Уапсени се осуммина пијани возачи, рекордер е кумановец со 2,55 промили алкохол во крвта - Канал 5

Уапсени се осуммина пијани возачи, рекордер е кумановец со 2,55 промили алкохол во крвта

Лишени под слобода осум возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а еден возач во Битола предизвикал и сообраќајна несреќа.

Уапсени се осуммина пијани возачи, рекордер е кумановец со 2,55 промили алкохол во крвта

На 14.01.2026 во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(61) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките Ј.Т.(24) и Ф.Т.(24) од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по преземени мерки е констатирано дека возачот на патничкото возило „форд ескорт“ го управувал возилото под дејство на алкохол, односно во организмот имал 1,81 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.

На 13.01.2026 во 23:35 часот на крстосница од ул.„Лесковачка“ и ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.П.(28) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 14.01.2026 во 00:52 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.О.(50). При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет“ со италијански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 14.01.2026 во 02:50 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Б.(38) од Неготино. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 19:30 часот на ул.„28 Август“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Р.(72) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,27 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 21:40 часот на магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода И.К.(44) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 21:13 часот на ул.„Јусуф Багери“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Љ.М.(60) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,83 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 20:58 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.А.(58) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска до Хоџа: Македонија не е на распродажба – како дадовте согласност за пет рудници?

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска побара од министерот за животна средина и просторно планирање Муамед Хоџа објаснување за согласноста на Министерството во врска со Нацрт-просторниот план, во кој се предвидува отворање на уште пет рудници.

Тренчевска до Хоџа: Македонија не е на распродажба – како дадовте согласност за пет рудници?

Тренчевска посочи дека во изминатиот период сме сведоци на најавите на премиерот Христијан Мицкоски за изградба на рудници за метали и антимон, кои се претставуваат како голема развојна шанса за државата. Таа порача дека Македонија не е приватна фирма и не е на распродажба, а природните богатства се национално богатство кое им припаѓа на граѓаните.

Тренчевска посочи дека на страница 187 од Нацрт-просторниот план се наведени пет конкретни локации – Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке. Во истиот план, како што наведе Тренчевска, се предвидува површините под експлоатација на критични минерални суровини да се зголемат од околу два на приближно десет квадратни километри, односно петкратно.

Тренчевска побара транспарентност за тоа каде би се наоѓале коповите, јаловиштата и постројките и колку би биле оддалечени од домовите и изворите на вода, посочувајќи дека станува збор за прашања што директно ги засегаат животната средина и здравјето на граѓаните.

На крајот, таа го праша министерот како е можно неговото Министерство да даде согласност за ваков план кога, како што посочи, не се знае како овие рудници ќе влијаат врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Во продолжение, интегрален текст од обраќањето на Тренчевска:

Моето пратеничко прашање, денеска е до министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, и се однесува на нешто што директно ги засега граѓаните, нивното здравје, животната средина во која живеат.

Во изминатиов период сведоци сме на најавите на премиерот Мицкоски за изградба на рудници за метали, за антимон, кои ни се претставуваат како некаква голема развојна шанса за државата.

Всушност исто како што Мицкоски секојдневно ни претставува една паралелна Македонија во која економијата цвета, инвестициите се рекордни и се оди одлично, а за жал, таа Македонија постои само во главата на Мицкоски - реалноста во која се наоѓа државата, која ја чувствуваат и ја живеат граѓаните е поразителна и загрижувачка.

Додека граѓаните живеат со секојдневните проблеми, додека земјоделците се борат за егзистенција, додека семејствата се грижат дали ќе имаат пари за храна и сметки, дали ќе имаат чиста вода за нивните деца, Владата си има други приоритети.

Не мерки за граѓаните, не чиста животна средина, не подобри услови за живот – власта си има бизнис приоритети и тоа веќе исцртани, испланирани, ставени во план.

А јасно е веќе и како ќе се реализираат – преку распродажбата на државата. Тоа е нивниот модел на „развој“ - а во позадина профити, провизии.

Оваа Влада, на чело со Мицкоски, сега распродажбата ја внесува и во Нацрт-просторниот план – документот што треба да ја определи иднината на Македонија до 2040 година.

Документот со кој, наместо да им даде сигурност на граѓаните и на идните генерации, власта ја крои својата визија за наводен развој, зад кој, под превезот на изградба на рудници и наводен економски развој, не се крие ништо друго освен распродажба на природните богатства на државата за туѓи бизнис интереси, додека сметката повторно ќе ја плаќа.

Еве да појаснам - на страница 187 од Нацрт-планот јасно е наведено дека треба да се отворат уште пет рудници на метали. И тоа не се некакви имагинарни локации.

ВО планот се веќе исцртани Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке.

Значи, додека граѓаните сè уште слушаат најави и објаснувања за идни рударски проекти, Владата веќе ги внесува конкретните локации во стратешки документ со кој се планира развојот на државата во следните 15 години.

Епа како ова го испланиравте? Па добро, кој ви даде право да ја планирате иднината на Македонија зад затворени врати и да им ја цртате средината на граѓаните во која треба да живеат?

Македонија нМакедонија не е ваша приватна фирма, не е на продажба и не може да се продава земјата, што е природно,национално богтаство кое има припаѓа на граѓаните, за туѓи интереси.

Не зборуваме за уште една зграда или уште еден пат, зборуваме за нешто што може сериозно да влијае врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Антимонот е во категорија на загадувачи, токсичен - влегува почва, во реки, во бунари, растенија - во човекот.

Зборуваме за земја, за вода, за земјоделство, за природата во која живеат цели населени места - и најважно зборуваме за здравјето на луѓето.

Иако видовме колку оваа власт се грижи за здравјето на луѓето.

5000 граѓани во Гостивар се затруја од загадена вода - 11 месеци не видовме извештај. Вардар и Лепенец згадени - нема извештај. Ете толку се грижат… не им е грижа, важно е само како да профитираат, од каде да укрдата пари, да земат провизии.

И да се вратам на просторниот план - во истиот Нацрт-просторен план се предвидува површините под експлоатација на критични минерални суровини да се зголемат од околу два на приближно десет квадратни километри.

Тоа е петкратно зголемување.

Пет пати поголем простор за експлоатација. И тука доаѓаме до најважното - вие го ризикувате здравјето на граѓаните за вашите профити, ја ризикувате животната средина, плодната земја, водата…

Во документот се бара да се планираат рудници, но граѓаните имаат право да знаат каде се коповите, каде ќе бидат јаловиштата, каде ќе бидат постројките и колку ќе бидат оддалечени од нивните домови и извори на вода.

Не готови планови зад затворени врати - транспарентност, ако воопшто знаете што е тоа.

Народот одлучува за својата иднина, не вие.

Откако еднаш ќе ја загадите водата, нема враќање назад со едно соопштение.

Кога ќе се уништи земјоделска почва, не се враќа со прес-конференција.

А кога ќе се загрози здравјето на луѓето, никаква статистика не може да ја избрише штетата.

Затоа, министер, ова не е прашање само за рудници.

Ова е прашање за тоа дали оваа држава ја планира својата иднина според интересот на граѓаните или според интересот на вашата Влада.

Оттука моето прашање до вас министре е : Кaкo е можно вашето министерство да даде согласност за ваква работа, кога ништо не се знае како овие рудници ќе влијаат врз животната средина и здравјето на граѓаните?

Што водите Вие - бизнис или министерство кое треба да гарантира чиста животна средина?

Дали ги слушате реакциите на граѓаните од југоисточниот регион за рудниците кои што се планирани токму во тој регион? Рудници за чија постапка, посебно за Казандол, веќе е завршена, повторно ја враќате во овој предлог-просторен план, се наведуива во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи -Скопје

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје.

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи -Скопје

Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот, одговори денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање во Собранието.

Тој потенцира дека ова е договорено на средбата со амбасадорот на ОАЕ во Македонија, што се одржа токму денеска во Собранието.

"Она што сакам да го објавам после денешната средба со амбасадорот е дека имавме конкретна работа за која што зборувавме, а тоа е директно авионско поврзување помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот и на бизнисот помеѓу двете држави.

​Се договоривме дека со почетокот на новата сезона на летање, односно од март месец 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Значи ќе имаме директен авионски лет којшто ќе лета Дубаи - Скопје. Тоа е веќе договорено и Flydubai ќе почне во март 2027 година, значи за некои 6 месеци од денес, да лета директно од Дубаи до Скопје, што многу ќе придонесе за зголемување на туризмот и тоа во оној период којшто во Македонија е вонсезонски, односно во период којшто е надвор од летото.

​И втората работа којашто можам да кажам дека е сè уште во дискусија, би рекол дека е многу извесно дека ќе ја договориме, тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шарџа, до Охрид, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот. Така што тоа се двете конкретни работи коишто ги договоривме денес" -потенцира Николоски.

Како што истакна, овие конкретни договори се резултат на владината посета на ОАЕ предводена од премиерот Мицкоски.

​„.На тие средби со премиерот Мицкоски и шеикот Мохамед бин Зајед, договоривме неколку значајни работи за меѓусебната соработка.

​Првата е веќе реализирана, тоа е безвизен режим, односно веќе помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати се патува без визи, што е многу значајно, особено во делот на туризмот и размена на бизнисот.

​Исто така разговараме за потенцијални инвестиции. Доста македонски компании веќе почнуваат да извзуваат во Обединетите Арапски Емирати како место коешто станува центар во моментов на она што се вика претставување, пред сè во делот на саемите, коишто се селат од Западна Европа кон Обединетите Арапски Емирати. Скоро и да немате поголема индустрија којашто својот годишен саем не го има веќе префрлено во Обединетите Арапски Емирати, без разлика дали е Абу Даби, дали е Шарџа, дали е Дубаи или некое друго место" -одговори Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напад во манастир: Еден свештеник загина, повредени се пет лица (ВИДЕО)

Напад со нож се случил во бенедиктински манастир во полскиот град Јарослав. 

Напад во манастир: Еден свештеник загина, повредени се пет лица (ВИДЕО)

Пет лица се повредени, меѓу кои тројца свештеници и една жена. Еден свештеник почина, додека напаѓачот е уапсен, објавува порталот Rmf24.pl.

Како што дознава новинарот на RMF FM, Мацеј Палачицки, полицијата во Јарослав околу 9:30 часот била информирана дека маж со нож нападнал едно лице во бенедиктинскиот манастирски комплекс на улицата Бенедиктинска број 5.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, било утврдено дека пет лица - жена и четири мажи, меѓу кои тројца свештеници, се повредени. Сите се однесени во болница. Еден од свештениците починал. Состојбата на две лица е многу сериозна.

Полицијата го уапси напаѓачот. Станува збор за 31-годишен Украинец. Кај него е пронајден нож.

Нападот се случил во рамките на центарот за духовна обнова. Како што една од калуѓерките од манастирот изјави за новинар на RMF FM, напаѓачот го искористил моментот кога портата на комплексот била отворена по посетата на група млади луѓе и влегол внатре. Тој нападнал случајно избрани луѓе.

Нема повредени деца кои го посетиле манастирот или деца кои ја посетувале градинката во рамките на комплексот.

Мотивот за нападот сè уште не е познат, а полицијата и обвинителството се на местото на настанот.

Поради нападот во бенедиктинскиот манастир, околу 11 часот во зградата на градската администрација на Јарослава започна кризен штаб свикан од градоначалникот. На состанокот присуствува и поткарпатската војвотка Тереза ​​Кубас-Хул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер