Уапсени се 10 возачи поради возење без возачка, со активна забрана и под дејство на алкохол - Канал 5

Уапсени се 10 возачи поради возење без возачка, со активна забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани.

Уапсени се 10 возачи поради возење без возачка, со активна забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани затоа што управувале возило без возачка дозвола.

По еден возач во Велес и Свети Николе управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, еден возач во гевгелиско управвуал возило под дејство на алкохол.

Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 14. јули 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 14. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 14. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска пријателите ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Многумина ќе го поврзат партнерот со друштвото.

Кариера

Вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи да се постигне истата цел.

Здравје и совет

Ова е ден за вашата сестраност.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе повикаат пријатели на гости или ќе отидат кај нив, па заедно ќе ја анализираат својата љубовна состојба.

Кариера

Искористете ја паузата на работното место за малку повеќе да размислите за себе и за својот начин на неприфаќање соработка со други.

Здравје и совет

Време е да пораснете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Хармонијата во емотивниот живот ќе ја стабилизира вашата врска со саканата личност . Самите секако нека излезат во друштво. Ќе им биде убаво.

Кариера

Не мора секогаш да наоѓате причина за приговор. За промена , согледувајте ги само добрите работи.

Здравје и совет

Продолжете понатаму.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе бидете целосно во својот свет , без доволно контакт со реалноста. На некој таквата состојба ќе им биде добра.

Кариера

Денеска подфобро да не ги презентирате своите креативни идеи , зашто би можело да дојде до недоразбирања и кавги.

Здравје и совет

Вежбајте концентрација.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот партнер декеска нема да покажува способност за реалност , туку обратно. Затоа сте вие тука да го спуштите на земја.

Кариера

Ќе добиете шанса да ја покажете својата прецизност. Тоа е токму она што ви треба , па со сите исли ќе го прифатите предизвикот.

Здравје и совет

Бидете отворени за секоја ситуација.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што го нема во вашите лични односи, денеска успешно ќе го надоместите со вашата фантазија.

Кариера

Оние кои работат во уметнички кругови , денеска добро ќе функционираат. Сите останати со нетрпение ќе чекаат да заврши работното време.

Здравје и совет

Не се залетувајте по нереални ситуации.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера

Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје

Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете чувствителни и со голема потреба некој да ве прегрне. Доколку сте во врска , добро е, а ако сте сами ќе ве измачуваат мечти.

Кариера

Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе заработуваат и на црно.

Здравје и совет

Внимателно со медикаментите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои денеска ќе доживеат посебно расположение за љубв. Исто така ќе покажат наклоност за да ја идеализираат саканата личност.

Кариера

Чувствувате дека нешто се подготвува и станувате нервозни одвнатре. Држете се до проверени техники.

Здравје и совет

Намалете ги слатките во исхраната.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска тешко ќе остварите каква било рамнотежа во личните односи. најдобро ќе поминат оние кои се сами.

Кариера

Доколку денеска ви предложат некаква финансиска комбинација, поврзана со вложувања, морате да расчистите секој детал во врска со неа.

Здравје и совет

Преодна кашлица.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е преубав ден за љубов. Оние во врска ќе уживаат , а осамените секако да излезат меѓу луѓе.

Кариера

Дури денеска ќе забележите дека има мали подметнувања и зајадливи коментари од луѓето кои ви завидуваат на успехот.

Здравје и совет

Уживајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата способност за комуникации и хумор ќе бидат на завидно ниво , па ќе успеете да направите и шега на сопствена сметка.

Кариера

Додека размислувате за работата , добивате главоболка , а најмногу поради ситните работи кои никако не може да се расчистат. Опуштете се.

Здравје и совет

Потребен ви е нов режим на здрави навики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маска од праска која ѝ ја враќа свежината на сувата кожа: Летен трик за лице кое изгледа одморено

Едноставна за подготовка, а потенцијално ја храни вашата кожа.

  Маска од праска која ѝ ја враќа свежината на сувата кожа: Летен трик за лице кое изгледа одморено

Едноставна за подготовка, а потенцијално ја храни вашата кожа.

Сувата кожа е особено осетлива летно време. Сонцето, ветерот, клима-уредите, честото миење дополнително ја сушат, па лицето почнува да се затега, да се лупи и делува уморно дури и кога сте наспани. Во таквите денови, годат благи, хранливи маски кои на кожата ѝ ја враќаат мекоста.

Ова е едноставен домашен третман кој се прави од праска, сочно летно овошје богато со вода, природен шеќер и витамини, па може да ја освежи кожата давајќи и привремено чувство на хидрираност. Секако, домашната маска не може да ја замени добрата нега, кремата со заштитен фактор, но може да биде солиден додаток на вашата рутина за одржување на кожата.

Зошто токму праска?

Праската има благо освежувачко дејство, а кога ќе се измеша со мед, јогурт, или маслиново масло, се добива маска што ѝ годи на уморната и сува кожа.

За сувата кожа, важно е маската да не е агресивна, затоа праската не мешајте ја со лимон, сода бикарбона или груби состојки за пилинг, туку со благи состојки што на кожата ѝ даваат чувство на мекост.

За оваа маска ќе ви биде потребна зрела праска, лажиче мед и лажиче полномастен јогурт или павлака. Праската излупете ја и изгмечете ја со виљушка, додека не добиете кашеста смеса, додајте го јогуртот и медот, и убаво соединете.

Маската нанесете ја на чисто лице, избегнувајќи го пределот околу очите. Оставете ја да делува 10-15 минути, а потоа измијте со млака вода. Нанесете хидратантна крема, бидејќи таа ќе ви помогне да ја задржите влагата.

Ако кожата ви е изразито сува, наместо јогурт можете да додадете неколку капки маслиново или бадемово масло. Важно е да не претерате бидејќи премногу масло може да биде тешко за кожата, особено ако лицето е склоно кон зачепување на порите.

Маската не се нанесува на оштетена и иритирана кожа, или свежо изгорена. Ако имате алергија на праска, чувствителна кожа или кожни заболувања, не правете го овој третман и држете се до производите што ви ги препорачал дерматологот.

Оваа маска може да ја користите еднаш неделно. Кога вашето лице делува уморно и без сјај, праската може да ви биде летен сојузник за посвеж изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тони Менкиноски и Љупчо Зиков вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Љупчо Зиков

 Тони Менкиноски и Љупчо Зиков вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер