Уапсени се шестмина возачи- петмина возеле без возачка дозвола, а еден пијан предизвикал сообраќајка - Канал 5

Уапсени се шестмина возачи- петмина возеле без возачка дозвола, а еден пијан предизвикал сообраќајка

Лишени од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола, а еден управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.

Уапсени се шестмина возачи- петмина возеле без возачка дозвола, а еден пијан предизвикал сообраќајка

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се двајца гостиварци и еден албански државјанин- дрога била пронајдена при претрес на нивниот дом

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, три лица лишени од слобода.

Уапсени се двајца гостиварци и еден албански државјанин- дрога била пронајдена при претрес на нивниот дом

На 19.06.2026 година, во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.З. (27) и А.З. (23), двајцата од Гостивар, како и Ј.М. (31) од Република Албанија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

При преземање на службени дејствија, кај Б.З. била пронајдена бела прашкаста материја. Потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и подрумските простории, при што била пронајдена марихуана.

Трите лица се задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 68 654,00 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година изнесува 68 654,00 денари.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 68 654,00 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година изнесува 68 654,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 год. која изнесува 68 742,00 денари е намалена за 88,00 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јуни изнесува 84 024,00 денари, објави ССМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито!

Баналните оправдувања и очајните обиди да се релативизира одлуката со која се враќаат имиња од југословенскиот период на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово, зборуваат повеќе од која било јавна изјава на ВЛЕН.

ДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито!

Некој може да има носталгија кон Јосип Броз Тито. Некој можеби му посветувал пофални песни и бил наградуван за тоа. Тоа е прашање на лични убедувања. Но носталгијата за Тито треба да остане во личните албуми, а не на таблите со имињата на улиците во Тетово.

Тетово не е сопственост на носталгичарите по Југославија. Тетово е град со свој идентитет, своја историја, свои личности и свои вредности. Имиња како Илирида, Дервиш Цара, Kongresi i Manastirit и други личности и настани од албанската историја не можат да бидат заменети со симболи на едно минато време кое Албанците одамна го надминале.

Позагрижувачка од самата одлука е тишината на ВЛЕН. Тие што денес управуваат со Тетово и имаат свои претставници во Владата не можат да се кријат зад процедурални оправдувања. Граѓаните заслужуваат јасни одговори.

Затоа, јавно му ги поставуваме следните прашања на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами:

* Дали Општина Тетово била контактирана од Уставниот суд во врска со овој предмет?

* Кој бил официјалниот став на општината во текот на постапката?

* Дали имало официјална или неофицијална комуникација со Уставниот суд?

* Каква била улогата на претставниците на ВЛЕН во Владата?

* Каков став зазела Владата пред Уставниот суд во однос на имињата усвоени во 2007 година?

Албанците во Тетово имаат право да знаат кој молчел, кој се согласил и кој дозволил идентитетот на градот да биде ставен на удар.

Не ги потценувајте граѓаните. Не ја сметајте нивната трпеливост за слабост. Тетово нема да се врати во времето на Маршал Тито, а Албанците нема тивко да прифатат укинување на своите достигнувања.

И трпението има граници, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер