекрасните сениори од Лајка.

Дојдете и посетете не, бројни се шармантните сениори во нашиот стационар, а некој од нив чека токму на вас.

притисни ентер