Нова бомба на АКТ: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти
2Нова бомба на АКТ: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ Архитекти
Црна хроникаУапсени се петмина, од кои четворица малолетници за лажни дојави за бомби во училиштата во Тетово Лишени од слобода пет лица од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби. Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик. МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца. Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем. СВР Тетово нема да толерира никакви обиди за загрозување на безбедноста на учениците и граѓаните. Во случаи на идни вакви дејствија ќе се преземаат најстроги законски мерки против сторителите, но и против родителите за занемарување на должноста за надзор. Ќе се иницираат педагошки и социјални мерки во тесна соработка со образовните институции и Центрите за социјална работа, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
МакедонијаОд утре бензините поскапуваат за 1,5 денари, дизелот за половина денарОд 16.6.2026 година од 00:01 часот ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе се точи за 87,50, 98 за 90 денари по литар а дизелот за 87,50 денари. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10% во однос на одлуката од 8.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,178%, кај дизелот за 4,441%, кај екстра лесното масло за 5,099% и кај мазутот намалувањето е за 3,635%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5395%. РКЕ во оваа пресметка ги вкалкулира референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), со оглед на истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата. Од 16.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 90,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 86,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,223 (денари/килограм) Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,074 ден/кг и сега ќе изнесува 46,223 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНова бомба на АКТ: Омилените фирми-тендераши на власта си имаат омилени фирми, МГ Проект и МБМ АрхитектиАКТ веќе објави тендерски скандали вредни над 100 милиони евра, како едни исти, омилени фирми на власта добиваат тендери.Три од овие омилени фирми се издвојуваат: -Ленди Груп ДООЕЛ Скопје, која добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра за период од две години. -Пирамид билдинг солушнс, со 51 тендер вреден 16 милиони евра. -Масев ДООЕЛ со 93 тендери во вредност од 18 милиони евра. Денеска објавуваме уште еден аспект на целата бизнис-шема, уште еден скандал. Овие омилени фирми за тендери на власта имаат само 2 исто така омилени фирми со заеднички проектанти и надзор. Во десетици општини и институции низ државата се повторува ист образец: истите изведувачи добиваат милионски тендери, а над нив работат само две фирми – „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“. Еве неколку примери за тоа како се врзани. 1.Ленди Груп и МГ Проект Во Кисела Вода, каде до скоро беше градоначалник Орце Ѓорѓиевски: изведувач на градежни работи е омилената фирма „Ленди Груп“, а за стручен надзор – МГ Проект. Реконструкција на улици, партерно уредување на салата „Расадник“ и други проекти. Општина Илинден: изведувач е омилената Ленди Груп, а за надзор, погодувате, МГ Проект. Апсолутен рекордер со 100 микродоговори. 2.Пирамид билдинг и МБМ Архитекти Општина Аеродром: изведувач е омилената фирма Пирамид билдинг, а главен договор за надзор има МБМ Архитекти. Општина Гази Баба: омилената фирма Пирамид билдинг, а МБМ Архитекти има два клучни договори: еден за надзор над изградба на објекти и еден за надзор над патна инфраструктура. 3.Истото важи и за Мастеф Компанијата за урбана опрема и игралишта работи исклучиво под надзор на МБМ Архитекти и МГ Проект. Општините Кисела Вода, Аеродром, Брвеница, Неготино, Министерството за спорт. За сите проекти каде работи Мастеф, се знае кои се надзор и проектанти. Овие две фирми имаат подолга историја на работење во Македонија со проектирање и надзор, но никогаш претходно во вака структурирана шема поврзана со парите од унгарскиот кредит и омилените изведувачи на ВМРО-ОКГ. Тоа го потврдуваат и бројките за профитот и склучените договори само во изминатите две години, во кои ВМРО-ОКГ има апсолутна власт во државата и во кои се реализира унгарскиот заем (со кинески пари). Па така, МГ Проект во овој период успева да склучи договори со вкупна вредност од 2,4 милиони евра. А МБМ Архитекти за овој период успева да склучи договори вредни 2,9 милиони евра! Во проценти, ако пресметаме, од 2024 година имаат раст од неверојатни 288,65%! Случајно е тоа што едни исти фирми добиваат тендери и едни исти омилени фирми вршат надзор и проектирање? Ништо не е случајно. Сè е бизнис-шема за Мицкоски и ВМРО-ОКГ, буквално сè. Почитувани граѓани, Дали гледате што се прави? Дали гледате како се вртат милиони евра, ваши пари, преку тендери? Нема пари за плати, нема пари за земјоделците, пари има само за тендери и бизнис-шеми. А кога ќе снема пари и за тендери, е тогаш ќе сакаат предвремени избори. Прашањето е до кога ќе молчи обвинителството и нема да презема ништо? СДСМ најавува испитување на сите постапки и одговорност, од прв до последен! Прес конференција на АКТ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
ЕвропаМосква ѝ порача на Европа: Не можете да ни поставувате ултиматуми Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денес, по средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Минск, дека во сегашната ситуација Европејците извлекуваат погрешен заклучок дека Русија во моментов губи на фронтКако што додаде, затоа Европејците мислат дека можат да поставуваат ултиматуми со надеж дека Москва ќе ги прифати. „Рускиот претседател (Владимир) Путин веќе зборуваше за ова во своите неодамнешни говори на разни настани. Овие пресметки се сосема погрешни и илузорни“, рече Лавров. Тој истакна дека со Лукашенко разговарал за конфликтот во Украина, објави РИА Новости. Лавров рече дека ситуацијата поврзана со украинската криза била во фокусот на разговорите со Лукашенко, наведувајќи дека Русија мора да направи сè што е можно за „правдата да победи“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook