Уапсени се лидери на Балканскиот нарко картел во Германија- пронајдени накит, автомобили, евра во кеш... - Канал 5

Уапсени се лидери на Балканскиот нарко картел во Германија- пронајдени накит, автомобили, евра во кеш...

Во голема меѓународна операција поддржана од Европол, разбиена е истакната ќелија на таканаречениот Балкански картел.

Уапсени се лидери на Балканскиот нарко картел во Германија- пронајдени накит, автомобили, евра во кеш...

Во Германија, денеска беа уапсени тројца клучни членови на картелот, а во операција во која учествуваа и полициите на Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, беше запленет имот вреден повеќе од пет милиони евра, објавија Европол и хрватската полиција, пренесе Индекс.

Кулминација на сложена истрага

Денешната акција, во која учествуваа дури 500 полицајци, е кулминација на сложена истрага за шверц со дрога, перење пари и шверц со оружје. Вкупно 45 објекти беа претресени низ цела Германија.

За време на претресите, запленети се околу 50.000 евра во готово, два златници, бројни луксузни предмети како накит, часовници и чанти, како и три скапи возила. Покрај тоа, пронајдено е и наполнето огнено оружје со муниција, а конфискувани се и разни документи и електронски уреди, кои во моментов се испитуваат.

Тони кокаин и перење пари

Истрагата откри дека оваа криминална ќелија е одговорна за испорака на неколку тони кокаин со потекло од Колумбија, користејќи бројни методи за шверцување на дрогата во Европа. Мрежата била вклучена и во перење пари преку компании и недвижности во неколку земји во и надвор од ЕУ.

Тројцата уапсени имале различни улоги во криминалната мрежа - од финансиери и координатори до експерти за логистика. Главниот осомничен, по потекло од Западен Балкан и со живеалиште во Германија, е познат по користењето на препознатливо лого за кокаин како еден вид заштитен знак.

Заеднички сили против картелите

Европол одигра клучна улога во овозможувањето постојана координација, размена на информации и обезбедување континуирана аналитичка поддршка за истражување. Разузнавачките информации собрани за време на операцијата открија софистицирана и добро организирана мрежа која дејствувала на различни континенти и земји.

Во оваа операција учествуваа следните агенции: Службата за криминално разузнавање од Австрија, Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) од Босна и Херцеговина, PNUSKOK од Хрватска, Федералната канцеларија на криминалистичката полиција и државната полиција на Хесен од Германија и Службата за борба против организираниот криминал (SBPOK) од Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

 НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). 

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“  гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот.

„Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ.

Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување.

Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“.

Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.

Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер