Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик
Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива нова димензија – повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор
1Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик
2Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива нова димензија – повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор
Црна хроникаУапсени се пијани возачи во Прилеп и Куманово, едниот имал дури 2,54 промили алкохол во крвта Лишени од слобода возачи во Куманово и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Куманово предизвикал и сообраќајна несреќа.На 27.01.2026 во 21:00 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј. (35) од Куманово. Претходно, во 20:20 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово М.Ј. управувајќи возило „пежо“ удрил во три паркирани возила, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта. На 28.01.2026 во 01:30 часот на ул. „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Т.(43) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта. На 28.01.2026 во 01:00 часот на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.К. (35) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,54 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”, соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законикПолитичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик.Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик. Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на опозицијата со која единствената цел е да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов Изборен законик. СДС, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, затоа што тоа го спремаат за алиби во пресрет на следниот изборен циклус. Отприлика тоа би изгледало вака, едните ќе се жалат дека не се внесени препораките на ОБСЕ и ОДИХР во новиот Изборен законик, другите ќе се жалат дека немаат повеќе пари за рекламирање, а третите ќе се жалат дека немало да се почитува волјата на граѓаните. Ова е приказната која уште сега ја кажуваме, а ќе се оствари на следните избори токму од коалицијата на СДС, Левица и ДУИ. Нов Изборен законик нема, а за тоа директно е виновна коалицијата на СДС, Левица и ДУИ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНеверојатно: Сенегалците имале гинеколог на Светското првенство?! Неуспешниот настап на Сенегал на Светското првенство во Северна Америка покрена низа прашања, а едно од најголемите се однесува на медицинскиот тим на репрезентацијата.Претседателот на Фудбалската федерација на Сенегал, Абдулаје Фал, на прес-конференција изјави дека лекарот на репрезентацијата немал соодветна специјализација за работа со националниот тим за време на Светското првенство. „Лекарот по професија е гинеколог. Тоа го дознавме доцна, а меѓу играчите постоеше загриженост во врска со нивото на медицинска поддршка што ја имаа“, рече Фал. Според него, репрезентативците немале доволно доверба во докторот, па затоа Здружението било принудено да ангажира дополнителни експерти за да го увери тимот. „Врз основа на информациите што ги добив, играчите не биле доволно убедени дека имаат соодветна медицинска поддршка. Моравме да обезбедиме дополнителни експерти за да се чувствуваат побезбедно, бидејќи здравјето е пред сè“, рече претседателот на Здружението. Сепак, Здружението за спортска медицина на Сенегал ги отфрли овие тврдења, нарекувајќи ги неосновани и клеветнички. Во соопштението за медиумите се наведува дека докторот на тимот Абдераман Федиоре има специјалистичка диплома по спортска медицина и спортска биологија, стекната на Медицинскиот факултет на Универзитетот Шеик Анта Диоп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаНиколоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива нова димензија – повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзорЗаменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, присуствуваше на промоцијата на нови возила и опрема – донација од Европската Унија Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, присуствуваше на промоцијата на нови возила и опрема – донација од Европската Унија наменета за зголемување на капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт, во вкупна вредност од 700 илјади евра. Николоски истакна дека станува збор за значајна поддршка која ќе овозможи инспекторатот многу поефикасно да ја извршува својата работа и да ја покрива целата територија на државата. „Навистина е големо задоволство да ја промовираме оваа голема донација која Европската Унија ја прави за нас. Ова е навистина многу значајно. Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија. Ако претходно вредните луѓе кои работат во инспекторатот се обидуваа колку што можат да ја покријат територијата на државата, по оваа донација ќе можат целосно да ја покријат и да бидат присутни буквално на секоја точка“, изјави Николоски. Тој нагласи дека новите специјално опремени возила ќе придонесат за поефикасен инспекциски надзор, поголема безбедност во сообраќајот и подобра заштита на патната инфраструктура. „Со овие 16 специјално опремени патнички возила, двете специјално опремени возила за следење и специјално адаптираното комбе кое ќе служи како контролен центар, инспекторатот ќе може целосно да ја заврши својата работа. Тоа значи повеќе безбедност на патиштата, побрз и поефикасен инспекциски надзор, но и подобра заштита на патиштата преку контрола на прекумерната тежина на камионите, превозот на опасни материи и контролата на автобусите за да ги исполнуваат сите стандарди за превоз на патници“, рече министерот. Според него, инвестициите во патната инфраструктура мора да бидат проследени со засилени контроли, со цел да се зачува нивниот квалитет и долговечност. „Градиме експресни патишта и автопати, но истовремено мора многу да внимаваме на безбедноста и на заштитата на патиштата. Еден од главните фактори за нивно уништување е непочитувањето на правилата. На овој начин инвестициите што ги правиме ќе добијат долгорочна вредност“, истакна Николоски. Тој упати благодарност до амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, за неговата лична посветеност во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека донацијата не се состои само од возила. „Оваа донација не се само возила, туку и современ софтвер за следење на возилата, како и знаење и обука за инспекторите во Државниот инспекторат за транспорт. Оваа донација значи иднина“, порача Николоски. Заменик претседателот во втора фаза најави дополнителни инвестиции со цел унапредување на капацитетите и ефикасноста на Државниот инспекторат за транспорт.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55