Уапсени се вооружените разбојници кои се обидоа да ограбат салон за техника во Градски парк - Канал 5

Уапсени се вооружените разбојници кои се обидоа да ограбат салон за техника во Градски парк

Две лица се уапсени, откако синоќа се обиделе да ограбат салон за бела техника и електроника лоциран во градскиот стадион во Скопје, кога во голем дел од продавниците низ градот имаше примамливи попусти.

Уапсени се вооружените разбојници кои се обидоа да ограбат салон за техника во Градски парк

Неуспешна обид за филмски грабеж на Блек Фрајдеј. Две лица се уапсени, откако синоќа се обиделе да ограбат салон за бела техника и електроника лоциран во градскиот стадион во Скопје, кога во голем дел од продавниците низ градот имаше примамливи попусти.

Обидот за грабеж се случил синоќа околу 21 часот. Веднаш после тоа полицијата уапсила двајца разбојници.

Според информациите, инцидентот бил пријавен околу 20 часот и 30 минути. откако две вооружени лица влегле во продавницата, но биле затекнати од полициски припадници при обидот да побегнат со парите.

-Во моментот на пристигнување на полициските службеници, сторителите се затекнати како излегуваат од маркетот со огнено оружје во рацете, а од страна на полициските службеници биле издадени наредби да застанат и да го фрлат оружјето. Но, разбојниците се дале во бегство при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели и ги стигнале и совладале сторителите,- изјава, Гоце Андреевски – портпарол на МВР .

А денеска на лице место имаше вообичаена раздвиженост, но и присуство на полициски службеници.

Дел од граѓаните велат дека за настанот дознале од медиумите. Тие ја поздравија брзата реакција на полицијата.

Неофицијално, драмата траела 20-тина минути, а вооружените разбојници при упадот, освен оружје, носеле и алат, но и фиктивна експлозивна направа.

YouTube video

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и лицемерното однесување на Владата, која наместо резултати, нуди само пропаганда.

 Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

„Нашите информации се дека ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласови до сега. Таков пад на гласовите, таков дебакл до сега во историјата на државата за толку кратко време едноставно не се случил“, изјави Филипче.

Тој предупреди дека власта се обидува да ја покрие реалната состојба во државата со агресивна ПР-пропаганда, но граѓаните не се наивни.

„Не затрупуваат со информации, со пропаганда, со ПР дека прават економски бум. Што се случи? Бум слушнавме само со тоа што треснавме на земја. Евростат излегува со податоци дека сме последна земја во Европа според економската стапка“, потенцираше Филипче.

Според него, Мицкоски говори за вредности, отчетност и транспарентност, но со секој чекор ја демантира сопствената реторика.

„Зборува за транспарентна работа, зборува за отчетна работа, зборува за некаков систем на вредности, а ако навистина ја вршат работата како што треба, нема да има потреба да зборуваат за тоа. Нема да имаат потреба да зборуваат како владата и институциите треба да работат во интерес на граѓаните, ако јавната администрација сама работи така“, истакна Филипче.

Тој потсети дека кога институциите се навистина чесни и ефикасни, резултатите сами зборуваат, без да се замајува јавноста со празни приказни.

„Нема да има потреба да им зборуваат за фотелји, за клупи и за гајби на граѓаните ако навистина работат чесно. Факт е дека тоа не го прават на тој начин“, нагласи претседателот на СДСМ.

YouTube video

СДСМ

Војната на Блискиот исток влезе во седмиот ден

Војната на Блискиот исток влезе во седмиот ден, без назнаки за мировно решение на повидок. Најмалку 90 луѓе се повредени во веројатно најжестоките ирански ракетни напади врз Израел.

Војната на Блискиот исток влезе во седмиот ден

Балистичка ракета ја погоди болницата „Сорока“ во градот Бершева, кој според израелскте власти нуди услуги за милион жители од југот на земјата. Повредени се 40-ина луѓе во и надвор од објектот, кој со часови беше во пламен. Техеран соопшти дека мета не била болницата, туку израелска воена база.

-Овој проектил, односно оние кои го лансираа не се грижат, тие би убиле секого се додека е во Израел. Тоа се оние кои што одлучија да го лансираат и кои се насочени кон нуклеарна програма за да го уништат ова место и кои шират хаос и терор во целиот свет. , изјави Исак Херцог, претседател на Израел.

Освен Бершева, ирански проектили погодија и цели во Тел Авив, северниот град Холон и градот Рамат Ган, каде беше погоден облакодер, а повредени беа десетици луѓе.

-Беше како цунами. Вратата од засолништето се отвори, кучето истрча надвор. Целото соседство и влезот од зградата беа полни со стакла. , жителка на Рамат Ган.

-Утрината ја чувме бомбата, сето го видов од прозорецот. Состојбата беше мрачна и тешка. Сите прозорци се скршија. , жител на Рамат Ган.

Израелската војска објави дека извршила напади врз Иранските нуклеарни постројки во Бушер, Исфахан и Натанц, а цел бил и нуклеарниот реактор во местото Арак.

Сега очите на светот се насочени кон Трамп, кој и натаму калкулира со изјавите за евентуала директна воена интервенција на САД во Иран, по се погласните шпекулации дека нападите веќе ги одобрил, но се чека финална одлука.

-20 години зборував, можеби и подолго дека Иран не смее да има нуклеарно оружје, долго го зборував тоа, а мислам дека тие беа на неколку недели да произведат едно. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Според организацијата „Активисти за човекови права“ во седумдневниот конфликт досега загинале над 500 Иранци и 25 мина Израелци.

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар исто како и на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1), ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 76, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 78 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,149 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе чини 40,928 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек: за 3,305 отсто, кај дизелот за 8,111, кај екстра лесното масло за 7,554 и кај мазутот за 5,146 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8039 отсто.

притисни ентер