Уапсени се четворица кавадарчани, полицијата ги сомничи дека украле ламинат од фирма - Канал 5

Уапсени се четворица кавадарчани, полицијата ги сомничи дека украле ламинат од фирма

Лишени од слобода се четворица кавадарчани, полицијата ги сомничи дека одзеле ламинат од фирма, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Уапсени се четворица кавадарчани, полицијата ги сомничи дека украле ламинат од фирма

- Вчера во времето од 16 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода кавадарчаните Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26). Тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од Кавадарци одзеле ламинат. Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе била поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба „имерзивна трансформација на глаголицата“ во музејот на современа уметност

Изложба насловена  „имерзивна трансформација на глаголицата“ на дизајнерот, уметник и интердисциплинарен истражувач Лазе Трипков е отворена во музејот на современата уметност во Скопје. 

Изложба  „имерзивна трансформација на глаголицата“ во музејот на современа уметност

Неговите истражувања траеле 6 години, а досега изложбата била претставена во Словачка, Малта и Скандинавија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар

За половина година – реализирани речиси половина од планираните капитални инвестиции.

За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар

Заклучно со 30 ти јули, според податоците објавени на министерството за финансии расходите на буџетските корисници наменети за патишта, училишта, студентски домови, болници, здравствени апарати, спортски објекти, опрема, софтвери, се реалзизирани со 47,74 % од вкупно предвидени околу 659 милиони евра.

Со висок процент на реализација на листата на министерството за финансии, која брои вкупно 85 буџетски корисници, е министерството за транспорт. Од предвидени нешто над 168 милиони евра, за 6 месеци реализирани биле над 165 милиони или 83,73%, а за трошење имаат само уште 30-тина милиони евра.

Владата и СОЗР искористиле по 67% односно 59,95% од вкупните средства кој им биле на располагање, со што на Владата и остануваат уште околу 6 милиони еввра додека во Службата за општи и заеднички работи преостануваат уште 2 милиони.

Со по околу 38 % искористеност на средствата се министерствата за образование и здравство. Со многу низок процент на реализација на капиталните расходи се издвојуваат министерството за финансии со само 3,86 %, потоа економија, правда како и министерството за одбрана, кое има еден од повисоките буџети за оваа намена, како дел од обврските од членството во НАТО. Сепак, ресорното министерство од вкупнопредвидени околу 150 милиони евра има искористено само 43 или речиси 30%.

За разика од овие, десетина буџетски корисници, немаат потрошено речиси ниту едно евро од предводените пари за капитални инвестиции, такви се фискалниот совет, оперативно техничката агенција, агенција за иновации, биро за судски вештачења.

Инаку со ребалансот на Буџетот, кој беше донесен минатиот месец, капиталните расходи се зголемија за 14,5 %, согласно фискалните правила, тие иснитуции што нема да ги исористат парите, истите ќе им бидат одземени и прераспрелени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?

Стартува судењето против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. 

Утре почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?

Тој утре за прв пат ќе седне на обвинителна клупа во Кривичен каде што ќе му суди за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ за кое во Кривичниот законик е предвидена затворска казна од најмногу пет години.

Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано во злоупотреба на службената положба. Тој и уште седум лица се товарат за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинителниот предлог беше поднесен пред десет дена на 13-ти август, а Груби кој е второбвинет во предметот во моментот се наоѓа во куќен притвор. Првообвинет е Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија. Тој и натаму е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

Според ОЈО обвинетите иако биле свесни дека Лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државата, сепак започле постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари, при што го оштетиле акционерското друштво за околу 8,2 милиони евра. Груби, како што е наведено во обвинението на владина седница одржана на 6ти јуни 2023 постапил спротивно на деловникот за работа на Владата и го заобиколил пропишаниот начин на одлучување.

- Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, соопштија тогаш од Обвинителството

Поднесениот обвинителен предлог против Груби предизвика и низа политики рекации, а отвори и нов фронт во ДУИ. Партиски членови кои отворено излегоа со поддршка за Грби го обвинија партиското раководство дека го оставиле сам да се соочува со обвиненијата. Од ДУИ пак негираа дека внатре во партијата имало дебата околку солидарсноста за Груби и сметаат дека немало докази против него и оти станува збор за политички прогон, а Ахмети во интервју за косовски медиум тврдеше дека тој лично побарал од Груби да се врати во Македонија. Од Влен пак сметаат дека Аеран Груби е „црната кутија на ДУИ“ и дека може да проговори за она што се случвало во Мала Речица со годинни и дека поради тоа изостанала партиската поддршка за долгодогшниот интегративец.

Груби повеќе од една година беше бегалец. Ја напушти државата во декември 2024 преку граничниот премин со Косово и покрај тоа што беше на таканаречената „стоп листа“. По него беше распишана меѓународна потерница. На 23 февруари годинава Груби се појави на граничниот премин „Блаце“, каде што беше приведен и однесен во притвор. Сепак, тој во затворот во Шутка се задржа само неколку часа, бидејќи мерката по неговиот распит во Обвинителството му беше заменета со куќен притвор со 24-часовен полициски надзор врз основа на проценка од МВР и АНБ дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор. Заедно со него утре на обвинителна клупа ќе седнат и уште шест лица. И тие се сомничат за Злоупотреба на службена положба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер