Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаУапсени се 14 лица за нелегална продажба на лекови и медицински помагала од Србија, Кореја и Турција Лишени од слобода 14 лица, сузбиени организирани криминални групи за нелегална продажба на лекови и медицински помагала, соопшти МВР. На 23.04.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Во рамките на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што лишени од слобода се 14 лица, дел од нив вработени како доктори на скопските клиники, сопственици на дерматолошки ординации и организатори на транспорт и продажба на илегално внесени стоки со статус на медицински лек и медицинско помагало, без одобрение од надлежен орган, без упатство и налепници. При претресите пронајдени и одземени се поголемо количество на медицински лекови и помагала (филери, ботокс, хилурон), 39.285 евра, 2490 швајцарски франци и 26.000 денари, патничко возило марка „порше“, поголема количина на парфеми и декларации за истите, мобилни телефони, тревкаста материја и др. Денеска (24.04.2026) Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против 19 физички лица и шест правни лица, и тоа: против Н.А. (43), С.К. (46), А.К. (41), М.Ѓ. (47), Ѓ.С. (32), С.М.С. (31) и В.С. (49) за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ (чл.285 ст.5 во врска со ст.1 и 2 од КЗ) и „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1 од КЗ), против В.А. (61), Р.Т.Ѓ.(53) - косопственичка на правно лице од Скопје, Н.К. (42)- вработена како доктор во ЈЗУ „8 Септември“, А.К. (45)- вработен како доктор во ЈЗУ „8 Септември“, Д.Ф. (44)- вработен во ЈЗУ „Универзитетска клинка за дерматологија Скопје“, М.И.В. (38)- вработена како доктор во ЈЗУ „8 Септември“, А.Т. (27), С.Ф. (36)- управител на правно лице од Скопје, К.А. (53)- управител на правно лице од Битола, О.Д. (65)- управител на правно лице од Скопје и С.А. (40)- управител на правно лице од Скопје за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ (чл.285 ст.5 во врска со ст.1 и ст.2) во врска со чл.22 „соизвршителство“ и „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) од КЗ, А.М. (38) за „примање поткуп“ (чл.357), „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ (чл.285 ст.5 во врска со ст.1 и ст.2) во врска со чл.22 „соизвршителство“ од КЗ и против пет правни лица од Скопје и едно од Битола за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ (чл.285 ст.6 во врска со ст.1 и 2) од КЗ. Во текот на 2026 година, пријавените Н.А., С.К., А.К. и М.Ѓ. создале злосторничко здружување со подрачје на делување во Скопје и околината, кон кое подоцна се приклучиле В.А., А.М., Р.Т.Ѓ., со користење на правно лице од Скопје, како и пријавените Ѓ.С., С.М.С., В.С. како организатори на злосторничко здружување со подрачје на делување во Скопје и Источна Македонија, кон кое подоцна се приклучиле пријавените Н.К., А.К., Д.Ф., М.И.В., А.Т., С.Ф., К.А., О.Д., со користење на правни лица од Битола и Скопје. Со намера да се стекнат со противправна имотна корист од големи размери набавиле фалсификувани медицински лекови и медицински помагала (ботокс) од Србија, Кореа и Турција. Овие медицински лекови и помагала биле внесени на нелегален начин на територијата на нашата држава со намера истите да ги складираат, дистрибуираат и продаваат, помогнати од членовите на злосторничкото здружување, во поголемиот дел доктори по професија, и да ги употребат - аплицираат на трети лица. Пријавените иако биле свесни и знаеле дека набавената стока претставува лек и медицинско помагало, согласно Законот за лекови и не била увезена согласно пропишаните правила, како и дека за истата не било издадено упатство и декларација со одобрение од МАЛМЕД, истите вршеле естетски корекции, со што предизвикале општа опасност по животот и здравјето на луѓето. Пријавениот А.М., во својство на царински службеник со намера да оствари за себе противправна имотна корист и да им помогне на пријавените организатори, примил поткуп во два наврати за да изврши службено дејствије кое не би смеел да го изврши, односно овозможил влез на нелегалната стока без да биде извршена царинска контрола на пристигнатите две кутии со лекови, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 11. септември 2026 година Дневен хороскоп за петок 11. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓи Димов во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ѓорѓи ДимовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
Рецепти Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без макаЦарската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости.Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости. Не бара сукање, ниту чекање тестото да нарасне, состојките едноставно се соединуваат, смесата се истура во плех и се пече. Најубава е додека сè уште е топла, но вкусна е и кога сосема ќе се излади. Токму затоа може да се приготви однапред и да се послужи кога ви одговара. Состојки: 4 јајца 200 мл јогурт 100 мл масло 200 г. брашно 1 кесичка прашок за печиво 150 г. шунка 150 г. полутврдо сирење 3 помали кисели краставички 1 помала црвена пиперка прстофат сол малку бибер по желба Подготовка: Скршете ги јајцата и изматете ги во поголем сад додека не станат благо пенести. Додајте го јогуртот и маслото, па сето тоа добро соединете го. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата, непрекинато мешајќи, сè додека не добиете глатка смеса без грутчиња. Шунката, сирењето и киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни коцки. Додајте ги во приготвеното тесто и измешајте со дрвена лажица или шпатула, за рамномерно да се распределат. Со солта внимавајте, бидејќи шунката, сирењето и краставичките се веќе солени. По желба додајте малку бибер. Приготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење или претходно намачкан со малку масло. Измазнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна на 180°С. Печете околу 30-35 минути, односно додека питата не нарасне и добие убава златно - румена кора. Пред крајот на печењето проверете со чепкалка. Ако излезе сува, питата е готова. Кога ќе ја извадите од рерна, не сечете ја веднаш, оставете ја да постои 10-тина минути за да се стегне и парчињата да го задржат својот убав облик. Оваа пита може да ја послужите со јогурт, кисело млеко или кефир. Погодна е да ја понесете на работа или излет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook