Уапсени се тројца возачи на подрачјето на СВР Тетово - возеле над 70 км/час повеќе од дозволено - Канал 5

Уапсени се тројца возачи на подрачјето на СВР Тетово - возеле над 70 км/час повеќе од дозволено

Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар ги лишиле од слобода Н.Н.(55) од Гостивар, А.А.(54) од Охрид и Л.С.(35) од с.Копачиндол, тетовско.

Уапсени се тројца возачи на подрачјето на СВР Тетово - возеле над 70 км/час повеќе од дозволено

На 25.05.2025 во периодот од 17.20 до 18.45 часот на магистрален пат Тетово – Гостивар, на наплатна станица Гостивар и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар ги лишиле од слобода Н.Н.(55) од Гостивар, А.А.(54) од Охрид и Л.С.(35) од с.Копачиндол, тетовско.

Н.Н. управувал патничко возило „фоксваген пасат“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена со 80 километри на час, А.А. управувал патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски таблички со брзина од 161 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час, додека Л.С. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максималната брзина со сообраќаен знак е 100 километри на час.

Во консултација со јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Тетово и Гостивар тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштуваат од МВР.

Хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот кај Дојран, ер трактор ќе биде вклучен во пожарот над фабриката Самоков

- Хеликоптер од рано утрово учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ 

Хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот кај Дојран, ер трактор ќе биде вклучен во пожарот над фабриката Самоков

- Хеликоптер од рано утрово учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов очекува овие два тешки пожари во текот на денот да бидат ставени под целосна контрола.

- Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосем мала брана која што хеликоптерот ја користи за полнење на вода и дејствува врз овој тежок пожар кој се наоѓа на исклучително стрмен терен. Затоа денеска го користиме хеликоптерот кој со кратки налети од три до четири минути брзо и ефикасно делува врз пожарот. Моја претпоставка е дека за неколку часа овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, а верувам и изгаснат, истакнува Ангелов во утринската изјава.

YouTube video

Ангелов се надева дека денеска под контрола ќе биде ставен и пожарот над фабриката Самоков во Македонски Брод.

Рано утрово, како што информираше, целосно е изгаснат и пожарот што три дена гореше во атарот на Чучер Сандево.

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Гувернерот на Тексас, Грег Абот изјави дека во поплавите што ја погодија американската сојузна држава загинаа 109 луѓе, а 161 се водат како исчезнати.

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Тој додаде дека продолжуваат спасувачките операции по исчезнатите лица, чиј број е многу поголем од првично објавените процени. Голем број туристи не се пријавени во хотели туку кампуваат на брегот на реката Гвадалупе, која се излеа на 4 јули.

Абот најави и дека претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија в петок ќе ја посетата поплавената област.

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Спорд информациите објавени на веб страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 11 часот. 

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

За ребалансот на Буџетот се поднесени околу 200 амандмани, од кои 160 од опозициската СДСМ.

Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае вкупно десет дена.

Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.

Вкупните приходи со ребаланост се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент.

притисни ентер